Јас секоја вечер шетам, некогаш и сама пошто секоја вечер неможе да се најде друштво и не ми е битно, битно да се разодам.
Може сум ко бумер, али јбг, не можам а да не мислам дека сè е игра, сите играат некаква улога, ништо не е вистинско. ОСВЕН, со фамилијата, во мојов случај. Со колегите на работа играме измислена игра што постои само во рамките на ѕидовите на канцеларијата. Излези надвор, играта завршува. Save and quit. Ќе продолжиме утре. Дури и на собиранки, исто е, само уз пијачка и мезе. И кога сме добро расположени, искрено пријателски настроени, сè е некако лажно, помеѓу постои енергија на играме игра. Дури и со пријателите. Конечно кога ќе се истајмираме сите да имаме време да се видиме, пак има енергија на одиграј ја играта и оди си дома. Не знам, може ако имаш пријател со кој секој ден комуницираш и се гледаш пар пати недело, поинаку е? Не знам, немам таков пријател. За многу сум само 'мајката на ќерка ми'. Ќерка ми е само уште едно дете. Во маркет сум само уште еден купувач. Во кино сум само уште едно потполнето седиште. На улица сум само уште еден минувач. Освен кога ќе си ја гушнам ќерка ми. И играме некоја игра што ја измислила. И шетаме во парк. И заедно готвиме. И навечер пред спиење ритуално се гушнуваме и бакнуваме на 2та образи. И наутро истото го правиме пред да се разделиме за на работа и градинка. И кога со маж ми седиме на тераса и пиеме кафе, во тишина. И кога гушнати си правиме планови за иднината. И кога грицкаме и гледаме филм. И кога ќе седнам на каучот кај мама. И кога цела фамилија сме собрани, гледаме RTL вести и јадеме сладолед. Мама обожава хрватски канали. И кога на пауза на работа мама ќе ми се јави за да ми раскаже што прави. И кога брат ми 'мистериозно' од џебовите вади пакетчиња Хантерс сликички и' заедно ги лепат со ќерка ми во албумот. И кога зајдисонцето е посебно убаво. И месечината е некако слатка. И кога ќе извежбам и осеќам буст на енергија. И кога конечно ќе си легнам, ќе се релаксирам и ќе читам книга. И можам до бесконечност да набројувам и скоро сè што не ми е лажно, ладно, чудно, бледо, е кога сум со најсаканите или целосно сама. Не знам дали општествено емоционално се имам оддалечено, или сите колективно сме оддалечени, сме заборавиле можеби како да се поврземе, не знам. А можеби е до возраста и 'етапа' во животот. А можеби ми полнува средновековна криза. А можеби премногу ги размислувам нештата, наместо само да ги искусувам.
Не ти е воопшто точно тврдењево за бројот на приватно осигурани. Исто така квалитетот на услугата што ќе го добиеш воопшто не зависи дали си државно или приватно осигуран.
Сабота наутро, 10:18. Прозорот ми е отворен, и од надвор допира Nedelja svi ste tu a mene s vama nema... Кој е толку тажен и депресиран во сабота сабајле да ми је знати
леле да! Жива глупост ова со контролирите. Кога сум отварала болдеување (а имам само 2 пати во 6 години) првиот пат бев во канцеларија да објаснам дека ми треба боледување од подолг период и објаснив каква е работата. Вториот пат од работа ми се јавија да "проверат". Секако од работа се јавуваат и проверуваат. Кој друг би го интересирало иначе да прави контрола,државата ли? јас колку што знам не можеш да напуштиш држава додека си на боледување. Знам за една колешка со боледување тргната за во турција ја вратија од граница. Си има заведено во тоа системите. Не може секој да помине. Можда затвореник пуштен на викенд сака да избега... мислам дека сепак имаат евиденција ви системите
Можеби е од скоро тоа. Пријателка моја на државно секоја година зема боледување за Грција, или пак не е функционирало. И ова лето во јуни користеше.
Форумот со овие реклами ептен безвеза. Ако не ги тргнат мислам за брзо членовите ќе престанат да го отвараат.
Афилиејт маркетинг (affiliate marketing) е модел на заработка во кој вие препорачувате туѓи производи или услуги и добивате процент (комисија) од секоја продажба направена преку вашата уникатна врска (линк).Наједноставно кажано, вие делувате како дигитален посредник помеѓу продавачот и купувачот.
Епа сега сигурно и одржувањето на форумов не е бесплатно. За да продолжиме ние овде криви дрини да исправаме без пари, мора од некаде и фемина да се финансира. Без разлика колку и да нè нервираат рекламите немаме право да се буниме сè додека не се плаќа некоја месечна членарина.
Пред некое време бев да се вакцинирам за тетанус, погоди зошто се скараа сестрата на шалтер и пациентот пред мене? ЗОШТО докторите биле на пауза? Нема проблем, сите треба да работат без одмор само за некој да не почека десет минути. Тие плукања пола од времето се за работи без основ и понесени од желбата дека болница е местото каде што го добиваш тоа што го сакаш, не тоа што ти треба. Од друга страна се замижува пред структурни и системски работи кои се вистински за критика и не ни стигнуваат да се анализираат од јавноста, баш поради преплавеноста со површински жалби. А последнава реченица што ти алудира на насилство е баш една од причините зошто се празни здравствениот сектор...
Да добивав по еден денар секојпат кога сум имал проблем со македонсково здравство, сега ќе бев милионер и ќе се лечев во Систина.
Се чудам на луѓево. И пишав па и ѕвонев на една поранешна колешка, пошто претходно ми рече да и се јавам кога се видовме во кафичот што работи, поминував баш тука. Ми рече дека ќе се враќа назад за Охрид викендов, па ќе се видиме др пат и дека не работи поќе таму. Сеа дознавам и гледам на стори , дека наш заеднички колега бивш, нејзин братучед се оженил и он е од Охрид . Не знам зошто криење, глумење лудила и живеење во филм?!
Читам постови и коментари во групи Македонци во Германија, велат некои се вратиле, некои планираат да се враќаат назад мк. Вистина е ова или некои од досада само си куцаат се и сешто? Не ми е верно, ама па толку многу коментари...