Нема да кажам дека ми е сеедно за некои одлуки кои сум ги донела во животот, но барем не ја трошам сегашноста во размислување за минатото. Значи мојата рамнодушност не е отсуство каење, според мене е зрелост.
Долго ме притиска оваа чувство, мислам дека денеска ќе биде тоа, несакам но морам. Ќе се уништам самата себе а и сите околу мен, ако продолжам толку, никој не се сменил па нема ни тој. Жалам
На крајот од денот, не е ни важно колку напорно било. Важно е да ја потпрам главата на неговите гради, и да потонам во длабок сон.
Кога ќе се освестиш? Кога ќе ме прашаш како сум, или дали ми е потребна помош? Кога ќе сфатиш дека патам, но не поради некој друг, туку поради тебе? Поради твоите навреди и патетично однесување. Кога ќе го видиш животот од моја перспектива? Кога ќе престанеш да ме понижуваш? Дали некогаш ќе ми кажеш дека ти недостасувам? Зошто бараш од останатите да ти покажуваат љубов и грижа, кога ти никогаш не покажуваш? Боли, премногу боли. Но, ти никогаш нема да ја видиш мојата болка. Според тебе, јас немам чувства, нели?
Светот е полн со желби. Сите имаме желби. Сите посакуваме нешто. Но остануваме на тоа - желби. Но зарем нешто паѓа од небо? Зарем само да седиме велејќи „што е мое ќе си дојде“. Ништо нема да добиеме чекајќи со раширени раце нешто да ни падне од небото. Треба да се трудиме. Со малку или малку повеќе труд, би можеле да си ги оствариме целите. И да веруваме, многу да веруваме.
Цела недела сум растрчана натака навака. И сум уморна како да ме газел воз 1000 пати. Ме тресе колоквиумска треска, баш е лесно.
Јас малку каснам со поздрав до новата платформа, но искрено не ми е некако по ќеф.Малку ми е збунета и премногу розева, а јас сум човек што сака поедноставни работи, па очи ме болат од сите овие нови опции и вриштечи бои. Место да ме мотивира да пишувам, ме демотивира страшно, па затоа и одамна не го посетив форумов...ама во оваа мрзлива недела вечер додека чекам да ми се спушти филм, велам малку да помуабетам. Како сте?Арни, живи? Јас супер, викендов ми е слободен и од многу радост дека ќе стигнам да завршам се што ми заостанало, се збунив и ништо не направив, си кулирав. Тамн ќе ме фати паника дека ме стега финансиска криза, Господ ја праќа тетка ми од странство и ме части 50 евра да е жива... Некако се тера, глатко и по некоја дупка повремено, да знаш дека си жив. Јас сум жива кога ќе осетам мирис на штрудла во ваква неделна вечер, кога тој ме бакнува во врат и ми го впива мирисот за да трае до наредната недела... Нова работна недела и еден куп обврски, затоа ве оставам за да уживам во овие неколку слободни саати кои ми останаа.
Едвај 24 часа изминаа одкако се врати сестра ми во туѓина а така ми недостига! Постојано ме облева чувството на Носталгија, тој мраз во душата. Чувство од кое секогаш се плашев. Ретко кога зборувам за сестра ми, за брат ми. Едноставно тие се спој кој што секојдневно и моментално успеваат да ме развеселат и онерасположат и повторно секундарно да ми го повратат расположението! Заслепено мечта ме шета низ улиците, улиците кои ги запишаа спомените од моете, нашето детство и останаа како лузни низ тротоарите каде некогаш се слушаше нашиот детски џагор. Одкако пораснав ....по истите тие улици каде што ги запишав спомените од моето детство многупати се сопнував, паѓав и со подршка од двајцата сум станала појака од било кога. Дали преку ноќ или несвесно не измина времето израснавме во големи девојки, не сме повеќе деца... Сестра ми која постојано се дотеруваше, шминкаше, допишуваше на фејс бук, мирц.. заврше школо и се омажи. Тука почна и нашата разделба но сеуште не научив да го кажам првото Здраво и Догледање до следната средба! Иако технологијата е напредна... топлата прегратка не може ништо да ја замени. Преку скајп, вибер, можам да кажам те сакам сестричке, но не и прегрнам! понекогаш технологијата уште повеќе ни ја зголемува болката во душата. Брат ми си дојде од туѓина пред 3 дена а денес ме извести кога се враќа назад. Тоа, животот пишува романи! и само викаш Туѓината пуста да остане.... ! Ја мразам бидејќи толку многу дава и толку многу зема. Во ист момент. И не, нема потреба од глумење, знаеме колку е тешка разделбата! Знаете, Прекрасно е чувството кога знам дека постојат уште две суштества кои се еднакви чудни како и мене. Иако ме лутат кога прашуваат нешто за кои што и самите го знаат, за ситници кои им се пред очи... Додека ми експлодира главчето кога и двајцата се прават дека ме слушаат, а всушност уопште не ги интересира. За некој банално, чудно и сл. но за мене љубов која нема цена и живот кој сум благодарна.
Проекти,проекти,само тоа сонувам! Имаат милост или не? Иш од образование! Сестра ми,си собира чоколади.Три до сега.Да и се најдат.Ако.А јас што го славам ПМС.Ништо,мхм? Утре е понеделник,а мене толку мерак ми е`.Единствена сум што го сака? Е ако .
