СДК дека се се собрало едно врз друго само се случуваат и случуваат работи... ама ајде кај и да е се надевам после толку глупави работи и нервози ќе се отстапи местото и на убавите работи, ќе се случат нешта за да ми го разубават животот. Се чувствувам надежно и после се!
Седам со стариве, и на телевизија даваат за поволностите за кредитите, и ете ти ја баба ми со нејзините фикси идеи: Ај да земеме и ние еден од кредитите ? Во старата куќа ќе почнеме некој бизнис. А, што велите ? И ете го дедо ми замислен: И што ќе продаваш бе старо ? Да не останам ја покуса: Ее дедо што ќе продаваме, акл ќе продаваме, тие шо немаат да си купат Дедо ми, ми подава рака и вели: Браво бе внучко, супер ќе ни врви бизнисот Па така де, тие што немаат акл, да си купат Да ме серат кокошките, ама многу сум иновативна
Лелла ме потсети. Утрото ми се разубавува кога ќе ми се погоди некоја песничка во автобус, особено наутро. И онака тивко си потпевнувам, ми се исцртува некоја блага насмевка. И секој ден истиот одговор: - Добро бе човече, како не ти е смачено уште од сабајле во 6 саат да пееш? Како не ти се спие? Не ти е ладно? Значи, сфатете веќе еднаш и помирете се со тоа доколку цело утро пукате со негативна енергија, молчите и сте намќорести, нема да ве донесе до креветот, баш напротив уште толку ќе бидете за нигде ! И ај сеа, цел ден јас ќе трпам некого, заради тоа што спиел само 3 саати. Ко божем јас секој ден спијам по 12 саати. Никој не е должен да те трпи бе тебе! Не зборам дека 24/7 треба да бидеме оќезени, ама тоа не значи ни дека треба цело време попреку да гледаме. Океј? Чао.
Убаво е кога имаш луѓе, со кои со радост и нетрпение чекаш да седнеш да истераш еден ручек , да туриш свежо домашно прекрасно винце, да си поприкажиш и да му благодариш на Бога што има такви моменти , кои иако траат кратко ти ја топлат душата.
Париве како ништо си одат. За кирија, сметка за струја, за вода, за парно, за ова за она. Еве сега ги броевме и ги делевме, ова за ова, ова за она.. Не ми е битно, се додека има мир, додека има слога шо викаат стариве, се` ќе се преболи, се` ќе помине. И си се тешам вака некако
Едвај ги чекам новогодишните денови. Почнува да ме фаќа некоја таква маја. Не ќе да е на арно. Насекаде новогодишни светки, елки, џингл белс, меко снегче, џемперчиња, топлина, љубов, радост... и реклами на кока-кола.
Имаш труп и имаш труп со тапија. Па, добро бе, како не им е срам на толкави волови со фамилија, да се лигават по пораки на други женски, посебно малолетни? А, го гледаш на кавер ставил слика со жената и синчето. Поодвратно - амин. Бар ради детето бре... И тоа претежно е бате што шармира сликан со пасошот (не знам стварно што улога има пасошот во овие слики, ама го има), по некоја петстотка и мобилниот во рака покрај БМВ паркирано пред куќа од која зјапаат голи цигли. Стереотипно или не, такви се. Он едвај писмен, Казанова ќе ми изиграва. Дибек еден. Дали кутри жени знаат што мрсул имаат дома... Во меѓувреме ми текна и на еден што си ја беше сликал комшивката гола и си направил албум за да ја увери јавноста дека бил со неа. Ќ'умрам...дали од туѓ срам или од смеа, уште не знам.
