Јас верувам дека станува збор за намерна имитација на идентитет на една особа X преку препознатливиот стил на пишување и емоџиња, при што особата Y го копира начинот на пишување на особата X, со цел трети особи да бидат доведени во заблуда дека спорните објави ги напишала самата имитирана особа X. На тој начин, третите особи би можеле да стекнат уште понегативен впечаток и да имаат уште поголем хејт кон особа X, а некои веќе го имаат пошто особата X често влегуваше во вербални расправии со некои членови, а меѓу нив беше и особата Y.
Премногу слободно време не е на арно. Некогаш луѓето имаа реални хобија, а денес не знаат за подобро оти им е пусто во душите.
Истава оваа шо измислува приказни и прави дупли профили, преку провокациите и навредите ја наместила другата членка да и го банираат профилот како дел од таа одмазда а таа подлегна на провокациите, сеа еве преку дупливе и приказниве, прави да создај впечаток и чувство пред форумов и членовите дека ова со профиливе и приказниве го прави X како шо си кажал ти, за сите да мислат дека е таа а не е. Жално и бедно.
Болест. Толку да се нема нешто паметно за правење, па до местење луѓе дојде. Админиве треба да си воведат некаква контрола.
Многу мразам кога се “романтизира” или идеализира преферирање на партнер со негативна особина/и. Како тоа да е за пофалба, во тренд… “Знам дека не е добро за мене, ама посилно е од мене…”
Ја да ви кажам зашо опаѓа наталитетот. Оти маживе попрво ќе идат ќе се тепаат со мечки, него да идат на уролог да си направат еден преглед, да им земат брис, нели пред да ебат без заштита. Ама не бе злато, јас само со тебе сум бил, зашо брисеви да правам, па немам ништо, ама тоа боли. А ти ќе идеш на гинеколог, ќе ти пикаат таму сонди, брисеви, спекулуми, ќе се чепатиш по гинеколози, ќе раѓаш дур он си го држи к**от со извињење што не дава ниеден доктор да му го види, јер големиот маж, здрав и прав бил. Е ќе фаќате после и бактерии и хпв и цела микрофлора ќе ви ја изнаредат и пак ВИЕ ЖЕНИТЕ ќе се чепатите на гинеколог уште по 5 пати, он пак ќе си го држи. Сакале деца, ама чувај боже да посветат 3 месеци без пушење, алкохол, без нездрава храна за да имаат поквалитетна сперма. Да, жениве со мачки биле криви, нема грешка. Еве мачорот мој носен на вакцини, за некој месец и ќе го кастрирам, па се кладам дека поголем маж е од лиглињата ваши што ве убедуваат дека не им требало преглед оти верни ви биле. Ма ми се гади више, пу гадотии.
Како може некои членови во темата што си купивте, да сликаат леб, јајца, кечап, мајонез? Секој ден ли лебот и јогуртот да го сликам? Малку барем осет да се има, и малку естетика, не глупости да се постираат.
Полека, де. Храната не е глупост, туку потреба. Сега почесто се сликаат такви работи во темата што е за храна (стои food edition во заграда). Баш последното мислење таму е пред 19на минути, така што повеќето знаеме на што кај му е местото.Ретко некоја става храна во обичната тема.
Баш за таа тема и мислев, ама никого не означив Со ова многумина ќе се сложат, и пред некое време некоја членка баш истово го напиша, ама за жал некои не сфаќаат.
За што да се сложат? Не си/сте во право. Набројаните работи спаѓаат во храна. Си има смисла да се постираат во оваа со food edition. Таман си е за да не се полни обичната. Ти јади си и пиј си што сакаш. Но немаш право да се буниш за туѓиот избор. Различни луѓе сме и сме со различни потреби.
Не се бунам јас за изборот, секако дека секој се храни како мисли дека треба. Но, од каде потребата да се постираат леб, јогурт, млеко... па тоа секојдневно го купуваме. Веројатно, прашањето сега е појасно. Поздрав.
Не значи НЕ! Можеби значи НЕ! Чекај/застани/подоцна значи НЕ! Практично, скоро се значи НЕ! Само ДА значи ДА!
Home alone, капучинце, пуканки и хорорче, а после може и некој џин тоник да се точи. После работен ден ова е совршена вечер.