1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.377
    Допаѓања:
    18.625
    Пол:
    Женски
    ..на младите не може да се потпрете на работа за најосновни нешта (за некултурата спрема луѓе кои се многу пред нив на било кое поле па да не ја истакнувам со конкретни примери), не па државата да ни ја менуваат на подобро. Усилена младина која мисли дека сѐ може, завршува многу полошо од претходните генерации. Тие што вредат од младите на прсти се бројат и сѐ повеќе се исклучени, оти не е нивно време. Време на усилена младина е ова.
     
    На Малечка Малинка му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Zhukov

    Zhukov Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2022
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    1.328
    Пол:
    Машки
    Секоја генерација има свои недостатоци, но и своја вредност. Проблемот е што секоја постара генерација мисли дека нејзиното време било подобро, заборавајќи дека и таа некогаш била млада. Младите не се проблемот сами по себе — проблем е системот што не им дава вистински пример, можност и одговорност. Не може да бараме од младите да ја менуваат државата, а истовремено да им порачуваме дека не се дораснати за тоа. Вредните млади постојат, само прашањето е дали им даваме шанса да се докажат.
     
    На KiT, Instructor и Milaaaaaaaaaa им се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.377
    Допаѓања:
    18.625
    Пол:
    Женски
    Системот сме сите ние. Повеќето се усилени, тие што вредат нема како да дојдат до израз (зашто сето е испозаврзано). Политиката, корупцијата, и сето останато направи примерните да се исклучени; да си заминат засекогаш; или евентуално, да седат тука и да се борат и да - повеќе затворени врати ќе имаш неголи отворени. Пак ќе се вратам на усилената младина. Младина што не знае како да се однесува во јавен превоз, на работа (што не почитува хиерархија), воопшто, било каде, на било каков настан и нема допирна точка со етика, го е***** ежот.
     
  4. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Машки
    Проблемот е што мислите дека со гласање ќе донесете промени
     
    На Hoping, Purpleheart и eliesaab им се допаѓа ова.
  5. Zhukov

    Zhukov Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2022
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    1.328
    Пол:
    Машки
    Се согласувам дека системот сме сите ние и дека корупцијата, врските и партиските влијанија ги затвораат вратите за многу способни луѓе. Но, не можам да се согласам дека проблемот е во младината како генерација. Некултурата, непочитувањето и неодговорноста не се измислени од младите, ниту се појавиле со нив. Ги имало и претходно, само можеби денес се повидливи. А за хиерархијата на работа — почитта не се добива само поради годините или позицијата, туку и со однесување, знаење и личен пример. Авторитетот треба да се почитува, но и да се заслужи. Има млади што се некултурни, како што има и постари што се корумпирани, нечесни и неспособни. Затоа, не треба да делиме генерации на добри и лоши, туку луѓе според нивниот карактер, труд и постапки. Ако сакаме нешто да смениме, треба да престанеме да бараме виновник во цела една генерација.
     
  6. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.377
    Допаѓања:
    18.625
    Пол:
    Женски
    ..имало нешто порано што се викало срам, па сме знаеле за некаква граница. Имало и да стиснеш заби и издржиш, да имаш за што да се бориш. За младиве имам многу да коментирам, поконкретно за усилените (за исклучоците се знае).
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.310
    Допаѓања:
    205.557
    Pa mladi bea I Brane I Ljubcho ko ja razebaa shtotuku rodenata drzava, vo koja I jas bev mlada...
    upload_2026-10-27_12-3-34.png
     
    На Zhukov и eliesaab им се допаѓа ова.
  8. Zhukov

    Zhukov Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2022
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    1.328
    Пол:
    Машки
    Порано можеби имало повеќе срам и чувство за граница, но денес премногу често се наградуваат оние што знаат да се снајдат, а не оние што навистина вредат. И кога чесниот човек гледа дека со години се труди, а некој друг напредува преку врски, нормално е да ја изгуби и мотивацијата и вербата. Не треба младите да ги учиме само да стиснат заби и да издржат, туку да им дадеме причина да се борат и можност нивниот труд да вреди. Во спротивно, најспособните ќе продолжат да си заминуваат, а системот ќе остане полн со оние што најдобро се приспособиле на него.
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.377
    Допаѓања:
    18.625
    Пол:
    Женски
    Еве нека вредат, па нека се покажат. Нека не стискаат заби де, ама да има што да понудат (од било кој аспект). Ама преку леб - погача, натанане - нема.
     
  10. Zhukov

    Zhukov Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2022
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    1.328
    Пол:
    Машки
    Преку леб погача не оди — ниту животот некому му должи успех, ниту системот смее да им го краде на оние што го заслужуваат.