Повеќето пицерии од филот/топингот ставаат како да е зачин - премалку! Ставајте бе повеќе домати (лупете ги задолжително) и маслинки!
и на 7и на 17км од центар да си е топ, јас никогаш нема да ја сфатам потребата па да мора да си во карпош, кисела вода, аеродром, центар ако си во Скопје, тоа го имам приметено кај луѓето што доаѓаат надвор од Скопје. Ама и логично, не го знаеш животот и убавината да речеме на Радишани и затоа сакаш да си блиску до центар
Видов дека последниве години нема интерес. Некогаш учествував во предизвикот, некогаш не, тешки ми беа темите, а и не сум некој талент ама годинава ми се црта, сакам да се обидам. Ако треба сама ќе постирам во темата. Штета што ги нема цртачите, баш се навратив на темите и имаше убави цртежи.
Ставило девојчето слика од шминки (делумно користени и некористени), уредно си навела возраст (16 години) и цел простотилак од жени ѝ се усраа на постот. Мислам дека нема потреба да коментирам за нив (во детали, можеби само два реда?), браво за девојчето дури нејзини врснички не знаат патот да си го исправат од пороци. Верувам дека да не беше напишано оти се продаваат шминките, Трајанкиве ќе се тепаа за бесплатно и секако - немаше да ги интересира пренесувањето на бактериите. Инаку, чисто информативно, бактериите се насекаде, и ние просто сами на себе носиме не знам колку во моментот, ама еве Трајанкиве знаат секогаш сѐ, за сѐ се во право и никогаш не грешат.
Каков сме го погодиле домашниот ајвар годинава (не дека не бил претходно, секогаш е вкусен), ама годинава е погоден погоден. Цело тегле ќе го смачкам до вечер кајдае.
...ја неам зборови Една од професиите во која работат најголеми гадотии - новинар Телефонски го барале. Да баш до вас му дојде муабет да ви направи, идиоти После пак плачете по тоа здружението што ве брани, плачете за правата, како сте напаѓани, додека сте спремни за плата и кликови, човек да го сведете на најдолно нешто.
Зошто сите отвараат specialty coffee кафичи кај што скоро што не седиш на асфалт, а никој не отвара убава пекара кај што има повеќе од една масичка и слатка атмосфера за доручек...
кило кафе 3000 - 120 кафиња х 120 денари 14400 - 3000 - 11400 профит х3 кифла 60 денари 200 кифли 12000 трошок 60 проценти, потрошено време и вложен труд поголем .....
Јас пред 2 години му купив на маж ми за Божик. Најдобра одлука евр, жалам само што не сум купила порано. Уште не знам ни кај се вклучува, целосно негова обврска е.
И во пекара може се продава кафе . Некаде надвор ова супер функционира. За појадок попрво би сендвич/кифла + кафе во пекара отколку во 09:00 наутро на кафе и дим од цигари во кафич..
..дека општеството, но генерално и немаштијата ги крои луѓето, стануваат дрски, мизерни..ај вокабуларот низ прсти ќе им се прегледа, ама злобата, поривот да се покаже доминантност (која впрочем не е ни доминантност, него крик за помош..). Сфаќам различни позадини, колку луѓе - толку приказни (во било која сфера од животот), ама човек без осет е рамно на крволочно животно?
Ова младинава треба некој да ја стави под контрола, а тој некој сеуште го немаме. Ќе се направи нов парк - демолиран. Ќе се направи игралиште со лулашки за мали деца - ќе дојдат средношколци и ќе ги искршат реквизитите. Ќе се стават нови клупи - извадени даските. За овој народ спасот е само ако го удриш по џебот. Така ќе се опамети. Џабе оди Градинарот во акција секој викенд, кога после него пак има ѓубре. Ништо не се прави ни со тоа. Само кратка радост и после пак исто. Системот не функционира. Мада не се само младите. И повозрасни има, ама претежно се младите.