Да, би поддржала мал бизнис ако си почитува закони, ако цената му е саглам. Сум сакала безброј пати да купам рачни изработки ко накит, украси итн ама цената до плафон. И физички и онлајн продавачи. Епа сестро ќе идам во нормална продавница ќе земам, крај крајова ми е гајле мене како е изработено, ако изгледа и функционира како што треба. Или влегуваш во мало приватно дуќанче да си земеш сок, грицки и исто, цената до плафон. И после затворале, големите продавници просперирале.... Во моја населба изминативе 10 години едно 7-8 дуќани вака се отвориле па затвориле. Или фамозното цена у иМбокс. Да ви се посерам у тој инбокс веќе.
Аууу ценава - бубрег.Јас ова го пијам, мада поима немам кои придобивки ги имам. Сите пијат, па и ја пијам. https://zegin.com.mk/index.php/mk/solgar-magnezium-so-vitamin-b6-100-tableti?language=mk
Дали го имаш пробано на Health Aid? Дали има разлика? Јас колку што се сеќавам беа големи апчињата или грешка сум. Пред некоја година мм земаше ама јас имам фобија од големи апчиња се давам и го баталив. Кога ќе можеш сликни ми да видам големината.
Последниов период ко од поплава исфрлена сум. Ни лето ми се виде саглам ни ништо. Налет све мораше и панични напади да добијам… Нешто шо мислев дека јас никогаш нема такво нешто некогаш да имам… Мора да победам друго ништо не прифаќам
Тоа метилиран б12 треба да е препишано или може кој сака да го пие? Читам за него, многу придобивки има.
Можеш и без препорака доколку го користиш при стрес. Мене за друго ми беше препорачан, после испитував имав над границата па правев пауза, го користев во ПМС и при стрес. Инаку помага за доста работи.
Обично кога идам во ресторан/кафе да работам, гледам да ги избегнувам местата што се во близина на Вецето поради миризбата. Но, овој пат цело место беше полно, и морав да седнам тука. Тоалетите мали, само два, еден за мажи, друг за жени. Тотална гужва. Поготово за женскиот тоалет. 3-4 жени чекаат ред, секоја од нив се задржува долго време внатре, се надевам поради тоа што има потреби подолги. И во машкиот има гужва, ама не толку, редот оди побрзо. Жените не можеа да чекаат и отидоа во машкиот тоалет. Почна да се растеретува гужвата. Но проблем е што никоја од нив не ја затвора вратата. Тотална игнорантност и сенс дека има луѓе со храна околу нив. Два пати морав да станам и да ја затворам. На крај, веќе немаше толку гужва, ама едно девојче од што беше веќе изгубено влезе во машкиот. А еден дечко позади нејзе се изненади, па проба, и женскиот беше празен, и влезе таму. Во меѓувреме пак се собра гужва. Овој излезе прв, и му се ставија 2-3 госпожетини оти отишол во женскиот, а они чекаат ред. Ова е хаос. Уште еднаш тука не седам, па што и да е.
Чувството кога ќе паркираш ко клошар залепен до некој, ќе искочиш од совозачко и после не знаеш да ја извадиш колата, па го викаш маж ти да дојде да те одглави за да си продолжиш даље. Мислам дека ќе добијам папири за развод кај и да е.
Од тоа вашето ' Има работа во земјава за тој шо сака да работи " си патиме. Ќерка и завршила Електро и и велела - што ќе одиш странство? Мајка ти ја бараш? Е, си велам тетке, ко ќе ти затреба здравство, судство и образование за внуците ќе праиме муабет. Или оти во Скопје, читај Порта Влае, живееш, а ние сме од ', провинција' најде да ми солиш памет.
Знаеме. Друг муабетот ми беше. Демек ние од провинција а таа живее 7км од Центар. А од БТ до некое секое има и помалку км.
Работата е што јас сама себе се блокирав, никој не ми беше крив Ако ме прашуваш како влегов и јас не знам Патем сфатив зашто не ме разведува. Го оставил клучот на врата од внатре, а таа се заклучила автоматски и не можел да влезе. Си потврдив зошто сме заедно