Пред неколку дена барав лик кој во подрум чува папагали, барав антибиотик. Ликот ми кажа отприлика каде се наоѓа, ама у тој реон има доста згради, па си реков: ај, ќе прашам некој од сограѓаните, ваљда некој од таму ќе знае. А и јас по природа сум Алиса у земјата на чудата кога е ориентација во прашање, се губам и со google maps, ми беше тапа да му ѕвонам по не знам кој пат за пак да го препрашувам каде точно е. Џабе ќе ми објаснува, кога проблемот е у мене. Она што најмногу ми остави впечаток, беше нељубезноста на луѓето што ги прашував. Некој страв, чудни погледи, одговори дадени колку да ме откачат и продолжат. А пристапот ми беше скроз љубезен, со ,,извинете, едно прашање". Дури у еден момент почнав да се прашувам дали јас делувам крипи и језиво, уклучив камера за да се видам дали имам нешто исфлекано на фаца. Само една жена се испонаша скроз коректно. Ми кажа љубезно дека не е сигурна, ама ми даде насоки дека можно е човекот да е во таа и таа зграда (не беше у тие згради). Инаку и јас во тој момент бев на сосема друг крај, бај д веј. Можда требаше да прашам на српски, за да ја доживеам и јас онаа топлина и гостопримливост што нашите соседи толку често ја доживуваат кај нас. На крај знаете како го најдов? Се шуњав по некои сокачиња, у еден момент слушнав црцорења од отворен прозорец во подрум, бинго.
Кај мене на работа, комични моменти колку сакаш. Еве една ќе издвојам, шо ми текна у моментов. Доаѓа човек околу 50, проќелав со малку коса од страните, низок дебел. Купува и ми прае муабет, ме кани, не знае ни самиот каде како зошто, секако одбивам културно. Ми кажува, си купил кукла на дување, за да не моли никого. У памет си викам оо господе, мора ли и ова да го знам? Мртов сериозен беше. И така
Малце така језивко, малце повеќе де.. Којзнае секојдневно со какви се разминуваме, застануваме, на никој на чело ништо не пишува. Затоа отпосле кога нешто се случи ,, што му стана, арен си беше човекот "
И јас сум...те разбирам. И јас имам приказни колку сакаш. Мислам дека треба да ни следува бенефициран стаж и предвремена пензија
Кај мене убиец доаѓаше да купува. Кога доззнав си реков "Фала ти Боже што секогаш имав тоа што бараше"
Вчера на фб ми излегува пост жена објавено што си нашла дома во перница. Јас не верувам во вакви работи ама кога ме фати една језа и страв Си велам Боже, какви се не постојат луѓе на овој свет.Ваков човек на се е спремен . И после зошто не сакам гости. Освен блиски ретко канам гости дома.
За жал не веруваме во нешто додека не ни се случи на самите. Тогаш ги разбираме луѓето што предходно зборувале и се жалеле од истото.
Хехех не ми текнува точно на шпански како би го кажала. Во филмот немаа толку креативни реченици како би ги научил и тие зборови
Лелееее не ми текна него да го прашам хехе. Важно ја преведовме таа исконска дума која заслужува да биде преведена на сите светски јазици