А бе ништо нема да биде. Ова го опнаа сега за да не се збори за 5.5 милиончиеа за 35 годишнината.. видовте како одма се смена муабетот?
А рецимо си тазе преселен, уште не си префрлен со лична карта на нова адреса и те фаќа е вака некој грип? И те бараат на стара адреса и го јадеш ни крив ни дужен Ја баш бев у ваква ситуација со стомачен али ме фати петочки па не ни бев на лекар и си земав слободен ден.
И официјално јадењето ми нема вкус на ништо... Ни едно едино јадење што пекав да го јадам година дена... Едино тоа сладоледите у Делиција, значи идете јадете перверзии.
Кај мене е нормално детето болно да си го праќаш во градинка. Сите ги носат и си одат на работа. Кога го пуштивме детето во градинка, сите бевме болни на две недели. Јас и маж ми си работевме, детето во градинка. Јас се лечам кога одам на работа, искачам со мокра коса и ми поминува. Сериозна сум. А на работа и да си болна никој не ти бара потврда. Само ќе си кажеш болна сум и чао.
2 саати најмалце пред да легнеш не гледај во екран. Читај книга на пригушено светло. Напиј се мелатонин.
Па најмногу што ми имаат скратено било некој 1.800 денари искрено ич не ми беше гајле зошто не сум будала да работам толку си споив со слободни денови и 10 дена ми испаднаа бев во виена преубаво си поминав, HR ми се испонаша само ми вика кско вело време ди болна јас и реков ако не избркај ме од работа до таа и таа дата не доаѓам и ништо не ми рече после тоа.
Имам доста блиски на државен стол, виросани одат на работа, затоа што можат да функционират ако секој исто не поминува, па може кај некој да загази од нивното ширење. Ама затоа пак боледување користат за одмор и уво не ги боли, после пак на колективен и тие повеќе од месец на лето се шлаат. Е на ваквите не една 10 контроли нека им оди. А не некои не смеат да земаат поради болни деца. Не ми кажувајте на приватно дека користат, да користат и од дома ги викаат ако не се вратат клоцата. По групите колку мајки се жалат дека и се закануваат да се вратат. Не ми кажувајте за закони, тие закони што постојат еве и убијците на децата ги пуштат еден по еден на слобода.
Имам одаааамна пишувано, колешки и колеги (државно) исончани се враќаа од боледување Ова со контроливе не е ново, туку не се спроведува. Никој приватно не зема боледување за онака, ама државно? И те како. Од таму да се почне, со спроведување на веќе постоечките правила, не мора нови.
СДК се ме боли, раце, грб, рамења, нозе, грло, глава... Најлоша комбинација сега и ЗАсекогаш - настинка & ПМС - !!!
Епа мене 3000 ми скратија на последното, за дете под 3 г до пред некоја година не се кратеше. И јас исто сакаж да верувам ама секој ден се повеќе се разочарувам. Чоек не остана.
Море нека чешлаат со тие лажните боледувања, па стварно сме народ што злоупотребува. А да не кажам какви безобразни сме, во држава која има најмногу неработни денови(!). Поарно да кажам расипан народ. Секоја чест на исклучоците, што вистина им се оправдани отсуствата.
Јас си зимав боледувања ако на пример сум малце настината не дека не можам да работам ама да си одморам ден два за побрзо да си оздравам комплетно и кратат 30%од дневница секој ден ама не ми било гајле на мала плата не се осеќа Кога немаш денови а ти се одмара си зимаш боледување. Кај нас во фирма секогаш дир прво викаше: земи си од одмор ако си болна, набрзинк да ти ги потроши. Едит: во приватно е ова и сите зимаа боледувања. Некогаш вреди да се одмориш, налет и пари
Мене ко ме бараа од фирмата дури бев на боледување не му кренав телефон, на seen ги оставив. Не правете вака ако сакате да имате долга и просперитетна кариера лол.