Буквално. Јас живеам сама и едно пазарење секако ми е барем 1000 денари, повеќе ако купувам нешто друго за по дома, како шампон, детергент и сл. А пазарам 2 пати неделно секако. Ете ја математиката. За двајца или цело семејство каде каде повеќе е. А сакаме и поздрава и разновидна храна да јадеме.
И ние шо не сакаме здрава храна ни е ептен се поскапено тоа пивото, скарите, месиштата, нафори мафори се е уџум фатено со цените
Абе искрено не ми смета да се пердашат кога нема работа, ама да идам на ургентно у 5 сабајле, да плаќам такси од пичкевац пошто окото ми е затворено од инфекција и да нема Д Е Ж У Р Е Н доктор на кој што пази, му се плаќа истото повеќекратно (ко што знам ја бар) па налет ..
За 1 човек кој си готви дома и добро планира, со 9000 ден со оризот може јунешки бифтеци (1500ден за кг) да јаде 2 пати месечно А ти колку често купуваш шампон? Бидејќи се работи за машко што трошело 9000 денари, пример ние еден шампон од 300-400 денари ни трае 6 месеци и тоа ако има коса, ако нема коса не ни троши на шампон.
Конјуктивитис не е итен случај. Си можел да почекаш и кај матичниот да си отидеш во 8 часот. Во Германија ќе те остават 4-5 саати да чекаш дури и да нема работа за да не доаѓаш кога не си итен случај на брзата помош.
Јас не можам да ги сфатам луѓето кои сакаат да даваат 400 евра кирија секој месец, а не ги даваат истите пари пример за кредит да отплаќаат и да си купат нешто свое.
Леле ова македонското, колку да се каже нешто. 400 евра делеле на 3 дела, ко прво. Потоа, зошто да си купи нешто свое ако е студент и сака после да се врати во својот град? Или општо ако збориме, не секој сака да се задолжува на долг рок, или пак чекаат брак за да заедно инвестираат со партнерот... како да е едноставно да се купи стан.
Не зборувам за делење кирија со други цимери, секако дека не. Или за студенти. Туку за човекот што земал 55.000 денари и плаќал кирија од 400 евра. Зошто да чекаш на партнерот? Каква инвестиција? 5 години по 12 месеци, по 400 евра, тоа се 24.000 евра. Зошто па тие пари да не се инвестираат?
А тоа што за да купиш свое ти требаат од старт мин 15. - 20.000 еур? Па банката сака и хипотека плус како гаранција, а ти ја немаш и таа можност... или сè уште немаш сигурна и стабилна работа која би ти била гаранција на долг рок дека ќе имаш од што да ја плаќаш таа рата од 400 еур? Лесно е да ја направиш математиката толку по толку толку ама во реалноста работите изгледаат различно.
55.000 денари не ми личи на некој што нема стабилна работа. Сори ако го повредив балканското во вас, ама мене ми е така пологично и поприоритетно.
За каква стабилност разговарате со плата од 900 евра на денешницава? Кој пари да ги вложи во стан од тука? Дали сте сериозни? Ги имате видено цените на квадрат?
Балканското е твоето. 400 евра за кирија се фрлени пари а 400 евра (пола од платата) месечно камата на банката за ратата за стан не се.
Реално, голем влог е да отплаќаш кредит за стан како сам човек, тоа е долгогодишна инвестиција, не само од денес за утре. На многу што живееме сами под кирија би ни било голем товар да отплаќаме рата за кредит секој месец. Можеби ќе стасува, но сѐ друго ќе се скрати. Некој би рекол епа ќе се стегниш, но зошто? Животот треба и да се живее, не само да работиме за кирија, сметки и рати од кредит. Не мислам на нерационално трошење тука, но имање живот. Зошто да се стегам 20+ години? Имам среќа што киријата ми е релативно ниска за денешно време. Можеби многу не би се согласиле со мене, но како сама не би правела такви големи инвестиции. Со стабилен партнер да, би сакала да вложуваме во нешто свое заедничко, друго е со две плати. Нешто треба да ми следува и од моите. Но како сама, сакам да ја имам слободата. Што ако ми текни дека не сакам повеќе тука да живеам или ми излези прилика за нешто друго? Ако ми беше платата навистина голема можеби и ќе размислев да вложувам во живеалиште. Но вака, не се исплаќа. Тоа е Македонија, и не ми е чудно сами луѓе да не сакаат да вложуваат во живеалиште.
Ок, тебе многу те почитувам знаеш и самата Немам ништо против јас млади луѓе што сакаат да се осамосталат и си плаќаат кирија, тоа треба да биде отскочна даска нели. Ама, ако имаш стабилна работа (како во случајот тој што зборува за другар му, со плата од 55.000 денари, зошто реално каква и да е е натпросечна во Македонија), и бираш да даваш секој месец 400 евра, стварно мислам дека се залудно потрошени пари, наместо да ги инвестираш истите. Не знам, мене искрено да треба да давам секој месец 400-500 евра за кирија, исто ќе ми треба некаква гаранција и стабилност за работата. Сеуште немам, ама и покрај тоа што можеби ќе наследам еден ден, одлучив да ги вложам истите пари за кои ги зборуваме за да не ми пропаднат. Ако треба да давам 300 евра кирија, плус сметки, не ми е иста математиката.
Но, не се залудно потрошени пари. Некој нуди живеалиште, ти го плаќаш додека ти го треба. Како можат да пропаѓаат парите, ако ти добиваш нешто од тоа... Не дека е идеално да ти е некој друг газда, ама не е ни идеално да земеш кредит во 20ти и да го исплаќаш додека си жив. Не сакаат сите статични животи, не сакаат сите да се на иста работа цел живот заради стабилност и затоа што мораат да отплаќаат кредит. На страна што познавам луѓе со огромни плати што сакаат да купат стан, но не можат затоа што е прескапа иницијалната сума која треба да ја платиш. Ама океј, размислувај си наивно.
За да купиш стан прво ти треба почетен влог, ако немаш почетен влог ќе треба да земеш потрошувачки + станбен кредит што многу млади луѓе го прават тоа. Со 55 илјади ратата со два кредита ќе ти е минимум 30 илјади по моменталните цени на станови по квадрат. Многу е тешко сам човек сега и гарсоњера да земе а да не зборуваме за поголем стан, да речам па и невозможно. Ние со дм живеевме 2 години под кирија, се стискавме, собиравме пари, и пак на крај немавме доволно пари за учеството, а не па еден сам човек. Во неговиот случај подобро е да плаќа кирија додека не се одлучи со партнерката да купат нешто заедничко затоа што како сам човек многу многу тешко е да исплаќаш толкава рата за стан, кажувам од сопствено искуство како човек што на 24 години си купи стан.