Ne e nitu do Verata, nitu do obrazovanieto, nitu do znaenjeto, nitu pak do politickata opredelba,a ni do bojata na kozata.. Do covekot e... Ili si covek ili ne si...
Уморна,уморна,уморна..... Што се случува се порано легнувам,на време станувам но душва никако да се одмори. Психичкиот замор кој ме следеше веќе еден месец целосно ме измори, одам, а како да пропаѓам, ми се врти се околу мене. Како ли да се вратам во нормала, да заборавам што ми се случување, да го оставам позади мене, да заборавам
Ја почувствував среќата после тие црни облаци,ех колку е убаво чувството на среќа и исполнетост ,и јас дојдов на ред да му се радувам на животот ,му заблагодарувам на саканиот за поклонитите а најповеќе за љубовта грижата што ги посветува на мене.Денес добив поклони без причина од мојот сакан ,а поклоните без повод многу ми значат .Најголемиот поклон ми е тоа што депресијата почнува да си оди од мене,се радувам секое утро, почнав да живеам и повторно се издигнав на нозе .Расцвета градината со рози што ја садев со месеци во мојата глава ,ветувам дека ке ја одржувам и ке садам нови цветови .
Колку е убаво чувството кога денот ти поминал убаво едноставно цел ден блескаш од радост,среќа и исполнетост. Зошто секој ден не е таков..
Не можам да сфатам каков ми е овој памет, какво е ова мое суштествување во кое дозволувам секогаш мене да ми се качуваат на глава, секогаш јас да простувам, јас да прогледувам низ прсти, јас... Зошто да не е обратно или во најлош случај барем избалансирано??? Во касните 20ти сум, од сето ова погоренаведено си предизвикав сериозни проблеми мене и на тие околу мене и денес после уште еден таков момент одлучив - морам да научам да бидам себична, да газам, да сум ЈАС најдобра, ЈАС најпаметна, ЈАС на прво место, а после сите други. За мое добро и за доброто на тие околу мене... и ветувам ако треба ќе умрам трудејќи се ама барем ќе бидам спокојна од помислата дека сум пробала. Оти се и секој во животот е пролазно и за ништо не е вредно!!!
Јас изгледа сум толку тврдоглаво човече што кога ќе намислам нешто за сериозно, ме држи долго време и никој не може да ме разубеди во замислата. Дури тогаш и повеќе инат терам. Газам се пред себе за да остварам нешто, особено кога се борам за љубов.. Не, не газам други луѓе, најмногу се погазувам себе си, се жртвувам и занемарувам други лични работи за да ја остварам зацртаната цел. Најлошото е што се трудам околу невозможни планови, градам кули во воздух што после тоа секако ми се урнуваат врз глава. Никако не сакам да прифатам крај, а знам дека неизбежно следи, зад аголот е и злобно ми се смешка. Каде и да е, или ќе треба јас да пресечам,или тој или самата ситуација. А, не сакам. Глупава сум. Вечен поборник за љубовта. Зарем навистина мислеше дека ова ќе успее?
Годинава за прв пат уживам во шаренилото на есента. Жолти и портокалови дрва на секој чекор, да ти е милина да прошеташ.
Во овие доцни саати, налетав на едно мое старо мислење... (лажам) Барав и најдов едно мое старо мислење, за да се уверам во една иронија на животов мој.. Сега за помалце од месец, на истиот датум што раскинав со бившиот дечко пред 3 години, славам годишнина со новиот... И цела година не знаев за ова... Затоа и го барав постот. Која иронија еј...
Шетајки по овој виртуелен свет до пред некое време ми беше интересно. Денес сватив колку огорченост, незадоволство, љубомора, завист па дури и доведување до степен на безоразлук потои кај младата популација. Зарем до толку се задоени со негативистички став спрема животот, оптеретеност за пари, бесни коли пазарење во скапи продавници. Се е некако наопаку. Затоа јас ќе си седам во мојата чаура од кога јас бев дете и ќе си замислувам дека надвор сеуште е така. Тоа сакав да кажам. The End.
Имам нов дечко Всушност, теретаната е мојот нов дечко. Нема веќе лабаво. Има овој дебел задник да го научам на ред и дисциплина. А уште сега ја мразам теретаната. Иако до сега само два пати бев на теретана, веќе се чувствувам фит, иако не сум нели
Таков е универзумот, се сами си носиме на глава со своите мисли! Денов каков што е никаков ми донесе стари сеќавања. Една мелодија на рипид и денов еве го замина. Црвени и загреани обравчиња, само ти знаеш да ми предизвикаш.
Многу би било добро после ДМ, и другиве Космо, Шатци или Еликсир да се фатат во акција со доделување на парфеми за рецензија или нешто Диор, Есте Лаудер, Клиник нема лошо да ни дојде.
Не знам како другите ама полека стекнувам впечаток за тоа каква е личноста АБ ,врз основа на нејзините постови и речник како и тонот со кој се обраќа на другите форумџии.Насликав слика за тоа каква е ,што сака,што мрази итн. А гледам дека има и личност CD кој и го придржува штафелајот и ги меша боите на платното. Ќе биде тоа некое Рембрантово дело ,само се молам да не личи на Пикасовите споеви на анатомски неспоиво. Се прашувам само дали таа слика одговара на вистинската?
Не грижи се се ќе помине, а јас велам да ќе помине, но дали некој ќе може да ги излечи повредите на моето срце? Како да престане да ме боли, уште колку време ќе ми треба да ја голтнам оваа кнедла во грлото?
Денес кога идев накај дома поминав кај баба ми. Си седиме така и си муабетиме, ми кажува како си го поминала денот, што купила од пазар, што јаделе со дедо за ручек... а јас ја гледам и си викам во себе, ех колку ќе ми биде тешко кога еден ден ќе те нема... тешко е а уште потешко ќе биде да си го замислам светот без тебе. Знам, еден ден ќе мора и со тоа да се соочам но за сега ќе уживаме во заедничките моменти, ќе се смееме, ќе се радуваме и ќе уживаме во животот. Ќе нижеме спомени што ќе траат вечно. Те сакам и ќе те сакам засекогаш
Teшко ми е кога ги чистам шкафчињата кадешто стојат зачини и чаеви. Знам дека на кратко ќе бидам лишена од таа магична миризба што се шири низ цело кујниче кога ќе отворам таму.
<-- Won a golden award for laziness јас сум од оние луѓе кои не сакаат денот да го поминат за џабе лежејќи дома.. значи морам да направам нешто .. било што за на крај да можам да речам се исплати денов тоа и тоа го направив. и на другата страна е мрзата 90% и whatever 99.9 % . туку денес е среда , денот кога срциња и прашалници ми се вртат низ глава а самата сум свесна за се што се случива и пак, пак не се грижам за ништо ..