Па можеш да си професор, доктор (на науки), адвокат и пак да немаш почит и култура и да си невоспитан. Не знам зошто се мешаат професии и карактери. Баш луѓе на високи позиции често мислат Господ за муда го фатиле и треба сегде црвен тепих да им се постила.
Јас не знам кој доктор ви се погодил со почит и разбирање а и со култура… Одете во државна, воена и градска болница и кажете ми ако најдете еден. Наставници… пола влезени со партиски книшки. Појма немаат за својот живот камо ли да едуцираат туѓ. Ни тие не ги ставам во тој кош. Адвокати.. до сега не сум имала случај за да имаме соработка па би ги скокнала. Можеби неписмените родители направиле инженери, програмери, претприемачи. Се останато од неписмените е племе невидено Се уште си стојам на тоа дека тие генерации (бумер) се најлошите генерации евер