Да, и јас некогаш земам урма кога имам напад за благо. Ама не повеќе од една две зошто се концентрирани со шеќер. Урма на пола пресечена и со една лажичка путер од кикирики ( па оладени во фрижидер) прави ќерка ми ама заради калоричноста не јадам повеќе од една од нив. И не секој ден. Во секој случај најблиски ми се до чоколадо и барем се природен шеќер, ама да биде умерено. Општо, конзумирање суво овошје треба со внимание и умерена количина , бидејќи содржи повеќе шеќер од свежото.
Не сум правела поголема количина , еднаш направив во калап за чоколада ,ми беше многу убаво, сега во последно време комбинирам со чија семе и хељда како каша со боровинки и малини е многу убаво. https://centarzaprirodnumedicinu.co...i-posnih-letnjih-torti/?refresh=1788700390584 Еве некои др рецепти , има доста комбинации по интернетов. Другарка без шеќер , ослабе 5 кг за два месеца а не се замараше си јаде се. Шеќерот е многу лош.
Се препозна или сите ја препознаа и директ кон нејзе беше насочено мислењето, освен нели, таг немаше? Гледаш зошто почнуваш расправии? Тоа што не си ставила таг не значи ништо, кога сѐ друго си ставила. И овде еве, пренесуваш расправии и дискусии од друга тема тука, се обраќаш на членки, а потоа некој тебе те цитира и цитирањето за тебе е напаѓање, не смееш да кажеш мислење, притоа тоа не е општо мислење, се однесува дирекнто на членки овде, и пак ти оштетената страна на крајот секогаш. Уште еднаш, прочитај ги правилата и препораките за однесување на форум.
СДК немам проблем да помогнам, и не очекувам по секоја цена да ми помогнеш ти назад. Ама, кога ќе побарам помош одчкивсм да ми кажеш искрено, не можам, не сакам, а не приказни за мали деца да ми кажуваш.
Не мора тој шо последен ќе заминува на аеродром да го гаси светлото, ќе се изгаси само од немање струја од дата центрите.
Едино покринџ на форумов од коа двајца ќе се спанџаат, е коа истите ќе се од-спанџаат. Фејсбук левел 2012та...
Во идеален свет, младите и старите би живееле заедно (не мора и во иста куќа) и на тој начин и двете страни би имале голем бенефит од сето тоа. Да не се лажеме, многу значи кога имаш на кој да оставиш дете на сигурно кога имаш потреба од тоа. Од друга страна родителите како стареат им треба сè поголема поддршка од многу аспекти, посебно им значи тоа да почувствуваат дека имаат на кој да се потпрат и дека не се сами оставени. Тоа не го добиваш од било кој за пари како што од децата можеш да го добиеш со љубов и грижа. Според мене во човечката природа ни е 'впишана' зависноста (емоционална и физичка) на едни од други. Сето тоа би било можно под услов да не вмешаат его до плафон, докажување која сваќа е поважна и поглавна, делење на децата и фаворизирање на едно од нив итн. итн. Ама тоа во некој идеален свет, со многу поразличен mindset од нашиот традиционален, македонски...
Мразам што дел од странскиве “инфлуенсери/фитнес личности/тренери и сл”, користат техника на т.н. baiting. Користат така некои ефтини трикови или смешки, навидум провокативни и/или контраверзни, за да привлечат внимание, а во суштина тоа нема никаква врска со тоа што тие всушност го промовираат.
Не знам колку пати кажав, али ОБОЖАВАМ серии што пуштаат само една епизода неделно! Значи кое депре ме фати сеа, ми заврши Сило, ми заврши Фуриус, сеа мањачам други серии на Ејпл и Хулу да видам дали има нешто што вреди да чекаш секоја недела да гледаш. Не е тоа тоа, бинџањето. Не е тоа тоа, коа имаш преголем избор и увек достапен на рака па ќе речам и за све у животот. За јадење, предмети што ги посакуваме, време со луѓето кои ни значат, мажи, жени, секс, патувања... Отиде у друг правец мислењево, али поентата ми е таа.
Во последно многу ми излегуваат ai slop видеа по фб како клипчиња од некои драми со луѓе ко волци, змејови, со магии и сл. 20 минути подоцна гуглам оти сакам да видам дали хероината што не ја сакаат сите ќе заврши заедно со убавиот маж-змеј и си викам што правам со животот.
Тотално. Кога има премиерно по една неделно, во исчекување си. Денот си го вртиш околу епзодата. Имаш време да размислиш што си изгледал, да ти 'легне' во глава епизодата, цела недела да си размишљаш што ќе биде во следната. Еееееее пред 15 години септември ко ќе дојдеше, праиш репертоар на 15 серии шо ги гледаш, им почнува новата сезона што ќе трае до мај! Која возбудаааа. Па цела недела имаш секој ден по некоја нова епизода. Па дебатираш со луѓе со месеци што ќе биде. Па се сврзуваш со ликовите, не ти е сеедно. Една 'Супернатурал' ја гледав од секој септември до секој мај, секоја година, од мојата 15та до мојата 30та година! Нетфликс го утепа репертоарот... Него... имаше една златна ера на уникатни серии, ко шо денес веќе нема, некаде 2005-2015 отприлика, имаше серии ко шо се Supernatural, Lost, Prison Break, Heroes, Medium, Dexter, Ghost Whisperer, Fringe, Mad Men, CSI,... одамна неам гледано некоја посебна серија, баш да се издвојува со приказната.
Ееее, коа немав интернет на почетокот глеав Скинс, Доктор Хаус и уште некои у 12 или 1 саат навечер на ХРТ2 коа ги репризираа од ХРТ1, оти ни таа програма ја немаше на кабловска.
У времето на А1 недела у 8 беше резервирана за Lost и ќе напраиш све да не ја пропуштиш епизодата пошо реприза тропци а дајл ап интернет дома и немаш никаков избор освен да се сместиш пред тв и да чекаш да почне
Алелуја! Мој човек! Преку 10 пати ја имам гледано. Напамет ја научив. Мислам брејкинг бед единствено ја надмина, со призн брејк ми се тука некаде... Е такви сакам, а не турскиве срања на тв шо го затупавеа народо уште толку