денеска ставам и гледам : нема акни, нема подочнаци, нема мозолчиња и нема испукана уста = чисто лице чисто лице = убав ден (или барем така предосеќам) P.S - сакам вака да ми остене лицето засекогашшш
Добро утро девојки... Кај мене нескафето е готово,полека но сигурно се расонав додека го пијам нескафево си викам ее кога помина викендов, и колку брзо ми врват месециве одма еве ќе дојде и нова година. Се надевам дека не сум единствена како што викаат моиве дома
Едвај дочекав да заврши колоквиумкса да се наспијам како човек и еве ме денес точно во 09:00 јас се будам Што човек ќе бев еднаш навијам аларам после 2 недели се будам во исто време аххх
СДК колку е само точно тоа „давањето 2ра шанса е повторување на истата грешка вторпат“ или пак како беше она, а да „давањето 2ра шанса е како давање на екстра куршум на оној што ве повредил, затоа што првиот пат ве промашил“. Да вистина е заслужуваме сите 2ра шанса, но нели не се менуваме, а и со тоа ризикуваме да бидеме повредени по втор пат од истата личност, како првиот пат да не било доволно. Добро утро!
Дали да си го сменам аватарот, тоа е вистинското прашање. До сега два пати сум го сменила, а овај моменталниот ме потсеќа на турска серија и на симпатијата од истата. Па се сеќавам кога една од феминките ми направи слика Недела ден за враќање во Скопје. Од утре си се враќам на вториот живот, ако може и така да го наречам. Добро ми дојде овај одмор од неколку дена, па сега со нови сили и труд продолжуваме. Имајте пријатен остаток од денот.
3 дена без фемина ми се видоа како 3 години Да да зависна сум од форумот признавам,не велам не Хелоул лепотици најубави како сте ми ? Јас да ве поздравам само да ви кажам дека сум жива,ма повеќе од жива бе Поминаа уште неколку незаборавни денови кои засекогаш ќе ги паметам Многу нови луѓе,муабети,дружење...и да ви кажам многу ми е мило што се повеќе запознавам позитивни луѓе.Насмеани,расположени,размуабетени,иако првпат ме гледаат некои од нив зборуваат најнормално и најотворено како да се знаеме со години ах Ејј а јас па кога ќе слушнам дека некој не се срами или пак почуствувам каков човек е абее нема граница бе одма муабети разврзувам таква сум шта чеш Неможам да седам и како мисир да се дујам без да кажам збор а имаше една таква што ни дојде на гости и цела вечер не кажа ниту еден збор абе чашата не ја допре сок да се напие,што им е на таквите луѓе ??? Ама па си велам: ма не ми е галје јас ќе си се дружам со овие другите што повеќе ми одговараат Имајте убаво неделно попладне и поминете го онака како што посакувате. Оваа неделно попладне јас ќе го поминам сама поточно тука со вас де само што го испратив љубави мој на работа и веќе му спремам ново изненадување
Недела обично ми е најтмурниот ден во неделата. Ден за чистење, ден за недовршени обврски. Моите не се дома па решив да и помогнам на мајка ми и ја суредив цела куќа. Вредна мома сум знам, кој ќе ме земе нема да згреши.
Голем е оној што знае искрено да љуби, оној што умее да премолчи и тогаш кога треба да биде гласен, оној што ќе ви даде поддршка кога ви е неопходна, оној што може да ве ислуша кога ви е потребно внимание, оној што знае кога да ве прегрне за да почувствувате дека сте сакани, оној со кој ќе ги споделите насмевките, оној со кој ќе разговарате долго во ноќта, а при тоа нема да ви недостасува сонот... П.С. Привилегија е да се има покрај себе таква личност. А можеби и среќа...
