Ахам, да, на интервју ти кажуваат дека работиш една работа а после излегува дека треба да бидеш и чистачица и домачица и секретарица и клозетарка.... Нека бидат среќни шо уопште некој им доаѓа да работи, оти нема да им трае уште долго, луѓето се иселуваат, ќе мора или сами да работат или да затвараат. Ако сакаш ти да изиграваш најработник на годината, слободно. Од ова вашето ќутење и трпење сме на ова дериџе. Ќешќим сите да беа како Медеа, може ќе се сменеше нешто.
Прочитај ми го постот над овој на делот за ќутењето .. А за сите да беа као Медеа (мислам прочитав Мед. сестра била? ако грешам нека изгорам) мене би ми било срам и да го кажам истото, а не па да се фалам како сум ја заебал таа курвата од ХР и сум си отишол на одмор.
Неможе еден човек да работи за плус 10 други луѓе. Работодавците и државата се криви шо тоа го прават, а не работниците шо се свесни за тоа и не сакаат да робуваат за иста плата. И ти се молам, немој со тоа дај отказ ако не ти одговара, пошо 95 посто од работодавците се такви кај нас, треба да имаш среќа во гзот за да ти се падне некој од останатите 5 посто.
Редно е некои луѓе да го тргнат од речникот тоа "абе каде си те немам видено оддамна " мислам не е интересно повеќе,да требало да се видиме ќе се видевме мислам јасно е
Се согласуваме во делот дека работодавците се гоВна. И во делот од погоре дека ХР се гоВна. Ама па не се согласувам сите работници да ги ставаш во ист ќош. Има луѓе и во приватен сектор кои што цела смена ја проаѓаат на телефон/у дворче на цигарче итн. а пак се недопирливи ради х, у и з причини. И сега јас треба да си го мерам со нив? Ако тој се понаша така пошо ја пегла шефицата или е внук на газдата, ја шо сум никој и ништо, треба да терам инат и да не работам ?
Па ако сум мед. сестра што треба да работам за 10 души? Поради тоа што на некој не му се дава пари да вработи персонал за испомош? Ниту се фалам ниту се срамам. Пак би го направила истото,не планирам некој да ме погазува јас да ќутам. Друг да зима огромни суми јас да работам ко будала ? Нека си работат и нека ќутат тие што се паметни ко тебе па може ќе ги прогласат за работник на месецот па и на годината .
А кој е крив шо тие цела смена ја проаѓаат со цигарче и на телефон? Пак идеме до истото, работодавците, државата и институциите. Има закони кои не се спроведуваат и не важат за сите исто. Јас одамна изгубив надеж дека ќе биде бољје во Мк, затоа и пишувам вака. Дојдено е време - секој за својот гз. Ако тебе ти се работи за плус 10 луѓе, работи. Ако некој се кара со ХР и се заканува дека нема да иде на работа, нека се кара. Да беше се како шо треба, ниту ќе имаше потреба некој да се кара, ниту да дреми цел ден на тел, ниту да зимат плата а влезната врата незнаат кај е како шо кажа некој погоре.... и погоди шо? Од сите овие знаеш кој е најнамагарчен? Тоа шо си работи и си ќути . Оти најнакрај никој фала нема да му каже, ќе му дадат пензија колку да има да си купи лекови и чус, сфаќаш дека ти поминала младоста во црнчење за да обогатиш некој друг. Сега во староста, немаш ни време, ни сила, ни здравје а и ни пари.
Па не, остај ги нека умрат пошо зашо ти сама да работиш ... логикава ти е нула, извини вака. И нема потреба да ми реплицираш, нема што повеќе да додадам.
Е не, ќе умре за работата а друг да ужива. Како да не. Не мед сестра, абе доктор хирург да сум , на сред операција ќе станам и ќе си заминам. Никој нема да ме прави будала.
Господе боже твојата логика е нула ај ако не да волонтирам… Затоа што некој што си седи у фотеља не сака да одвои две плус плати за да вработи доволно персонал.
Истото би го рекла да лежиш таму а да нема медицинска сестра пошто е на одмор во Виена? Не, него ќе пцуеш, колнеш и клетваш до 7мо колено и ќе пишуваш по форуми како за малце ќе си рикнела така? ок.
Да, баш така ќе праам. Кој е крив за тоа шо нема доволно персонал а? Или таа сестрата мора да биде достапна 24/7 за сите, 1000 луѓе да прегледува, да го заменува докторот, да работи плус саатови шо не се платени, да нема право на одмор. Извини вака, ама многу си наивен. Ако си околу 20г, има време ќе те научи животот, ама ако си 30+ тогаш госпО нека ти е на помош.
Не сум ја наивен за овакви работи, за други и те како сум, ама за вакви не сум. Загубив родител пред некое време баш ради такви сестри како дотичната погоре што 8 саата ја држеа ко ѓубре со мозочен удар во ќош во болница пикната и никој не ја провери ниеднаш, додека дремеа по мобилните телефони и трачареа кој доктор кого пердашел и остали глупости наместо да се грижат за пациенти.
Жал ми е за тоа. Ама кој е крив, кој им дозволил на тие сестри така да се понашат? Каде се законите, оти не се спроведуваат? Оти не ги расчешлуваат по болниците, да видат кој шо праи, и тие докторите шо спијат дома кога се дежурни на смена? Каде се инспекциите? Оти не им се даде поголема плата на луѓето за да имат вољја да работат? Оти не се вработува салам кадар, наместо партиски вработен? Ја бараш кривицата на погрешно место. Од неправди и сиромаштија сите се збудалени, затоа се такви и работодавци и работници и пациенти и сите.
А еве ако ги прочешлаат, што ги кошта исто да одговорат? Маре зима поише од мене а ја трчам поише од неа, Петранка се лупа со шефот и иде само прва смена а ја рмбам ко коњ три смени? Дали озбилно за секоја глупост што ја прави работникот и што пробува да си олесни или да изманипулира за да не работи толку, работодавачот е крив? Па милион евра да зимаат такви месечно плата, пак ќе им фали нешто и ќе кенкаат. Едноставно има таков тип на луѓе. И главниот дел зашто го пишувам ова е: Како очекувате нешто да се смени без да почнете од себе?
Зошто некогаш не сакам мачки? Седнав на клупа, имаше мачка, и ја погалив, дојде во скут. Се погаливме, ми шибна ноктите в тренерки и ме касна. Whyyy??? А шубо си предеше.
Па еве да ти одговорам, во Мк никогаш ништо нема да се смени пошо секој си гледа за својот гз. Затоа и ти викам дека си наивен, почни и ти да си гледаш за себе.