Паѓам во некоја блага депресија кога ќе сфатам дека не ми стасува еден животен век за да ги прочитам сите книги што ги сакам. Разгледувам на goodreads како низ супермаркет, во to-read кошничката си ставам книги, и вечно водам борба со времето за да стасам да ги прочитам. А книги колку ти душа сака... Еееј оваа делува многу интересно, еее оваа морам да ја прочитам, ааа оваа ми е следна за читање обавезно... И така завршив со повеќе од 100 книги ставени на листа за читање. Не знам од која попрво да почнам. Дечко ми пред некое време побара да ја споделам со него мојата библиотека со електронски книги за да чита на кобото, и тек тогаш видов дека имам повеќе од 1000 книги И уште ми вика: Ај одбери една што ја имаш прочитано, која би ми ја препорачала? Ти да одбереш само една! Човек што сака да чита книги, никогаш не го прашувај која му е омилена.
СДК 1 Не им се потресувајте на душебрижниците. Секогаш постојат оние коишто продаваат демагогии за историјата ... и оние коишто ја создаваат истата. Не може сите да навиваме за ист тим, тоа и го прави светов убав и шарен. Различностите се потребни, различностите го придвижуваат “крвотокот на светов“. СДК 2 Не, не ми пречат толку луѓе што сакаат да бидат во центарот на вниманието ... колку што јас можам да им пречам ним. Посилно е од мене. Нека не ми замеруваат. Не сакам.
Дека многу сум тажна од една случка денес поточно скршена,топлото кревече и топлото нескафе во рака прават барем малку да се чуствувам подобро се надевам све ќе помине
Таман си направив генералка у глава, оп магли. Па не знам веќе колку пати треба да ги растерувам, ама барем овај пат држат така силно, некако не си се растеруваат од време на време-а да останат не сакам во никој случај. Немоќ де, тој збор го барав. Немоќ. Ако има погадно чувство дај кажете да не се сакалдисувам за џабе, дајте да си олеснам душичкава. Само се надевам да пројде што побргу оти се изморив со борење со ветерници што би рекол Дон Кихот. Ама овие моиве некако многу реални стануваат.
Недела. По незнам кој пат во темава ќе напишам колку ја сакам неделата. Најрелаксирана ми е и најмногу време можам да си одвојам и посветам на себе. Покрај утринските ритуали на утринското кафенце и прошетка, неделниот ручек некаде на страна, вечерта е резервирана за релаксирање и разубавување, да бидеме убави и фини од понеделник. Маски, маникири, масажи и врела купка all evening long. Во недела се бањам само јас и болјерот само за мене работи и само јас можам да го потрошам до крај. Не дека се бањам само во недела ама во недела посебно се бањам, т.е. се киснам, се кувам во водата. Мора да биде врела, а кога ќе излезам сум целата црвена ко ракче, така ми е убаво. Сега сум мекана, чиста и миризлива на боровинки. Ги знаете оние маските за спиење на очите што се ставаат? Никогаш не сфатив за што точно служат и мислам дека никогаш не би можела да спијам со тоа чудо на очи...
Никогаш не треба да се изненадиш од луѓето, конкретно од машките. Секојдневието ми има донесено милиони случки, и сеуште не ми се верува што се не гази на земјата. Незнам во што е проблемот, можеби е и во мене. Можеби лесно се приврзувам за некого а не треба...
Уште хроничнава тага од премногу болка и загуби во семејствово да ги решам и можам да кажам дека средив се. Уствари да сфатам дека не сум јас таа што треба сите да ги оправа, расположува и прави среќни. Првите 5 мин во животот ми дојдоа и редно би било да ги уживам него ли да го одржувам семејниот транс и култ према стравот од загуба на блиски луѓе. Сакам со леснотија да разберат дека смртта едноставно се случува... и дека не престануваме да живееме и ние заедно со мртвиот и дека не треба да чувствуваме грижа на совест и верност ако животот продолжи да не радува. Ах вел...сите сме различни и имаме причини за тоа. Кога ќе ја видиме заднината, навистина нема причина никому да се лутиме, туку едноставно да ги разбереме. Можеби треба да почнам да ги тапшам сите по рамо и едноставно да им викам - те разбирам како се чувствуваш, а исхистеризирале заради глупост и ти се внесува во фаца и ти вика - ДА, НЕРВОЗНА СУМ ЗАТОА ШТО МИ СЕ СКРШИ ФИЛМОТ ЗОШТО НЕМАШЕ СУТАШ ЈОГУРТ, А ЈАС БУРЕКОТ ГО ЈАДАМ САМО СО СУТАШ ЈОГУРТ И НЕ ЗНАМ ЗОШТО СИТЕ МИ ВИКААТ ДЕКА СУМ НЕРВОЗНА, СТВАРНО СЕ НЕРВИРАМ ЗАРАДИ ЈОГУРОТОТ. Прост пример де... може да биде во прашање и другарка ви што често ви вика - а пак беше таму и не ме викаш,а? и демек само тоа е во прашање... ахам... ништо не е како што изгледа, дури ни ние самите самите на себе си.