Луѓе се иселуваат од мал милион причини. Не мора тоа да е нужно заради пари и стандард. По тоа што јас го гледам повеќе се иселуваат затоа што не им се живее во Македонија и затоа што сметаат дека има мал милион поубави места од Македонија. Никогаш полесно не се емигрирало како сега. Поврзан си со цел свет. Секој си бира според своите желби. Кој и да е на власт народ ќе се иселува. Факт.
Da de. Jas se iseliv poshto trevata e pozelena- jer Biljarka. Od istite prichini shetaat kuchinja na ploshtad I gradski stadion- radi trevata. Vrska nema so politiki. Na zelena treva sme poproduktivni, zatoa Irska I Norveshka se na vrvot, fakt.
Дали, али дали СТВАРНО у 21ви век, на толку интернет и информации се чудат луѓе, НАРОЧИТО жени оти жените што доаѓаат со групите мигранти, особено по бродови се грото силувани?!
Треба ич да не ти работи бољерот да не ја сфатиш равенката. Прво боледувањата, сега празниците. Лечат симптоми, а не причинител. Сите фабрики се селат по Азија затоа што веќе и ние сме им скапи. А не можеме да не сме, ради се што се случува во економијата. И сакале да признаеме или не - ова е ефектот на вештачко зголемување на минималната плата без реален раст на економијата. Од скапаното образование, од скапаната нездрава економија, од лошите микроекономски лекови, од уништување на земјоделието и скапаниот мајндсет и поимањето "да не се мачиш", не секој е за канцеларија. Ако си паметен и земјоделие ќе растураш, ама ќе растураш ако државата не го среди и не забрани увоз од по соседството, само зошо на некој од ДУИ братучед му у Албанија имал домат за извоз. Од скапаното судство. Од партиските вработувања, од превработената државна администрација. И коцкарници на секој метар, и брзи кредити исто така, од нерегулирање на пазарот на недвижнини - кој на балканот почна кај нас и се рашири ко рак. Ама не смее прст да се стави затоа што аеродромската градежна мафија нема да може да цвета веќе 20 години.
Како работењето за празници ќе ја зголеми продуктивноста? Оној кој игра солитер на работа, нема да е продуктивен, макар 24/7 и за недели и за празници да го затвориш на работа. На графиков на претходната страна во темава, топ 10-те најпродуктивни држави (исклучок САД), затвораат канцеларии од 25ти декември до 1 јануари, плус уште 10-тина државни празници, плус годишен одмор минимум 25 дена (повеќето фирми и 30 дена одмор даваат). За 13-та плата и holiday allowance да не почнувам. Башка некои државни институции и во среди не работат, а и петоци после 12ч. Сум одела во среда да завршам работа, живо пиле немаше. Се чудам на толку неработење како важат за најпродуктивни, штом викаш дека слободните денови се проблемот што причинува непродуктивност?
И наспроти убедувањата, работникот е попордуктивен кога не е преработен и е слушнат и разбран. Кога правата му се остварени и кога законите се почитуваат. И е апсолутно психолошка равенка, а не економска - економската ги создава предусловите. И не може газдата да вози џип од 100к еур, а просечна плата да му е у фирма 24к ден. Не може газдата да вози џип, а да прикаже добивка од само 10к еур. Па после фрустрации. Лечете ги нелечените, а не преработените.
Извини, можеби навлегувам во приватност со прашањево, но дали живееш во странство? (не мора да одговориш ако не сакаш да споделуваш) Ако да, зошто не кажеш колку луѓе таму работат по 2 работи неделно? И, дека таму од понеделник до петок е мртвило. Буквално куќа - посао - куќа. Нешто малку сабота е живо и во недела пак мртвило. Не кажувам дека полошо или подобро живеат од тука, но имаат друг мајнсет и менталитет. На друг начин се кодирани и функционираат и различно го поимаат животот. Од мали нозе се учат да се дисциплинирани роботи и компетитивни. Тоа кај нас не постои, или ако постои, тоа е во многу мал процент.
Па за платите шо ги даваат, доволно е и само работникот што ќе се појави на работа. Ништо повеќе не мора. Секоја недела цени на продукти се менуваат, на горива, сеʼ е успич заминато, ама почетна плата 26000 е доволна. Јас секогаш сум се водела по тоа дека не можат тие толку малку да ме платат, колку што јас можам да не работам.
Да. Искрено појма немам колку. Јас една работам. Нит за нив ми е гајле кој колку работи, ниту нив за мене. Каква врска има ова со продуктивноста и државните празници? Дали мислиш дека ќе се постигне и во Македонија мајндсет на компетитивност, вредност и работливост со укинување на неколку неработни денови?
Државната каса ја полнат даноците и придонесите на непроверените. А се непроверени затоа што истото тоа го плаќаат на друг, за пола. Знам за газда кој прави увоз на водоводни елементи и при тоа поставува водовод за многу големи проекти. Завршната сметка е јавно достапна - нелогична е. Тој има џип од 100к еур и 3 стана купи за 5 години. И неговиот ортак. Просечна плата 24к ден, добивка - ситна. Логика? Никаква. И не, не е брцање у туѓ џеб, туку од тоа нашето СЕ СНАШОЛ, или не се наша работа туѓите пари и заработки. Наша се. Затоа што не оштетил и тебе, и мене, и вработените и економијата. И он и тој што го рекетира се виновни. Ќе се прават дата центри без стратегија, уште увезуваме струја, а имаме и мали хидроцентрали, уништивме рекички, имаме полиња со колектори. До работниците е, да, но... кои работници? Оние на врвот, алчните. Се богатат за 10 генерации без осет, без да размислат во тоа запечените мозочиња дека ова однесување не носи во пропаст, апатија и депресија. И децата на овие луѓе се тотални дебили, ретко кој вистина работи и ќе продолжи да гради. Не се гледа големата слика како се гради држава.
