Не си сведочела што значи третман во државна болница, кога си сериозно болен. Не ти ни посакувам. Во целата таа ситуација од група медицински лица, дали двајца беа таму што се за да помогнат на пациент. Прво не ја разбирам надменоста на докторите и сестрите. Мислам што е со глумењето на супериорност. Нема ти што да прашуваш, јас ќе ти кажам и толку. Ти си дојден во ситуација да молчиш и после дома со chat gpt да се опораваш затоа што имаш милион прашања. А кога се информираш на интернет, бидејќи претходно никој не ти дал простор да прашаш нешто и тоа не чини. Сум била тука неколку пати во болница, секогаш ми оставале простор за прашања, дури самите иницираат, а ти немаш, затоа што се од а до ш ти објаснуваат. Никогаш не сум се соочила со ароганција, ниту да треба да се чувствувам подоле од нив затоа што завршиле медицина. Практично тоа чувство ти го наметнуваат македонските доктори. Таков третман имаш и во приватна болница, не со секого, но барем не лежиш со бубашваби. Не дека им се мали платите, со се дежурства, викенди, специјализации, извини, ама апсолутно немаат никакво право на таа ароганција. Само во државно никој немаш да те команда. На крај краева, кога не ти одговара да работиш државно, никој со сила не те држи, а пациентите се најмалку криви. Да не навлегувам повеќе во моја приватност, но навистина не ти посакувам тоа што со свои очи го гледав. После зашто имало насилство, мене ми дошло да фатам некој и да го истрескам. Не затоа што не се бореле толку за пациентот, туку најлошото од душа го вадат врз нив за да се чувствуваш мал и беспомошен.
@ArabellaStarfall ама верувај тие таквите се сегде такви. Не само на работа, неодамна го видов тоа лично.
Секогаш кога ме носеше татко ми на рибарење, мислев дека одиме да фаќаме риба. Кога рибата не јадеше, ми беше ултра досадно, го замарав со триста прашања, го терав да си одиме. Тој ќе ми речеше да уживам во природата, да го слушам звукот на водата. Потоа, кога потпораснав, веќе не одев со него. Од денешен аспект сфаќам дека на рибарење не се оди за да се фаќа риба, туку да се побегне од секојдневието и да се ужива во природата. Рибарењето не е за мене, уште ми е досадно, и не се пронаоѓам во него, но вакви утра кога се будиш опкружен со зеленило и свеж воздух се бесценети. Гледам секој можен миг да побегнам и да уживам во природа покрај вода. Штета што не го сфаќав тоа тогаш, барем да го оставев татко ми да ужива повеќе, а не да му ѕвоцам непрекинато.
Мои познаници се вратија, бидејќи не успеаја баш да се интегрираат, ,,снајдат" народски, плус добија и забрана за влез во ЕУ на неколку години пошто правеа некои глупости. Е сеа, у народ кажуваат дека ништо таму не чини, ја нема ,,топлината" брат, црнци, педери и дрога ти ставаат у сокчето таму итн. А и премиерот најави масовно враќање, не знам зошто се чудите, омг.
Исто и татко ми како мал ме носеше на рибарење и не го разбирав тогаш, држи трска и седи а јас умирав од досада.Во Струга, му ги вадев рипчињата од корпа и му ги фрлав во езеро мислев ќе го нервирам, он само ми се смееше.Многу години покасно сфатив што значело рибарењето за него, секако не сум рибар и не би рибарел, но мислам дека можам со денови да седам покрај вода, да уживам и да ги враќам рибите
Многу, ама многу мразам енергетски вампири и оговарачи, значи не ги можам. Информ биро за секоја прдешка, дај бре, сериозно? А да се погледнеш себе? Само и само негативни информации, осуди ,оти демек те бендисувал и од љубомора било, абе ај. Копчето блок од Бога е измислено. п.с Мажите станале про макс оговарачи у споредба со жените
кажав дека нема да се замарам викендов со рабоота иако работам од дома и конечно се испочитував Викенд е за одмор
Народ шо јади крем гаја од кам и пие млеко бела фарм, не може да биде уништен, едино може да еволуира во некое радиоактивно суштество.
Да бидеме реални, колку може да се заштеди? Секако дека повеќе од што може во мк, но сепак не се илјадници евра во прашање. И да, ко шо читав по портали и во Германија веќе ситуацијата станува лоша, еве ако грешам нека ме поправат тие што живеат таму, знаат повеќе од мене секако. А чика Мицко наш сега прави статистики, бројки, табели... Сепак чудно ми е, не е еден пример два, повеќе се. Работава излегува секој од овде знае по некој што се вратил. Нека му е со среќа, што да се каже друго...
Е, како бе не може да се заштеди??? Јас еве со Мк плата ,штедам . Ама не ми дошло да купувам ајфони и марки облека и фармерки од 10.000ден. Ок ,мали плати се ,тоа не е спорно ама дека не може да се заштеди......
Ок, за тебе ова не важи. Ти и цела плата ја штедиш, знаеме. Сокови цедени појавуваш, ручаш, вечераш. Зборуваме овде за обичните смртници како мене хд Шала на страна, не реков дека не може да се заштеди, туку дека овде помалку може да се заштеди.
Извини ама на тетин ми брат му, шофер е, а жена му некоја не толку многу платена работа, децата и тие учат и работат, образованието мислам така му дозволува, си вози кола од 40тина илјади евра.. кај нас тоа е измислено.. одвај возиме канти од 4-5 илјади евра. Мислам дека стандардот кај нас е сведен на мизерија и не убедуваат дека е добро вака само за да се прехраниме во месецот, ама тоа е..
Зависи и до сокот/смутито, ако е со банана, јаболко, портокал можеш да заштедиш некако, али манго, боровинки, јагоди, ананас, тоа е веќе сериозна инвестиција.