Од кај да знам, мора се буквално да се сфаќа ? Мали се платите многу , уште човек да живее како подстанар или со кредити уште проблем со заби или сл.здраствен 26.000 се ништо. Јас додека сум млада гледам нешто да тргнам пошто понатака не знам што ме чека. Да.
За десет години во странство спечалиле да направат убава куќа (со базен плус) во Македонија и сега се враќаат. Најчудно ми е тоа што ги враќаат децата почнати таму на училиште (петто, шесто одд.). Не ми е јасно како ќе ги реинтегрираат во македонскиот образовен систем кога не знаат ниту да пишуваат ниту да читаат кирилица. Единствено да имаш некој добро разработен план и обезбеден бизнис или работа што ќе ти носи барем приближно толку колку што си заработувал досега (ајде нека е и со минус киријата што таму ја плаќаш), јас инаку не ја сфаќам поентата на ваквиот потег, посебно ако се враќаш во тотално замрен мал град во Мк. Тие што не успеале да "се снајдат" и живеат во странство од месец за месец ги сфаќам и оправдувам но овие како примерот погоре и не баш. Секако, дома си е дома но некогаш треба да тргнеш со разум а не со носталгичните чувства во прв план.
Забораваат да кажат дека на 5 вратени семејства 100 се иселиле. Реално гледано во Македонија никогаш не биле толку високи платите низ историјата како сега. Никогаш немало толку добри услови за живот како сега. Тоа се објективни факти видливи со голо око, но луѓе се иселуваат заради милион причини. Некои за повисоки плати и кариерни можности, некои заради тренд, некои затоа што во странство им е поубаво и не им се живее во Македонија итд итд. Од тие 90% никогаш нема да се вратат во Македонија, а нивните деца 99% нема ни да знаат каде е на карта Македонија. Така било, така е и така ќе биде. Едноставно како поминува времето во нова средина луѓето си градат свој дом, нови навики и нови рутини. Тоа дека некој ќе натераш од странство да се врати во Македонија се тешки будалаштини и губење време. Тоа е што е. Тие што решиле да живеат во Македонија треба да си чинат чаре како во иднината и каде да наоѓаат работна сила, од кои земји, затоа што веќе се чувствува силен дефицит и проблем како ќе функционира здравствениот и пензискиот систем.
Има многу работи шо би кажал, но демократијата не дозволува па само би искористил ситуација за еден убав поздрав до @Bratot, @eliesaab, @Mumoftwo30, братот @DS10 и секако да ја прашам @Biljarkata до каде си со одгледувањето билки? Поздрав и до сите други убави луѓенца што не се спомнати. Останите РЕАЛНИ !
Мистеријата на тврдењето дека "од провинција продадоа ниви, купија станови во Скопје" ми е вечна. Кој ги купил? Кога цела Македонија е испразнета. Колкава вредност имале па да може стан во Скопје да се купи?
Со оглед на IQ просечно што владее во нашава земја, не ме чуди што е ова ниво на претпоставки и безобразност..
Не ми се верува дека уште еден познаник што е 35 лајка слики на 23 годишни девојчиња.... Ве молам, вардете си ги децата, сестрите, внуките.....
На пример еве јас од провинција можам да кажам дека нема секој нива за да продаде, нити па лозје ама па земаат кредити за стан во Скопје. И. Мкд е скоро испразнета, тој дел останува и без најголемиот автобуски превозник затоа што ќе биде угаснет поради финансиски причини, работа не е проблем затоа што работа нема, среќа па има приватни 2 - 3 фирми што вработиле повеќе луѓе. Останатите или дремат дома и чекаат шанса или се селат. Ама некој од Скопје ќе мрчи зошто градчето им е преполно а се немаат соочено со немаштија, тоа е веќе друга тема, да не забегувам. Муабетот со продавање на нива одамна не држи вода.
Колега на работа му глеаше на кафе на друг колега. Ова е мал дел, извадок... Другите бисери не ги памтам ама беа бетер
Нивите од провинција ништо не вредат, тоа се е лага. Становите се купуваат од албанци и турци. Додека нашиов наивен народ се тепа за името, власта полека полека ја продава државата. Наздравје нека ни е.
Сега е така, да, ама имаше едно време кога стварно со продадена нива/земјиште/имот од провинција можеше да се купи стан во Скопје. Ама одамна пројде