Ние одиме секогаш спротивно. Замислете само, единствена земја сме во светот која забранува движење низ шума секое лето. Не можам ни да си објаснам, ми да сфатам. Имав надеж дека ќе бидеме подобри, веќе мислам дека нема да ме биде. Почнувам да размислувам и јас за иселување.
Пробаа скандинавските земји со некои мали пилот проекти за 4 дневна работна недела и видоа дека продуктивноста значително им опаѓа. 4 дневна работна недела може да се реализира во некоја иднина кога хуманоидните роботи ќе станат секојдневие. Тоа во блиска иднина нема да се случи. Факт е дека македонскиот работник е еден од најнепродуктивните во Европа. Тоа го кажуваат сите мерења што се спроведуваат. Факт е дека имаме масовна и нефункционална јавна администрација. Факт е дека имаме многу луѓе што одат на работа и примаат плата, а не знаат зошто доаѓаат таму. Факт е дека ако не ја зголемиме продуктивноста на населението ќе треба да увезуваме пар стотина илјади имигранти. Инаку, системот ќе крахира. Непопуларно, али нужно.
Woooow, каде го реков ова? Леле, дај ако пишуваш мислења пишувај ги врз база на тоа што го цитираш, не врз база на измислени работи. Критиката ти е смешна зашто не е точна, а што правиш во слободно време не е тема на дискусија.
Само заборави неколку факти да напишеш. Факт е дека многу од нас работат и во фабрики и продажба и е работна сабота и се работи и недели и празници. Факт е дека се пријавени на 40 часа неделно а работат многу повеќе.
Ниската продуктивност во Македонија не се должи на тоа што народот е мрзлив, туку главно е резултат на застарени технологии, низок степен на иновации и лоши менаџерски практики во компаниите.
Fakt e deka slovencite se mrzi I nesposobni vo sporedba so ircite. Fakt e deka Lile vo prodavnica ako raboti po 16 saati dnevno, kje bide poproduktivna I kje pochnat pari da vrnat. I drugi ,, drapaj si mevot" fakti
да да особено тоа дали ќе седи на столче касиерката или ќе стои на нозе 8 часа има најголемо влијание на продуктивноста
Така е. Ништо спорно во тоа. Еден помал дел цркнува од работа, за да еден поголем дел тера секој месец по два продолжени викенди, лажни боледувања, примање плата и неодење на работа и ред други работи. И треба да бидеме свесни дека многу помалку работиме од западњаци, а уште помалку од Американци. Таму се баш баш работи. Слободни викенди да, но од понеделник до петок 8 часа ефективно ги изработуваат. Кај нас едвај 3 сата се работи ефективно. Освен овие по маркети и фабрики. Тие работат за сите.
помалку од 5% од компаниите во земјата се во странска сопственост но тие генерираат над една третина од вкупната бруто додадена вредност во деловниот сектор поради подобрата технологија и менаџмент колку и да се големи платите пак нема да има продуктивност колку европски работник, а тие се помрзеливи и помалку работат од нас
Ајде ве молам основи по економија, 1ва год.на факултет. Потоа еден фин осврт кон странските компании и уделот во ГДП на земјата па итн итн. Млатење празна слама е муабетов. Во нашето соседство, празникот и ако е во сабота, се префрла во понеделник. Македонскиот работник знаете зошто лошо работи? Затоа што нема добри структури на управување, партиските вработувања, лошото образование и лошата идеја дека ВСС = канцеларија = директор. Исто така структурата на економијата никој не ја гледа? Празниците не се проблем, туку е дефокус од вистинскиот проблем.
Епа разбираш дека големо влијание ќе има врз тие кои како што велиш цркнуваат од работа? Само тој кој работел таму знае што значи да ти се падне слободен ден за празник или ако е недела и понеделник еден го работиш еден не.
Ниската продуктивност во Македонија се должи тоа што народот ти е просечно интелигентен, просечно компетативен и просечно работлив. Се друго се изговори и себеутеха. Затоа сме последни на сите тестирања, затоа немаме државен или приватен универзитет во први 1000 во светот, немаме никакви иновации. Немаме ништо. Се друго е самозалажување.
Ти упорно ја бараш вината во работникот. еве јас сум грешка еве светска банка шо вика https://blogs.worldbank.org/en/psd/productivity-in-north-macedonia--why-growing-firms-don-t-always-
Така е. Светска банка повеќе знае од сите нас каков е менталниот склоп на просечен Македонец и каков табула народ живее на овие простори. Во ред, ако ви е така полесно на душата. Вечно жртви, никогаш херои. Се прашувам зошто после 20 години постоење на смартфонови и сигурно 10 години можност онлајн плаќање, најголем дел од Македонците уште висат пред банки и јавни претпријатија да плаќаат, а тоа можат да го прават преку компјутер или телефон? Или зошто голем дел не знаат да инсталираат просечна апликација на телефон? Ете, нова технологија, но тешко се прима кај народ. Има отпор и страв од ново.
Тоа се должи на тоа што толку му е интелегенцијата, црпката и капацитетот на овој народ, а базирано врз тие параметри се креира и менталитетот. Се друго е самозалажување. Се гледа тоа не само низ призма на економија и плати, туку низ се останато. Едноставно сме тежок просек во се. Ако мислиш дека системот ти е тука проблемот. Грешиш. Такви се и 95% од Македонци што се иселиле од Македонија. Просек.