Имав исклучително стресна недела, дождот вчера како да стави печат на тмурното расположение и накривените веѓи од деновите наназад. Застанувам на еден дедо на пешачки додека го врне, а тој не сфаќа дека некоја „будала“ му застанала без да има полиција во близина. Него денот заебан, мене уште повеќе, ама јас му застанав, тој ми крена рака за благодарам, си го направивме за нијанса поубав. Во средата, во Веро во Тафталиџе, двајца браќа од околу 60 години на каса пред мене. Едниот ги собира продуктите во кеса, другиот плаќа, но му недостасуваат 10 денари да плати, па вака оди конверзацијата, од збор до збор: - Имаш ли десет денари, немам доволно за да платам. - Чекај да видам... имам да, повели. - Благодарам... повелете. И ја подава банкнотата на касиерката. Никогаш порано не сум сретнал членови на иста фамилија да бидат толку учитиви и културни едни со други, тоа што беа прилично повозрасни од мене, само ги правеше по слатки и ми влечеше поголема насмевка на лицето. Штета е што вакви случки има исклучително ретко. Туку, дали некогаш им кажувате на блиските дека ги сакате? Дали некогаш на дечковците им кажувате колку се згодни иако секој ден сте заедно и се познавате во секакво издание? Денес ѝ одржав лекција на девојка ми со точки и потточки, зошто нејзиниот задник е совршен. Знаете, од оние типови на женски задници, кои на една девојка ѝ даваат сензуална женственост. Таа е убедена дека не ѝ е привлечен, но мислам дека не постои поголем доказ дека некој дел од телото на девојката е убав кога долгогодишниот партнер ќе ѝ каже дека исклучително многу го привлекува. Вчера малку се напивме. Сабајлево, пет минути по мојот себепрекор дека не е нормално после вечер со алкохол да помислам дека пак ми се пие во девет наутро, таа ми рече „уште ми се пие“. Некогаш едноставно на човек му се пие, не е важно времето од денот. Сите имаме лоши периоди во животот, неизбежни се. Нема ништо лошо во тоа да се залечи душата со чашка или две... или дванаесет ако тоа ни е потребно во моментот. И ако следниот ден пак ни се пие, пак ќе пиеме, зашто сме само луѓе, не сме ниту ангели, ниту роботи, ниту светици. Сакаме и алкохол и секс и сè што во даден момент ни личи на грев. Затоа станувам да спремам салата, да сипам ракија и да ја заклучиме неделава во кафезот, никогаш да не се врати. Време е за уште едно неделно попладневно мазење... на душата и телото.
Кој ѓавол ме тераше да полагам за кола ?! Не ме бива и готово, за џабе моите толку пари фрлија кога секако нема да возам.Е баш ваков шофер сум (исплашен) Ама вие не се секирајте нема да изигравам Алачки по улици- Ќе си имам личен шофер Безбедни ќе сте
Недела да јадеш бишка дебела! Нее, си ги сакам неделиве бе.. обично цел ден сам у пижамкички, спијам до касно... А коа ќе станам куќарката ми смрди-копа на некоја храна, а јас на диета - и не бива тоа така! У недела ручкаме сите фамилијарно, се собираме на купче, за после ручечето да си пуштам на Планета и да си ги слушам и глеам б‘лгарските певаљки, а и да си потпевнувам барабар со њума! ... Ии да не заборавам дека ритуал ми е да ја пуштам: “У недељу кад се туга одмара, у недељу немој врата да отвараш“! - во изведба на Маца Шерифот, и да ечи да трешти такаа! Ааа комшиниците одоздоле да лупаат со сукалки, тоа мора! И за крај, угол гола да се избањкам и да си облечам пак пижамкички и да си пуштам Бумеранг и да си глеам цртани и да си се кикотам као блесава! Ете такаа си ги проаѓам неделите ас! Сандејс-овите мили
Тетин ми и тетка ми се пример за онаа прва и единствена љубов. Во брак се нешто повеќе од 45 години и кога ќе се погледнат се чувствува сеуште онаа искра во погледот на заљубени. Она е болна и е во постела околу 5 години, а тој се грижи постојано за неа. Не му е тешко, а и премногу е трпелив на нејзиниот тежок карактер. После неколку дена во болница, она е неиздржлива, пребирлива те вака, те онака, а он плаче што од мака, што од тоа каква е. Ама денес доаѓа кај нас и ми вика - Слушај да ти кажам нешто - Ако не си спремна некого да сакаш цел живот немој да бидеш со него. Мене она ми е се. Ништо друго не ми треба освен да е жива и здрава. Се стопив и почнав да размислувам - Дали ние одлучуваме дека некого ќе сакаме цел живот?
