Многу добра мислам сум прочитала на ФБ, морам да ја пишамЧ Платите ни се добри, само месеците имаат многу денови Пре - ВР - ту - Ва - ЊЕе е е е е е е е еее е еЕ Е е ее е е ЕеЕЕЕЕЕ
Надеж.. Тоа е единственото нешто што ни останува. Каде и да одиме, што и да правиме на крај остануваме сами со надежта. Надеж за подобро, надеж за среќно утро, надеж за нови доживувања.. надеж. Но, добро е. Добро е да се има надеж, тоа значи дека сеуште веруваме, а никогаш не треба да се откажеме, никогаш не треба да престанеме да веруваме. Ако немаме надеж за што живееме? Доаѓаме до моменти кога мора да прифатиме пораз, колку и да е тешко тоа. Ни никогаш не треба да ја губиме вербата. А, и се што е направено во светот, е направено од некој што имал надеж!
Денеска одам на доктор да барам лек тој ненормалниот ми се пушта, се обидуваше да ме прегрне, ми побара телефонски број да прашал дали безбедно сум пристигнала дома wtf? и таму уште неколку глупави прашања каде сум излегувала, ќе сме се виделе ли бла бла.. само си ја зедов чантата и му ја треснав вратата.. Стварно се исплашив да те е страв на доктор да отидеш бре луѓе, и незнам дали да им кажам дома на моите.. незнам незнам што да правам, па преглед ми закажа повторно за во петок, секако дека нема да одам болна работа па уште доктори се нарекуваат. лкчфдгхлфј
Па вие сте биле многу вредни, сте ја започнале и 129та страница на новата СДК, а јас се' уште не сум ја сефтосала, shame on me. СДК, убав период си имам, всушност кај мене секој период е убав. Сум научила дека некои работи ни го прават нашето секојдневие и не можеме без нив колку и да ни претставуваат потешкотија. Не се жалам ако не сум купила ново парче облека, се може и без тоа, не се жалам што мачорот ме буди секои утро во 7, интересно ми е, не се жалам што морам да учам за факултет, го сметам за убав период во животот кој само може да те изгради и надополни како личност, не се жалам на мноооогу работи. Едноставно тоа е тоа, и вадам само позитивни поуки. Гледам во моментот да ги прифатам такви какви што се, а постепено да правам нешто за да се подобрат во иднина. Од жалење и спиење нема спомени. И не сакам, да, НЕ САКАМ и бегам како од оган од луѓе на кои постојано нешто им недостига. Абе 100% да им е се' средено во животот ќе најдат, ќе ископаат не знам ни јас од каде, негде некоја замерка и пак ќе се жалат. Де ова не им чинело, де она не им чинело, де времето било катастрофа па паѓале во депресии, па зеленото светло на семафорот подолго траело, па врапче ги покакало, па Грујо бил крив, па Бранко бил крив, АМАН веќе, научете се дека животот не е мед и млеко, морате сами да се борите и трудите и дека се' си има своја причина. Еве на пример јас научив да не се нервирам кога ќе ми кидне автобусот. И најсериозно ми се случи последниве неколку пати само што ќе ми избега еден, одма после него да дојде друг што многу повеќе ми одговара за дестинацијата. Ете, се' си е со причина. И сега се молам да ми избега едниот за да дојде другиот. Најдете си причина за позитивни мисли, најдете си причина за насмевка. А да, морам да кажам и дека со дечко ми се прошетавме на неколку дена во едно прекрасно планинско место и одлично си поминавме. Се тргнавме од реалноста. Нит глава боли таму, нит се чувствуваш мамурно, абе милина, наспани, одморени, убавини. Не ми се враќаше во џунглава. Ама па нема да ни биде така убаво таму некаде ако не се вратиме овде. И да, љубов е кога дечко ти ти лупи кикирики од оние со дебела лушпа и ти дава директно во уста, чисто за да не се мачиш и само јадеш и уживаш. Ете така. Ако продолжи вака, пак ќе ми збори дека сум му станала како мече.
За професорката по германски ќе пишам во Испукајте се, зашто овде ќе ми го избришат мислењето. После тоа што се изнервирав, па и секој ден, кога се враќам од школо се качувам горе сама, ги пуштам песните и играм. Главна релаксација ми е. После тоа пишувам домашно, па одам кај мачињата , секако без да се качам на дрвото и да се закачувам на него ден не ми минува. Едвај чекам да помине натпреварот по математика. Е на први април сум најрадосна, зашто тогаш е поминат натпреварот, птичките пеат, се се среќно и весело! Ќе го мачам дрвото се додека не се скрши од мака. Вечер конечно Икс-фактор. И тоа е ново со мене. Всушност, нема ништо ново. Се исто, па исто. Имајте прекрасен ден, вака сончев и како може да не биде прекрасен? Ве сакам ~
Тогаш кога „не треба“ секакви филозофски мисли и метафорички ми се вртат низ главата, а сега кога треба да пишувам песна за училиште ништо не ми доаѓа на ум. Зошто?
Зошто не сакам банки? Зошто од префрлање на пари од картичка на сметка и враќање на истите на картичка, плус ГОДИШНО ОДРЖУВАЊЕ НА СМЕТКА (што и да значи ова,само не знам колку јас на нив да им наплатам што ги работат моите пари од плата дур да сиг и подигнам и што сум ги избрала баш нив како матична банка), ме чинеше 2800 денари!!! Жити се, да не ги шинаа рацете од 2 минути работа? Колку клетви лежат во овие луѓе, леле мори мајко . Ама затоа цел живот само туѓи пари бројат! Мрш!
