Колку сака нека е ефтино, не би купила облека за која не знам кој ја има носено. Подобро нешто поскромно но ново отколку марка но старо.
Значи секој вторкога вози кола седи на мобилен. И јас користев порано ама гледам да намалам и мислам дека треба камерите и тоа да казнуваат… така валјда ке се одвикнеме
Не е само тоа причината. Облека од втора рака е моментално тренд, а започна од еколошки идеи за да се намали огромната конзумација на облека која постои. Се произведуваат тони и тони облека која се продава не само за основни потреби - да се облечеме, туку и да се исполнат минливите трендови и потоа истата да заврши на депонии. Искрено, ова е еден од ретките трендови кој е добро што е тренд. Само што, не треба да се заборави на основната идеја зошто стана популарно истото и да не се претвори и купувањето од втора рака во хиперконзумеризам, туку повеќе луѓе да се држат до оние вредности кои поттикнуваат вакви движења.
Од кај знаеш новото парче кој го пробувал, или го нарачал онлајн па го носел наваму натаму и го вратил. Или кој го газел, бидејќи претходниот ден некој го рафрлал на под, или во соблекувална на земја со прашините го рафрлал. Мислам океј не сакаш половна облека, ама муабетот не ти држи вода.
Ама добро е да се знае дека ја шијат деца од 8-9 години, максимално експлоатирани и умрети од работа за да се задоволи побарувачката. Личен избор е ама аргументот не држи вода, да не се повторувам со мислењата погоре. Уште нешто ми текна на темава за тоа колку колективно ни е испран мозокот. Бевме на прослава и си облеков стар фустан, а коментарот на мајка ми: Пак ли со истиот?
Најлошо е кога дома, во сопствениот дом не се осеќаш како дома Морам и јас да си го барам чарето. Не сум среќна вака.
Поскромно значи најчесто облека направена од полиестер, полиамид во превод пластика. Облеката од порано, посебно марките значат квалитетно изработени парчиња од природни материјали. Сега за жал многу ретко се наоѓа облека од природни материјали лен, памук, кашмир по некоја пристојна цена. За мене ова е одлична идеја. Сите сме купиле нешто од мерак што 1-2 пати ни е облечено или после слабеење/здебелување, фустани за свадби. Зошто да не го продадеш тоа место да заврши на некоја пустина? И ти ќе имаш мала заработка, а на некој друг твоето старо ќе му биде ново.
Го оставив мачето да преноќи на ветеринар со последна надеж, се надевам не си мисли дека сме го оставиле само да умре.
Ова ме интересираше мене па гледав емисија што се случува со донираната облека. Во Германија се преполни контејнерите со донирана облека па завршува прво на селектирање. Модерната облека завршува на секнд ханд продавниците во Германија и остатокот од Европа. Само дел од парите од продажбата на оваа облека се користат за социјални проекти. Другите се користат за профит на компаниите кои се занимаваат со оваа работа и за организациите кои се борат за намалување на отпадот. Онаа облека која што не е модерна се пресира и обработува за да се добие материјал. Онаа облека која што е од брзата мода, од материјал што не се рециклира завршува на некое поле.
Зошто не можеме и знаеме да задржиме квалитет? -За Св. Никола одамна се викаше дека прават најдобар бурек со месо во градот. Имам пробано неколку пати, а исто така деновиве пробав и заникаде го направиле. Не е истиот што беше. -Пробав пица во Енрико, и истото. Ја расипаа пицата, а беше една од најдобрите во градот. -Еклерите од Делиција, и тие ги заебаа. -Баничките од Милениум, катастрофа. Ги прават со готови кори, а важеа за најдобрите во градот. Има некои што задржаа квалитет, како Апче за бозата, Седмица за хамбургерот, Фурна Чаир за симит-погачата, ама многу голем дел од другите, го сменија квалитетот.
Назад кај производителите, кои подоцна од нив создаваат нов производ и заштедуваат на материјали и суровини. Така да немојте да мислите дека со тоа што донирате облека му помагате некому кој има потреба од тоа. На овој начин сите ја помагаме индустријата.
Не мора да значи. Еве на пример, за малата купувам облека претежно од Ernstings Family ( и за мене исто си наоѓам доста работи таму). Материјалите се од најквалитетен и претежно био памук а цените не се поскапи од еден H&M на пример кадешто квалитетот на материјалите во последно време е катастрофа. За Primark и да не збориме. C&A е тука некаде, се држи некако уште.
Значи таа облека што е second hand е само од највисок квалитет? Каде завршува тогаш шундот од fast fashion гигантите како Shein на пример? Патем и тој шунд е шиен од деца во Бангладеш, Индија и слични држави. И еве наместо оваа зима да купам десет блузи ќе купам пет, ама барем ќе биде поквалитетно и најважно неконтаминирано со нечии телесни течности, зарази, бактерии, паразити и сл.
Не очекував од парфем на cK (Келвин Клајн) шишенце од 50мл. од 2200 и кусур ден. (демек на попуст) да треба сами да му зашрафиме прскалка која додуша беше во кутијата... Парфем во Икеа стил - склопете сами
Тука во Битола завршуваат на улица надвор од контејнери, барем тие шо беа донирани во Црвен крст шо ги гледав. Ќе купиш пет како шо треба оти ете гледаш не пратиш трендови, да пратеше само втора рака со врвен квалитет ќе купваше
На фришоп лани беа 20 евра/50мл. Ако мислиш на All, Be, One, тие знам се со прскалака која си ја ставаш сам/а.
Зошто моето не го одговориш? Како тие се поконтаминирани од оние кои се нови и ги пробува кој стигне. Или тие имаат вграден механизам за самопрочистување? Ако логиката ти вели, па ќе ги исперам и ќе очекуваш стварно да е исперено, зошто мислиш дека second hand облека со перење не може да се исчисти. Не е до тоа дали се прљави или не, туку општо владее некое надмислење кај македонскиот народ дека мора се на ново да се купува, срамота е стара облека да носиш, што ќе речат комшиите. Ем се нема, ем на ново мора. А пази трендот е популарен на запад, каде што далеку се финансиски помоќни.