Не знам зошто но, многу сакам да читам мислења што сѐ за мене интересни. На кој до што му е. Излегував денес да се прошетам сама малку и не зажалив. Убаво си поминав. Разгледував наоколу. Сѐ беше толку мирно и спонтано. А, сѐ ближи и Нова година. Треба да размислам како ќе ја поминам. Најверојатно на отворено ако гостуваат некои музички гости ако имаат настап. Или како Мистер Бин дома со пријатели.
добрите деца не ги прават тие работи. Лошите деца невоспитаните сигурно нема да фарбаат канти. Јас кога видов ми падна жал како се искористуваат добри и вредни деца, шознам
Генерација што завршуваат на токсикологија оти големите домаќин(к)и ќе чистеле со солна киселина и варакина немаат право да зборат за денешниве генерации дека ништо не учеле. Душички...
Те виделе со машко седната на кафе, и одма аиии дечко си фатила. Дали е навистина толку unique experience да имаш машко другар со кого регуларно се дружиш и воопшто не се гледате поинаку? Дали стварно мнозинството гледа на спротивниот пол (кој не му се роднини или underage) низ призма на сексуалност или потенцијален партнер? Искрено, ги жалам сите со такво размислување. Да, ако едниот или двајцата имаат партнер нема да биди интензивна дружбата, нормално е партнерот да ти е приоритет. Ама онака, дали навистина сте немале луѓе со кои сте кликнале толку, макар не биле од истиот пол? Понекогаш едноставно ни требаат блиски луѓе, луѓе кои те разбираат или прифаќаат, со кои делите многу заедничко. Шознам, нормално ми е. Ако сте одлични другари, не значи дека би биле и одлични партнери или да се гледате така. А и крај краева како шириш такви муабети, можеби ми е братучед или колега од работа, со нив не смеам да се видам? Туу ебати ограниченоста.
Па нормално дека секоја форма на блискост ќе им изгледа сомнителна кога истата не постои у нивното опкружување. Ова ми е ептен карактеристично за постарите, мада кај нас голем е процентот и на млади и заостанати бумери.
Често гледам Мистер Бин. Бидејќи ги имам гледано серијалот следам цртани филмови. Ко малите деца сум. Хумористична серија со смисла за мудрост. Многу од случките на Бин ги употребувам во реалниот живот. Се му се случува некоја незгода но, со својата мудрост на свој начин успева да се справи. Многу ми беше интересно кога изработи свој изум за производство на електрична енергија. Ми измамува благи насмевки и восхит. Можеби и по некоја солза поради интелегенцијата.
Има едно видео кружи како моторџија иде рокет чианонен со 100ка на Партизанска. И заебанции нели како Сејф Сити нема да го фати. И нормално нема. Многу пати сум кажала и пак ќе кажам - овие да се слупаат негде и да цркнат, абе нема ни 2% жал да ми биде. Ебате будалите.
Ќе завршиш на лекови заради тие шо треба да се лечат а немат поима за истото? Шо остана да ви се изна3бам по список, шо уште??
Не рече Љубе, Душан рече. СДК возилото е средство што ќе те однесе од точка А до точка Б, не нешто што ќе те однесе во смрт. Сообраќајни правила за некои се непознат поим или небитни ко семафор на GTA, задоволство било курчење со 120.
Сдк сакајте се дур можете. Буквално. Бидете благодарни за тоа што го имате во животот. За секоја минута со блиските, за секој поглед од саканите.
Кај што идев кај терапевтката на сеанса, уличката кај што проаѓав е полна со психопати што чуваат големи "чувари" кучиња што лаат на све живо што проаѓа. Уличката е споредна, од страните тесни тротоари и куќи и ако одиш по тротоар, чудовиштава едно по едно ти се пуштаат преку ограда, како проаѓаш куќа по куќа. Буквално станува цела улица галама од кучиња ако проаѓа некој најнормално. Недајбоже да подзастанеш нешто да видиш на телефон, ау одма иде ѕверот да си бранел тој територија И одев сред улица за да не ги провоцирам кутрите мирни животинки што само сум им заземала територија. Може си рекле оваа иде на терапија, да се осигураме да не иде за џабе, малце да ѝ се затресат гаќите. И еднаш уште на врата ѝ дојдов на преплашена на жената кога едно не го приметив, у темницана наеднаш се залепи за ограда со муцката, морав да се смирам малце пред да почнам да зборам. Психопати, болни и ненормални. Само вака ќе ги опишам тие што уживаат во ова. Љубители на животни не сте ич.
Тие шо се за лечење најчесто не одат и се себични и егоисти. Ама знаеш..... Има еден горе шо знај шо прај....... Верувај.
Ограбувате банка, претходно вадите бугарски документи, бегате у Бугаристан и таму се жалите дека у СРМ сте биле дискриминирани затоа што сте Бугари. На граница секако никој нема да ви се замара. Со украдените пари си градите вилетина на черноморската мочуришна ривиера.
Гледам дека некоја девојка од форумов (а можеби се и две-три) постојано прави нови профили за да ми пише. Сакам само да и/им порачам дека нема потреба да се стега/ат, слободно нека ми пише од својот вистински профил. Немам проблем да се запознаеме, се додека намерите се искрени и добри. Изгледа им станав интересен на некои луѓе тука.
Денес онака лупнав на маса и решив кога и каде точно ќе трчам прв маратон И сеа планот засега е само да сум жива и здрава до тогаш. Другиот план допрва ќе се спрема
Од петни жили се обидував да најдам причина да те сакам, да те чувам, да те задржам. Си се претворил во такво сра*е што нема ни да ми недостигаш. Профилот деактивиран, а ти заминуваш во канта за ѓубре. Збогум Пинтерест.
Починал RJ Mitte, што го глумеше Walt JR во Breaking Bad. Најверојатно се работи за самоубиство. 34 години Нека почива во мир