Сега излезе дека таткото плетел. Види способен маж. Од утре нова песна, ако мажот ми не научи да плете за 1 недела ќе се разведам и после ќе барам маж кој знае да плете. Ќе си купам стан во Солун, апартмани на Халкидики, стан во Дубаи. Да знаете дека од плетење ми се парите.
Ајде коцка ко коцка ќе го разберам неизживеани луѓе пошле таму на туѓа сметка да се прошетаат па и да се прокоцкаат малку сега кога веќе се таму, ама ова помошник директор не можам да го разберам никако и сум гневен за истото шо се измислуваат функции за партиски паразити да легачат за плати. (ВИДЕО) УЧИЛИШТЕ ОД БИТОЛА ГИ ОДНЕЛО УЧЕНИЦИТЕ ВО КАЗИНО ВО МОНТЕ КАРЛО: Директорка и помошник-директор наводно играле на слот-машини
Веќе со тие партиските вработени.... На сите преку Тасета ни е дојдено. Проста раја е сето тоа. Неиживеаност. Непрофесионалност. Легачи. Веќе ништо не ми е чудно. Кои будали еј. Секоја чест за глупоста. Ни Холивуд не може ваков филм да напрај еј. Да не направат овие ко во филмот со Ештон Кечер и Камерон Дијаз. What Happens in Vegas. Vegas, baby.
Боливуд филм ти е ова. Наредна функција помошник на помошникот директор. Остај го Водовод сега, таму се шири љубов и само љубов, нема коцки и казина
10 ОКТОМВРИ, СВЕТСКИ ДЕН НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ Менталното здравје е исто толку важно колку и физичкото здравје. Не секоја болка се гледа, не секоја насмевка значи дека сме добро и не секоја тишина значи дека сме силни!
Јадни сме..... Дали на вработени му треба пица деј, фемили деј, не знам што деј? А бе вие шо организирате и како директори, менаџери или нз шо...На светски компании не можи да му се фатите за малио прст во организација, плата и сл. Па со тоа костумите и очилата за сонце, па обраќање на бина... Народо сака ФЕР плата, слободни денови, почит, разбирање..а не за тоа фамили деј да му кратите на плати и да го организирате... Алооо. Бруки сте. И не ви работат младите.... Е па не бе.
Што се дешава со МРТВ? Икс фактор, Идол, The Voice и The Voice kids, обезбедиле лиценци ваљда. Четири талент шоуа. Мене ова ептен ме радува, само да не ги акнат сите 4 у година-две, па сите да поминат како крава кроз кукуруз, да има презаситеност. Секое од овие шоуа мене ми има свој идентитет, вајб, ги имам следено сите, слични ми се, али и различни, не знам дали ќе имаме добри водителски тимови за истите, добри членови на жири. Баш ми интересира како сето тоа ќе изгледа продукциски, сценографија, сакам да ги видам оние фамозни црвени столици кои се вртат и наши фацки на нив, сакам да паднам од стол од шокови. Spoiler И на крај жирито:
Читам убава вест дека ученици од 11 училишта ќе помогнат за да се среди зоолошката градина. А што е со посетителите од одредена група што секое одење како идиоти удираат по кафезите и стаклата, им урлаат на животните и им фрлаат внатре ствари? Ќе има ли за ова некоја мерка? Жими се би вработила еден човек таму полицаец да изиграва и да учи луѓе како да се однесуваат како луѓе во права смисла на зборот. Ѓубриња.
Почнаа учениците да ги јашат кај стигнат, ученици зоолошка да средувале, ученици градот да го чистеле, ученици да фарбале клупи по парковите.... Ако, нека научат уште од сега дека во Мк со пот може само да бидеш намагарчен а некој друг да ќари од твојот труд.
А тие истите ученици кога кршат низ градот, фрлаат ѓубре кај им текне и се понашат ко неандерталци кој ја плаќа штетата што ја предизвикуваат? Дајте не ги жалете толку, секако се ојдени у неповрат.