Зашто толкава нетрпеливост и лутина? Зашто на мене, на свое дете? Што те кошта 2 секунди работа да земеш да ја фатиш и стаиш кај што и е место? Во ред е родител да свикува: Што е со тортава на маса? Шо бара овде? Му кажуваш стај ја у фрижидер, на што дрско враќа дека поблиску е кантата, па сеа ќе ја фрлел Едвај чекам да си заминам, едвај. Како видов што значи да е подобро и понормално, се повеќе и повеќе разбирам колку е токсично дома
Целосно промашена поента. Вистинското прашање е зошто ти требаат 5 нови блузи секоја сезона? Дали 5те блузи од минатата зима веќе се распаднати и каде ќе завршат ? Треба да не сме себични и да мислиме и на генерациите што доаѓаат што ќе им оставиме. @mKdevojce ,temu shein не ги купуваат ни кинезите. Колешка од Кина ми кажува дека отвориле и продавници во Кина во екот на популарноста. Толку многу вратена гардероба имало што сите продавници ги затвориле. Неверојатно лош квалитет.
Заклучок Не можеш без ТВ Јас без три работи не можам дома од уреди, стик правосмукалка, робот миксер и машина за перење. Ги гледам како очите во глава, посебно стикот не давам никој да чисти со неа Им ја давам обичната
Во близина имам продавница каде што често наоѓам разни производи на половина цена — сокови, грицки, поквалитетни чоколади и супи. Искрено, со задоволство купувам оттаму, бидејќи сметам дека е сосема во ред да се искористи добра можност за заштеда и не се срамам од тоа.
Втори ден пешачење, наскоро влегувам у темана за споделување и мотивирање, бомбардирам со лични рекорди, муабети и рецепти за здрав живот, фитнес инфлуенсер у најава срцкии.
Не знам од каде го извлече заклучокот дека втора рака е само од највисок квалитет. Не е поделбата ново - шунд, старо - квалитет. И кога купуваш втора рака бираш според квалитет. Истиот аргумент ти го напишав и јас кога пишував за експлоатираните работнички за задоволување на потребните на брзата мода и каде после завршува таа облека. И овде не спаѓаат само Shein и Temu. Супер е што ќе купиш пет наместо десет блузи, но пет нови блузи, се сепак пет нови блузи. Десет втора рака е подобро од новите пет ако одиме во крајности. Ама дали ти требаат толку? Тоа е муабетот. А веќе кога спомнуваш контаминирани телесни течности, паразити, бактерии итн., не одиш во хотел пример? Не спиеш на кревет на којшто пред тебе спиеле стотици? Постелнина, пешкири? Во ресторан носиш свој прибор? Буквално не постои ништо што некој пред тебе не го користел или макар допрел. За да стигне и нов производ до тебе прво мора некој да го произведе, спакува, транспортира, сортира, продаде.
Неможам . Ама јас одам до екстремизам, ако било шо му се случи на телевизорот, почнувам да плачам и да ме фаќа паника Ако не ти се случило ова, тогаш можеш да живееш без тие шо ги наброја, без гајле
Те разбирам сестро. Во секоја соба имам тв ( 4 ), и секогаш имам пари во случај еден да киксне одма да се купи нов.
Абе и ние имаме за нов, ама додека да одиме до продавницата и додека го наместиме дома, ќе си плачам Едноставно тв ми е тригер за мојата емоционална нестабилност . Маж ми па го бива за местење телевизори, кабли, ова она ама па за да штрака на него, програми, нетфликси итн , за тоа ич не го бива. Еднаш нешто штракал и го исклучил целосно звукот, абе се убив од плачење, гласот ми се фати од дерење по него и од шо неможеше да ме истрпе, го викна комшијата да го направи И веќе не му е дозволено да ги чепка делинската.
Летната депресија помина, почнав секој ден да пешачам, а веќе и 1 недела вежбам по дома, се хранам не толку здраво, ама ако продолжам така, ќе ми го гледате дебелиот гз на слики во катчето.
Затоа јас самсунг само земам. Се имам на Телефон инсталирано и само го префлам профилот со сите апликации.
Можам без тв комплетно. Веќе ништо не гледам на него. Телефонот и слушалките заменуваат се Едино Јутјуб може и тоа музика само, не ми држи ништо друго внимание. Од кога сум се заразила со телефонот, друг екран не можам да глеам, ко дефокусирана сум, се паметот кај телефонот ми е. Сама кога сум обавезно го гасам од што не ми треба. И да одмори оти кај нас нонстоп е пуштен затоа и се расипуваат пред истекот на гаранцијата Што е до мене само за украс служи над минималистичка комода на ѕид Што поголем тоа подобро. Обожавам минимализам Брат ми вака, сум се чудела како е можно ова ама го видов лично Исто така како кај вас се расипува, и сега одма не може нели во секунда да го имаш новиот, не плачеше ама почна нападот негов, да урла и беснее и дивее што сеа ќе правел без тв Не е неиздржливо толку, што ви е вака?
Поентата ми беше дека ако не е бренд или скапо не значи дека е направено од полиестер и слични материјали од рециклирана пластика како што напиша ти претходно. Не знам што се фативте да петте нови блузи. Нормално overconsumption е овде коренот на проблемот. Но ете ако некој работи пет дена во неделата, нормално дека му треба за промена, не ќе да пере сред недела само затоа што нема чиста блуза. Оние од лани, која се скинала на раб, која има дамка која не излегува, не можеш да ги вртиш до бескрај. Како и да е, бројката беше паушално само. Нејсе, во хотелот чаршафите сигурно не ги перат на 40 степени на пр. исто и за ресторанот, а и тоа не ти е секојдневие како облеката.
Еве да ти одговорам, кога купуваш ваљда се познава кое парче има пудра, пот и траги од газење. Имаш избор да го оставиш тоа и да си земеш од чистите. Да ги перат во бутиците тие таквите не верувам, оти веќе се познава дека не е ново.
И замисли телефонот го губиш Добро, ако го имаш тој самсунг акаунтот, ќе вратиш се, јас го неам оти го иам заборавено пасвордот а не ми дава со истава емаил адреса нов да напраам.
Тебе од тоа ти е гад само. А не тоа што на секакви голи тела се облакаат. Со немиена бушманеста таква ќе облече фармерки, ама не чим нема трага, чиста е. Оооокееејјј.
Тоа од едно облекување а замисли од носење и долготрајно триење на таа немиената бушманеста што останува.