Да ви се пофалам ќе станам теткаа и тоа на две бебенца..!! Колкуу прекрасна година ќе си имам,свадба ,матура,бебињаа.. Почестете сее **
Заврши Zombie week,I'm free at last! Кога ми завршува колоквиумска и сите тие стресови,се осеќам како камен од срце да ми паѓа,иако сега ме чека стресот наречен проверување на резултати и мини срцеви удари на секое освежување на страната Освен тоа,јас сум супер,никој не праша,ама да си кажам Нема ништо поубаво од она кога ќе си дојдеш дома по 3 недели настрана и ќе те пречекаат со саалам ручек,а во дворот 4 луди лабрадорци и мајка им кои рипаат и скокаат од радост. И колку да е убаво да си во станче и да правиш што сакаш,дома си е дома.Твој кревет,твои луѓе,едноставно срцето поинаку живнува. Инаку,колку и да не сакам дождови и црнила,по течението на Вардар глетката е совршенство.Прекрасни жолто црвени дрвца,времето онака заоблачено,едноставно да застанеш и да уживаш. Дефинитивно секое годишно време си има свои убавини. А сега,како традиција после колоквиумска,шетање,надокнадување со сериите и читање книги,гледам од Феминскиот клуб брзо напреднале
Може не е најсоодветна тема ама реков тука да пишам. Некој на кој му иде добро англиски и би сакал да ми помогне за нешто да ми пише порака би била мн благодарна.
Кога трнав на факултет во автобусот се качи еден стар дедо и се наведна да му каже нешто на шоферот, а овој ни две ни три кога почна да вика по него, па како не ти е срам, што ќе правиш без пари, кај ќе одиш таков, излегувај надвор... Дедото тргна да излезе, се посрами многу, ќе заплачеше и тивко, едвај сам да си се слушне повторуваше " па немам, ти се извинив... немам, што да правам...." Блиску бев до шоферот па му реков не го бркај, извадив пари и му ја платив картата и дедото седна до мене. Не ми рече ништо, а шоферот ме гледаше како да му ја имам убиено фамилијата. Од време на време го погледнував дедото, кој едвај седеше на седиштето, носеше некои стари алишта, но крпени, чисти и запеглани. И случајно по некое време ни се сретнаа погледите. Ама така ме погледна што мислев цел живот ќе ми го раскаже... зема воздух, се издиша тешко и ми рече " Кај синот бев, свеќа да му запалам". Не ни требаше да ми каже ништо повеќе. Почнав да плачам, не можев да се смирам. Не ми беше важно дали некој ќе ме види. Сакав да го прегнам силно, да му речам знам како е. секој ден гледам родител кој изгубил син, син кој изгубил татко, жена која изгубила маж...живеам со тоа и јас изгубив татко. Ама премолчев, затоа што тој ме разбра. Додека плачев тој мрмореше како снашка му не го пуштала дома кај неа, не бил чист и културен. Сепак на излегување, кога се смирив малку и престанав да плачам, ми подаде рака и рече извини, не сакав да те повредам. И ќе додадам само уште нешто, ако нечија снашка го прочита ова нека размисли кој е некултурен....
Добро се избрукав. Брао Теси, у твој стил. Следен пат и аплауз побарај си. Се подмлади денес едно 10 години... како се враќав до дома јас си знам... не ме прашувајте ништо, ако знаете некое безбедно место кадешто можам да си пропаднам во земја и да се исклучам од светов на една недела кажете па можеби тогаш ќе кажам за бруката. Hint: Ако треба да сменам корисничко име, ќе изберам Бисера, евентуално Перла.
Помина и родителската, со еден т.е два збора КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА! Ајде за полугодие ќе поправам оцените, не е се во школото. А да да, зимата за мене официјално започнува со првата зимска реклама на Кока Кола. Waiting...
Толку многу работи за кажување, а толку премалку зборови. Не знам од каде да почнам. Расположението ми се менува од ден на ден. Различни мисли што будат различни чувства. Гледано од една страна се чувствувам океј...семејство, пријатели (иако помалку - се' подобри) и здравје фала му на Бога. Од друга страна се чувствувам празно. Како да фали некој дел од мене. На моменти ми иди да се изнаплачам..со надеж дека ќе ми олесни. Меѓутоа солзите никако не сакаат да излезат. Толку многу работи носам во мене што мислам дека нема уште долго да издржам вака...