Не, се знае каков е филот за еклери, не може да биде од шлаг пена прашок. Од стоење може да стане поцврст но не да смени вкус(освен ако не се расипал) и нема да смени текстура. Пробај ги еклерите во Ескимо(спроти Рамстор кај ОУ ГДелчев) или Шехерезада(ГТЦ), иако различни делумно, го имаат тој препознатлив еклер крем (мислам дека содржи јајца) додека овие што ги земав од продавница имаат сосема поинаков вкус и текстура. Како да речам повели портокали а да ти дадам мандарини. Еднаш во ескимо им снема од еклер кремот и едниот го наполниа со таква ванила шлаг пена, разликата беше небо и земја во однос на оргиналните. @kolovoz навистина имаат камионче, и на Партизанска имам видено во Скопје. Можеби треба да земам од таму.
Во Ескимо не сум пробал еклер, но и никој до сега не го пофалил. Шехерезада сум пробал и одличен е. Еден од најдобрите во Скопје. Се збори дека еден од најдобрите еклери бил во некоја слаткарница во чаршија, но сеуште не сум бил таму. Сите слаткари различно го прават филот. Според мене, најдобар фил имаат Шехерезада и Делициа. После тоа следи Арома. Не знам кој каков фил прави и по која рецепта, ама од лично искуство ти кажувам дека за мене се добри еклерите од овие места. Секој има различен вкус. Ова е оригиналната рецепта за филот: • 500мл. полномасно млеко. • 1 стапче ванила (или 1 лажичка квалитетен екстракт од ванила). • 4 големи жолчки. • 100г. кристален шеќер. • 40г. густин. • 30г. ладен путер (за сјај и кремаста текстура).
Ме терате сеа да одам по еклери од Ескимо и Шехерезада Арома пред неколку години ми беа океј ко за комерцијална слатка, но како се качува цената така им паѓа квалитетот. Искрено оние од Кам ми се поубави. Најчесто избегнувам еклер. Многу ми е ризичен за труење со храна (или бар така ми останало од детството). Мајка ми прај убави еклери. Да ја потсетам да напрај
Значи од муабетов за еклери веќе две недели ми се јаде еклер страшно! И никако да си купам. Обично мислата ми доаѓа во некое вакво бош време, никакво. Страшни сте значи, не знаете дека има овде стрвни луѓе... Еее, се изнервирав сега
Буквално. Преку ден мирисаше на пролет, сеа тмурна есен е, замисли и снег да заврне Ова времево бетер од нас луѓето стана биполарно.
Се спремаме за излагање и успат да ги собереме поголемите од градинка/школо. Имам нова бордо маскара за која сум многу среќна. Пред да влеземе во кола го прашувам маж ми какви ми се трепките. Загледа, здивна и ми рече.. па црни ко секогаш. Паркиравме, отидов да го земам син ми од градинка. Пред кола се навалив кон него и го прашувам, какви ми се мами трепките. Ме погледна, ми се насмеа и ми рече - па црни. Паркиравме пак, одам по ќерка ми во школо. Не стигнав ни да ја прашам, одма ми рече ваууу мамии црвени трепки. Доказ дека мажите се колорблајнд.
И не се замараат со ситници, жива сила не е*аваат и не му ја мислат многу, да не речам ИЧ. За нив има само една црвена боја, нема ни бордо ни мордо.
срцата чукаат двотактно пумпаат твоето во мене моето во тебе сега се сврзани крвните садови еднакво мераци еднакво јадови дечко, пробај симултан бакнеж! не јас да го барам а ти да ми го дадеш
Млада лекарка со килажа некаде околу 110+ кг држи предавање на тема "Дијабетес, негова превенвија и лекување" на пензионери собрани во пензионерски дом. Тоа е се што треба да знаеме за модерната медицина. Илегува она истото како на поповите "Слушај ме што зборувам, не гледај ме што правам."
СДК на ова тмурно и досадно време имам да ви предложам една интересна игрица "Коњ Драган". https://konjdragan.com
Сдк дека ми иде уште од сега да си накитам елка ама мм ми вика рано е баш ме удри некоја предновогодишна еуфорија .
Јас кога им викам на сите дека ми мириса на Нова Година ме прават луда. Мене елката ми остана во Холандија, сега барам да си купам за тука и само што влегувам во Џамбо магично сакам се да купам, значи толку ми се убави предновогодишниве украси, се топам кога ги гледам.
Остај маж ти што збори, не е рано. Нас вчера ни стигна елката, одма ја наместив у дневна, утре рано одиме по лампиони. Сигурно нема 20 декември да чекаме елка да накитиме. Да ги слушавме маживе ни елка дома, ни украс ни бутур
Аман бе мамо и тато шо родители сте вие едно здравче неможе да изгледате - заебанција настрана војска мора назад!
Да се надоврзам на муабетот со славите, затоа јас престанав да одам на било какви слави и настани со роднини па нема ни такви прашања. Само инкогнито и минимален контакт, изговорот ми е дека сум уморна од работа.