Во темата за продукти што последно сме ги купиле имаше и секс играчки едно време, постарите членови памтат сигурно, а во темата за подароци беа објавени чинии, чорапи и шолји што ги подаваат за Задушница, па никому ништо.
Една жена - пола мозок, две жени - целосен мозок Еден маж - пола мозок, два мажи - 1 мозочна клетка Ништо паметно не излегува од група мажи, едино може да се мајмунисават.
Во живото да имате шеф кој нема да ве тера да трчате на Скопски маратон и да одите на Тим Билдинзи. Амин.
Се прашувам, дали има нешто лошо што не ме стигна оваа година? Како на лента за хорор филм се осеќам.
Па тоа за мене како интроверт ме одбива. Некој да ме тера да праам нешто шо не сакам за фирмата, за без пари. Ма и за пари. Хахаха. Ако одлучам дека самата сум спремна психо-физички да трчам, ќе трчам.
Едно од нештата што сакам е да се омажам да живеам во стан, да имам автомобил и да имам деца нормално, инаку зошто би се мачела. Ама немам. Што ти се погоди тоа ќе си имаш. Една пријателка ми вели и јас сакам да имам повеќе дечиња...малку и се две.
Тркачиве ќе ме исхејтаат. Ама бре Центар затворен, еј! Немом да си појдам со бус до Водно или без разлика каде. Треба да се кружи, мужи, ти реков - ми рече. Дајте префрлете се негде надвор од град, да можеме нормално да живееме ко луѓе бре. Која Европа нас не чека? Немојте да сте се фатиле за другите држави....
Ти прво излези од Македонија да видиш каде се трча градски маратон, или па како се затвараат улици за протести или како штрајкуваат автобуските превозници па да мораш саат време да одиш пеш до дома, чисто сумњам дека ќе пекаш по Европа. И плус европјаните не би иделе со автобус до Водно, туку пеш, или па би прошетале надвор од градот покрај некоја нива или полјана, ако има и у шума со мечките таму. А уште помалку би пекале оти секоја година само еден ден центарот е затворен на пар саати оти има спортски настан. Европски вредности испод нулата, битно Европа ќе сме ја барале. И да, само баби и дедовци идат до Водно со бус, си можела да прошеташ малку, убав беше денот денес. Ма да на крају крева си можела дома еден ден да одремеш.
Ова како најголемо достигнување во животот? Можеш пола работи и сама да си ги исполниш, од овие што ги наброја барем три.
Знам сум одела пешки до работа за време на протести, сум заглавувала во бусој коа вртеле за да го избегнат Центар, гледав луѓе кои не можеа во бус да издржат, се онесвестуваа. Да, колегите ми живееа Припор, Зелениково, Ѓорче и сл. Не прај споредби молимте, сигурно сообраќајот не е како кај нас, нит па јавниот превоз е ист. Може не ми се одеше мене денес пешки до Водно. Добив. Мн презборуваш и вреѓаш и споредуваш со баба и дедовци.
Не знам што има врска тоа што си изнапишала со поентата на муабетот, пренасочување и застој у сообраќајот. Увек ќе изхејташ нешто што не е за хејтање, и на крај на патетики се вадиш. Иначе да, ќе споредувам оти за разлика од тебе ја иам искуство и со двете а ти не, па да ти дочарам. Друго, баш го заболе организаторот на маратонот дали ти си имала добиено па не си можела пеш до Водно, исто ко што го заболе дали па маратонките што се пријавиле имаат добиено. На крају краева, си можела на друго место да шеташ, или ко што и реков да си седиш дома.
@GirlLove извини ама се ти пречи. Јас не трчав така да нема што да хејтам тоа што пишуваш. Те читам подолго време по темиве, многу енергија трошиш на се беспотребно. Тебе ќе ти биде полесно ако малку размислиш.
Ај прочитај си ги двеве реченици една по друга и ќе сфатиш која иронија ти е муабетов. Баш низ Европа трките се буквално празник, тоа све живо излага да навива, угостители нудат попусти за смештај и храна за пријавени, некои со котизација нудат бесплатен превоз, се прават забави за учесници, апла живнуваат градовите. Година унапред се знае датумот на маратонот и да, на сите баш тој ден ви искача работа, баш по улиците што се затворени. Више ми се ќења секоја година од истиот муабет.