Во ред. Фер. Тогаш што тоа тебе ти менува ако има повеќе или помалку работни денови во МКД? Не живееш во Мкд, не допринесуваш во Мкд, дел си од друга држава и општество.Тоа треба да си го решат тие што живеат и допринесуваат во Мкд. Нека покаже времето. Ова што сега го имаш сигурно не носи резултат. Една од најнепродуктивните држави сме на Балканот, а да не зборувам за во Европа. Не го велам ова јас произволно, туку сите мерења што ги спроведуваат.
Земав романи да пишувам, алу сума сумарум емоционално осакатени ботови или психопати у најмала рука не би требало ништо друго да работат освен нешто продуктивно пример исклучиво со копач, тесла или ашов.
Ам ваљда смеам да имам мислење и за ствари што немаат директно влијание на мојот живот? Точно е дека е најнепродуктивна, ама кратење на празници е удирање по самарот, не по магарето.
Значи, Северна Македонија во сите сегменти претендира да стане дел од ЕУ и Еврозоната и се водиме по нивни параметри и регулативи. Еве јас не сум во право, зборувам глупости, неточни работи, но што вели Евроамбасадорот Дејвид Гир за Македонија. Гир: Просечниот приход на Северна Македонија е само 41,5 отсто од тој на ЕУ, продуктивноста на работниците 16 проценти. https://puls24.mk/гир-просечниот-приход-на-северна-маке/
Незнам дали твојот ум неможе да разбере или се тролаш тука, продуктивноста на работникот не е самиот работник, просечниот приход е на 42 посто од европскиот ради тоа што фабриките работат со машини од 90 те години, нема иновации, има глуп менаџмент и да не редам понатаму или да ти цртам продуктивноста на работникот не паѓа од самиот работник него од сите други околни фактори. Де дај ми ги мерењата кои ги спомнуваш баш сакам да ги видам
Од каде ти се овие информации? Околу мене никој не работи две работи. Друго, тоа што луѓето не одат по кафани, не значи дека после работа ништо не прават. Напротив, често спортуваат, имаат разни хобиња, обично бабите по кафичи дремат. Мене реално после работа не ми се иде нигде, таква си бев и во МК, така да воопшто не е до народот или државата, туку до човекот. Не одат сабота и недела во центар на град за да ги гледаш, одат по музеи, шуми, базени, зоолошки кај и да сум одела едвај паркинг наоѓаме. Значи насекаде се. Различна култура имаме, не значи дека луѓето што живеат во странство дома дремат до крај на животот.
Така е. Нема што да се додаде. Генерално информации од наши што живеат во странство. Работат и по две работи. Сепак, секоја земја е различна. Австрија и Швајцарија не се исти како Америка и Канада. Во Америка и Канада е нормално да работат и по 2-3 работи. Климата исто така многу влијае. Не гледам ништо лошо од одење на кафе или во кафана. Спонтаност, социјализација, топла клима. Се влијае. Во просек се доста поинтелигентни од нас во Северна Македонија, порационални и подисциплинирани. Култура на пресметка каде и солзата ќе ти ја наплатат на еден или друг начин. Шкрти се, стегнати, често своите емоции ги притискаат, но се од збор. Се што ти ветил исполнува. Црно на бело. Не реков дека не знаат да живеат. Тие имаат друга перцепција како треба да изгледа нивен социјален живот. Само кажав дека преку недела е пусто и досадно, што во превод значи посветени се на работа. Викенди е поживо. Во Северна Македонија не е така. Крца од понеделник до недела. Каде и да поминеш, дури и во работни часови, што доволно зборува дека овој народ не баш се претепува од работа.
Mnogu prosta matematika. Mesto da zamarash vraboteni da rabotat 7 dena po 12 saati, da proizvedat 800 ratkapni (lupetam), mozes da otvorish kosmodrom I da organizirash letovi za na Merkur. Ama treba da ti tekne Shto produktivnost imash vo kladilnici e drugo prashanje od tret vid
Младите ли беа без бон тон, култура? Влегувам да земам резултати. Не добивам ни здраво, ни зошто сте правеле снимка (да, со вие треба да ми се обраќа на работно место), ни кој доктор ве испраќа него директно од пушка ЗОШТО ВИЕ МЛАДИТЕ ВАКА БЕЗ ПОТРЕБА САМИ СЕ СНИМАТЕ А А? Па тек отпосле разбра батето дека факинг доктор ме праќа, дека направен е прво преглед и све тоа, не правам на своја глава и не добив ни извини. И јас работам со пациенти и сум имала секакви будали али колку год да мислам дека некој нешто прави погрешно, увек ја распрашувам ситуацијата прво што како, зошто и како дошол пред да настапам. Ебате искомплексираните што сте.