Зависи каде. Некаде се излегува 5 пати на цигара, се шета по продавници итн а некаде не можеш ниту да одиш до вц.
Издаваат затоа што никој не сака да почека термин 2-3 недели - месец за неитни работи и се создаваат ситуации сите да треба да добиваат приоритетни/итни упати. Од друга страна луѓе со закажан термин не се појавуваат на него и зафаќаат за џабе место кое може да го фати некој кој го чека, затоа што испод част е ваљда да се прати порака дека ќе го откажеш терминот. Грллав, страници дискусија затоа што си почекала 15 минути плус во поликлиника на преглед, додека луѓе во итни ситуации, со канцери и изномештени чекаат и со саати. Значи не синдром на жртва, туку синдром на жртва на стероиди.
Не сакаат да почекаат не е оправдание. Нема термин и готово. Доктор е тој што треба да одлучи дали е приоритетно а не пациентот. Па има и приватно како избор на пример.
А бе загревој сме. Та здравствени работници, та пациенти. Нема да не биде. Споредувам и јас па, амерички систем со македонски Еј, пауза си продолжувала за ВО ВЦ Страшно. @Angie1432 имам и 5 саати чекано. Муабетот е кој како сака си продолжува пауза.
Мене ако ме прашуваш, освен во ситуации каде буквално спасуваш живот, во секоја друга ситуација треба да можеш да отидеш до вц, измеѓу пациенти итн. Дај не ме јебите дека во 10 саати (8+ 2 саати за пат) само еднаш мочате во тие пола саат. Ако сум имала пауза во 11 и во 1 ми се примоча пак, ќе играм пајдушко пред пациентот да не чека, нема грешка.
Ова е за сите така како што кажав. Не сум излажана ниту пак си измислувам. Основни работнички права се овие. Многу е важно кога си во работен однос да си ги познаваш и правата не само работните обврски.
Секако дека за во тоалет ќе излезеш кога ќе имаш потреба. Ама се знае во 8 работни часа, колку минути се предвидени за пауза. 30. Тоа што некои си прават паузи кога сакаат и колку сакаат, тоа е друга работа.
Во Жабени К &Ш броеја на времето сеа не знам како е колку мин си се задржала ако отидеш во тоалет надвор од паузата Пауза беше 20 мин сакаш јади ,пуши ,к*к*ј тие се.
И на крај докторот нема енергија да му се посвети баш на тој изнемоштениот оти цел ден се расправа со животозагрозувачка состојба - прдеж. Никој за никој немаме разбирање и толеранција.
Немој чедо Божјо доктори да споредуваш со Жабени. Пред некој ден бев на гинеколог. Работно време пишуваше од 8 или 8:30 не знам точно, мене терминот ми беше во 9, докторот уште не беше дојден, го чекав. Знаеме дека има чекање во здравството и дека не се докторите на дугме, им треба издишка, сериозна работа работат. 15 минути да се почека не е страшно, 30, ама чекање со саати значи дека нешто навистина не е во ред.
А не ми беше целта доктор да спиредам со Жабени ,туку да укажам дека тоа ,,права " што го пиша членката погоре во многу фирми посебно фабриките ,не постои !
А колку време ќе треба да ја чекаме докторката вака да се одмори, да оди во вц, да испазари низ маркети, да истрачари со персоналот, кафе да испие..., да знаеме оти и ние обичните смртници имаме други обврски?
Иначе ова беше за сестра. Сеа ќе си почекаме ние.... Јас не одам на работа. Ќе си чекам цел ден. Или ќе појдам на раб, па оттаму на брза помош и така.
Оке, следен пат нека смкне гаќите сестрата или кој год да е да покаже дека треба влошка да смени до веце. Господи боже.
Никој не рече да не оди. Мојов случај беше каде што таа 15 мин си излезе порано и покасно се врати. Не се замара со мене. Иако немаше пациент. А можеше комотно да ме свикаат во период од 30 мин, пошто прегледот траеше 5 мин. Ајде 10 нека бидат, ма да се 10 премногу.