Колку и да се обидуваме да го живееме животот според некои наши планови,тоа е невозможно. Секогаш нешто се случува непредвидено Некои работи зависат од нас,ама други се одвиваат надвор од нашата контрола.Животот и ние сме како возачот и патниците.Брзината ја регулира возачот.Ние немо ги набљудуваме хоризонтите што ни поминуваат пред нас.Сфаќаме дека тоа не е она кон што се стремиме,ама немоќни сме да го запреме тркалото и да здивнеме.Чекориме по непозната патека,а целта е во недоглед...
Гледам и се чудам... Па добро луѓе, што ви е со шеширите џоа Кардашијан? Гледам низ град и кадро и некадро шешир носи... Чекам дали ќе се појави на Ким мајката некаде па да е се комплет. Ајдееее кипинг ап вит капа ди тути капи или „На кој и стои подобро“ Работата дојде или јас да си купам шешир или пердуви да набавам и да продавам за нашите дами. Ништо лично кон тие што носат... што се разбирам во мода па и јас... шајкача носам уште
Бев на работа, ( не е за стално но една недела ке трае ) се чуствувам среќно бидејќи заработив пари, и ја сфатив нивната вредност работев цееели 11 саати ... ама работата воопшто небеше тешка па без грижа .... утре пак .... и за среќа оној јазик кој го научив ( не целосно ) но онаа кое го знаев денеска го кажав и добив пофалби, бидејќи сама стигнав до овде .. ју хуууу
Неверојатно е како Љубов на далечина те прави трпелив и истовремено луд. Си се надзборувате на Скајп. Некако ко нејасно да ти е дека еве кај е, ќе си дојде. Спа третман во Асеана, точакот на гланцање и верба во Човештвото. Ме фати порив денес да излезам од работа без да речам ни збор, да дадам отказ, да излезам со парола РЕВОЛУЦИЈА и што сака да ме снајде. Затвор, солзи, нервен слом, што да е. Во меѓувреме - пролет е секогаш добра идеја. Особено ако имаш прозорци во канцеларија што гледаат кон Вардар и птиците пеат апокалиптично. Ми стигнаа спам пораки за слабеење и понуда од Групер за 30 % попуст за боди врапинг, а јас во лифт се качив со пола кило чварки, рефус, од Веро. Ако се умира, да се умира за идеалите. И онтолошки и гурмански. Ќе бидам ли добар родител, се прашувам? Што ќе им оставам на своите деца? Стрес? Бол? Сеќавања за некое друго време? Долгови? Тага на врат? Љубов? Вредности? Воспитување низ солзи? Сфаќаш - имаш само Љубов и си нулта стартер. Дома се ренда цвекло. Сестра ми настината, на боледување. Сите дома. Само јас на работа. Родителствувам и ме фаќаат воздишки за врат. Тој ме бодри. Ми чува место до него во авион. Зар можам нешто повеќе да побарам од овој живот? Здравје... За моите, за мојата земја, што се разболе од нечовештина, од алчност и тага. Можеби само плачам без солзи. Колку солзи собира во едно човечко срце? Онака само прашувам. Многу прашувам, ама... Како инаку ќе дознаам.
Па ти најде да кажеш, секој пост што ти е ископиран негде, што ставаш песни и извадоци во Литература од дела што не се твои, а ги претставуваш како такви. Срамота. За постовите тука што само се величаш не знам ни што да кажам. Сè тука од тебе е само една слика, што не знаеш ни да ја насликаш како што треба. Времево не е здраво. Знам дека барав сонце, и си го сакам сонцето, не го давам, ама едноставно не е здраво. По улица само Брза помош се слуша. Сонце, ама подобро во април да излезеше. Од друга страна, здравиот живот изгледа влезе во тренд. Се фрли младинава на вежбање, на здрава исхрана, пилатеси, јоги, теретани... Супер, еден тренд што конечно ми се свиѓа.
Раин само се согласив со Биле 15,а да ти кажам искрено и не чуствувам потреба да се правдам,ниту да се докажувам.
Значи, мислам дека за луѓе што се љубители на парфеми, нема поголема занимација од оние каталозите кајшто можеш да протриеш и да го осетиш мирисот на парфемите. Празник за нос... и за нокти де. Баш денеска носеше една другарка таков, и цел час се врткавме околу него. И откако ѝ го изгребавме целиот, си кукавме што не можеме да идеме цела продавница да ја купиме... Женски бре, шта чеш. И така, мераци...
^ Кој каталог Спешал? И јас сакам. Денес сум пресреќна. Што има поубаво од сонце? Токму така. Да излезеш и да му се нарадуваш. Се сеќавате на дрвото со кое ве замарав прееска? Е кога ќе се обесам на него (мислам кога ќе правам акробации или како да кажам, се надевам ме разбравте) има поглед кон сонцето. Најубаво ми е кога сонцето ми го пече лицето, а јас мижуркам. Прекраснотии! Прекраснотии на квадрат. Ми се напика математиката в глава.
Зашто немаш што да правдаш или да докажуваш, нема ништо од тебе тука, ти не си тука, само фарса и измишљотина. Пример, песната во Ваши дела што си ја постирал, од Влада Урошевиќ, ти не ни знаеш дека постои надреден знак, па уште и цела таква песна си склопил, мислам дај молим те, не знам како си мислел дека ќе ти помине. Или тука што постираш статуси, преземени текстови од сегде, нема во тебе грам оригиналност. И да, точно, немаш што да докажеш.
СДК Имам интернееееееет Живеев 17 дена без ич .... ама ич интернет.....го изгледав Сексот и градот цел серијал