Па нека покачат плата и може ќе те мотивираат има разлика во многу аспекти не се споредува Словенија со Северна Мизерија.
Толку можат и нашите. Тие ср научени кога работеа за 8 000 ден работниците. А сега ако сакаш попродуктивен треба и семинар и обука да му платиш. Нашиве газди на тоа не се научени.
Кога зборувате за продуктивност на работник како овој пример за Словенија (иако истово може да се каже за било која ЕУ земја), дали зборувате за словенци или за значителниот број балкански и други мигранти кои работат во Словенија? И ако продуктивноста во Словенија е толку голема, зошто таму се затвараат фабрики?
Ехх сега не можи и слободни деној и плата од 600 евриќи, ајде ви се молам, знае премиро шо е најдобро за нас. Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“ п.с. туку која е оваа на 1:13 во лилавото?
Точно, не само пари без работа да се бараат Инаку денес во собрание не помина ни иницијативата за зголемување на студентскиот оброк на 200ки. Студентите бараат 200 денари за оброк, Јаневска вели максимумот може да биде 147 денари
Продуктивноста на македонскиот работник се сведува на трудот за тоа да се помине денот со што е можно помалку работа и повеќе забушавање. За државните институции и да не збориме. Каква ни е продуктивноста таква ни е и економијата. Не можете да имате јака економија а со тоа и поголеми плати ако немате висока продуктивност. Јас откога видов како Германцита ја сфаќаат работата и колку се даваат за неа, македонската продуктивност и не можам да ја наречам продуктивност. Далеку сме ние од секој европски просек.
Отворив прозор да ми излезе миризбата од кобасиците, ми влезе миризбата од на комшијата специјалитетите мме.
Пошто напомена дека живееш и работиш во Германија. Знаат ли Швабите воопшто нешто за Северна Македонија и дека постои такво нешто у овој свет? Во Словенија и Хрватска одат многу како туристи, Грција и Турција исто така, за нив знаат многу, но за Северна Македонија имаат ли некаква претстава или можеби не мешаат со некоја Каледонија или Монголија? Не дека се глупи, напротив, еден од најинтелигентните народи се во светот, но тотално небитни им сме. Претпоставувам ништо не знаат. Јас имам запознаено севкупно тројца Шваби и генерално имам позитивно искуство со нив. Едниот дури и ми се развика затоа што многу тропам во хотел
Иритантно е и навредува. Нека не знае никој за с Македонија и нека не постои такво нешто во овој свет. Нека знаат за Македонија дека постои само една Македонија.
Ништо чудно да го одрале за 2 км вожња со такси 6 илјади денари, па на време сфатил дека му е време да ја збрише на друго место.
А можда и скроз се прилагодил, некаде у моментов се фиромисува, фаќа врски, потукупува некој, си мести работа, има ,,човек" у секоја институција, носи кафе и бонбони пошто ,,така е редот", сере на улица...
Е вака е. Имав (не) прилика да мора да дојдам во контакт со него за нешто т.е тој со мене ,небитно. Важно баш таков впечаток имам дека се прилагодил ко во крв да му било ова
Главна причина оти Германец се сели од Германија е данокот... Мислам дека на Фин тука му е префино по тоа прашање, особено од коа почнал инфлуенсер да биде.
Драги мои туристи од целиот свет и пошироко, сите што ќе доаѓате со автобус на Велешката компиријада, кога ќе влезете у градот, тој дел изгледа малку хороресто, само продолжете понатаму без страв, оној Делхи вајб брзо ќе остане зад вас. Градоначалникот денес поставил и нови цветни жардиниери на влезот, со цел да го ублажи првиот впечаток. Годинава не се Огнен Здравковски, Спасен или Бојана, причина плус да дојдете на луда забава и да ја вкусите вистинската пита пастрмајлија или што би рекол @Најубаф на свет, украдениот turkish pide bread.
Кога викаат дека мала е продуктивноста тука, не мислат на тоа дека Македончето не работи, туку дека може уште повеќе да се цица од него. На времето се вртеа муабети како во Ван Хол, во Скопје се ваделе 3 пати повеќе автобуси, отколку во сличната фабрика во Холандија. Епа кога ќе намириса странецот дека Македончето може да аргатува и повеќе, зошто да не му ја извади маста?