Овде ми стои дека што и да се направи се му смета на народов. Ако не се прави ќе се кука ништо нема, ако се прави па зошто се прави. Не зборам за тие не нормални суми давани за концерти или те пичке материне, тоа би го поддржала само доколку видам дека секој човек, дали бил возрасен или дете е финансиски подджан да оди да се лекува. Тогаш ако сакаат нека го викнат и Џони Депп да им глуми во арена.
Стварно, не треба да се замараш. Издувен вентил им е. Ама, да. Добра ти е идејата да трчаат надвор од градската површина. Кога ќе ми излезе видео од некој кој трча на нерамен терен (на дел од планина или во шума), е тоа ми е импресивно. Не на факинг асфалт.
Па затоа де велам. Леле. Ем природа, ем поубаво е за ногата. Би пошла така поќе, отколку во градска прашина да се гушам.
Не бе, 34 иам. Тоа не е мој статус, сакав да ви кажам дека сите за тој ценет маратон имаат различни мислења. Исто ко и за се друго во животот
Јас сум последна која можиш да ја натераш да трча толку долго, но аман луѓе, еден ден годишно е, не правете драми. Треба повеќе позитива, секој ден сме бомбардирани со негативности, сега па и за позитивните работи да мрчиме. Не станува збор само за физичкото здравје, туку и за менталното пред сѐ, секоја им чест на тие со силна волја, се надевам ќе дојди ден и јас да можам барем малку од тоа да истрчам. Chill out и излезете малку на сонцево дури уште го има, испешачете 10тина илјади чекори барем за викенд.
Демек што се 42 км на асфалт, еве ти без спремање можеш да ги истрчаш. Мене ми е многу мило што вакви настани привлекуваат странци и Скопје беше преполно деновиве, се надевам во иднина ќе има и нови можности да се создава гужва заради спортски манифестации.
Абре аман, еден ден ако се затворени улиците бисерот ќе ви се срони. Наместо да се радувате кога има вакви настани, макар и да не учествувате (како јас), малце од малце гледајте ќеф во вакви позитивни дешавки. Се нешто ви пречи, за се нешто се мрчи, требало или не требало. И да, во сите држави е вака. Пред некоја година во Солун цел град беше затворен заради трката. Појма немавме дека ќе има таков настан. Ја оставивме колата у три лепе и саат и пол пешачевме до центар. Прејак помин.
Енџи, јас не сум против трчање и трки. Затоа ѝ реков да не се замара, дека на некој му е убаво, негово си е. Јас сум против фалбаџиството околу ова. Убав настан е, ама не е најтежок потфат на свет, па да се величи ко некое високо достигнување. Мое си е да се импресионирам од некој кој го прави истото на поризичен терен. И да му велам браво.