Веќе две години има како ве читам. Арно ама,ме мрзеше да се зачленам. Деновиве ме фати страшен бронхитис и од дома немам мрднато,па си реков ајде и јас да ви се придружам. Тука сум за дружење,open-minded и искрен муабет,совети. Пријатен неделен ден девојки!
Магијата започна. Времето се менува, ние се менуваме. Жолтата боја веќе е преовладена насекаде. Топли прегратки. Студени насмевки. Чекори во парк придружени со споени дланки. Гори љубов од срцата. Волнени блузи со дебели чизми нежно грицкајќи ги лисјата на земјата. Украсите на есента. Влажни улици, чист воздух... И мирис. Мирис на обновување. Мирисот на мојот сон помешан со реалност и една месечина. Имајте убав ден и мирна ноќ.
Она чувство кога... ве нервира толку многу, што и покрај тоа што по природа сте мнооооогу смирени, си праите сцени и глаа како го мавате со пепељара у фаца, а истовремено ви иде да му "скршите ребро" од силна прегратка, ви текнуе?? Она кога посакувате нешто толку многу, а знаете дека единствениот начин да го остварите е само да чекате... ви текнуе?? Она кога сите што ги сакате со целото срце се околу Вас, но само еден недостига и ја праи таа слика нецелосна...ви текнуе?? Она кога Ви се плаче, но не си дозволувате само затоа што не сакате да ги загрижите другите...а срцето ви вреска од очај... ви текнуе? Она кога сте среќни, но сепак бирате да се солидализирате со одредени личности што премногу ги сакате, па плачете заедно над чашки ballantines.. ви текнуе?? (добро сеа, не мора баш ballantines..било кој алкохол врши работа) Колку што ја сакам неделава.. толку денеска ми е вечност... аман нека помине веќе! п.с. Само јас ли не можам да прочитам тука хороскоп???? Није лепо, само ви кажам!
Минатата недела кога излегов, имав облечено тесно фустанче. После некој залак и некој пијалок, гледам почна да излегува малку стомакот, а баш се познаваше на фустанчето Си реков, свести се, и решив да реагирам на време, дека не ја бива вака. Па така, вчера облеков широк фустан И, недела не би била тоа што треба ако не си направиш едно кафе, па да си го испиеш со мерак.
Еве ме конечно Завршив со полагања уште четвртокот - положив се! Mission completed. Денес ми е ден за одмарање - онака лабаво, неделно уживање по дома што ми е дефинитивно потребно, затоа што од постојаното шетање деновиве не стигнав ни да се одморам не знаев што попрво дали да одмарам или да излегувам, а сакав да правам се што не можев за време на колоквиумската недела ииииии решив се по ред и излегував, излегував и излегував ииииии среќна сум ептен затоа што ем ги завршив сите обврски, ем надокнадив се за кратко време, а на крај и убаво се одморив. Знаете она чувство како кога ќе излезете од затвор или домашен притвор во кој привремено сте влегле доброволно. И сега сум во нормала. Сега е пак се како што треба, сега ми е пак срцево на место. И многу сум среќна поради тоа А и најмногу го сакам засекогаш И така... Ееее ќе го испратев мислењево без да кажам и дека е супер периодов на слави а за недела дена сум и на свадба иии едвај чекам Ииииии есента е прекрасна. Дрвјата со лисја во сите бои, па и паднати, ги красат улициве... прекрасно е.
дефинитивно денеска не ми е денот,по лошо не памтам од кога не сум се осеќал.но пред мене е нова недела,се надевам дека ке биде убава
леле, утре е понеделник пак, добре бе по кој пат се дешава воа.. ми се повраќа ка ќе реализирам дека утре сум на школо.. ма дај боже да исповратам така се разболам да не одам