Како никој?! Јас што сум тука на форумов? Фала ти инаку за рецептата, Арома што ги купив се гледаше дека нема ниту густин ниту јајца а ниту путер. Баш сакав ова да пишам. Поминувам покрај КРАШ во Скопје, го накитиле излогот како да е Нова Година. Се знае излог кога се кити, од 10 декември па натака... А тоа дека Краш е Хрватски а тие биле католици не може да биде изговор затоа што биле дел од СФР Југославија и самото име на ф-ката после Втората светска војна е социјалистичко, влијаено од КПЈ. Што се кити прерано, несоодветно за ова поднебје. Замисли да почнат потоа во Октомври да китат па во Јули... Се сее семе на туѓа западно капиталистичка култура што потоа кај дел од луѓето влијае и врз ставовите на други теми, стануваат исти или барем слични како од американските филмови. Воедно западниот тренд губи од дражта, тоа е како во Скопје на италијанци место ајвар, симит и маџун да им нудиш лазања, пица и капучино. Или па да отидеш на екскурзија во Денвер или Торонто и да те понудат со тавче-гравче Има ден на ослободувањето на Скопје, a Шарл де Гол бил избран за претседател на Франција - додуша ова за франкофилите повеќе, а за југоносталгичарите и нивните потомци - 29 ноември ден на републиката.
Што има врска дали има некој муд од 1ви Ноември или од 1ви Декември. Еден од најубавите периоди на годината е, се е светкаво, украсено, новогодишни реклами, продавници украсени, не знам кога гледате така како украсуваат не ве фаќа мерак да се радувате дека ни иде Новата Година. Јас на пример уште од Октомври гледам кај да одам да се шетам за Нова Година и веќе Ноември почнувам да китам по дома.
Ноември ми нема врска со Божиќ, друг пејзаж е, жолти лисја на рани зајдисонца. А и температурите се значително повисоки, ретко е студен колку зимата, речиси никогаш.
Мене Ноември сеуште ми асоцира на есе, дожд, чадор. И сакам есенско. Еуфорија ме фаќа почеток на Декември. Е како порано бе не китевме во ноември? Јас бар не сум китела. Едно е 1ви ноември, друго е 1ви декември, бар за мене. Не дека не се радуваме, премн зедовме обичаи што не се наши, ова ван тема. Baby Gender Reveal, пример. Значи ова е исто ко во јули да се радувам дека септември е есен.
Ќе купиме багети и кроасани и ќе парадираме по Партизанска во чест на Де Гол Секој нека си кити кога сака или нека не кити, нека има празнична еуфорија или не, не разбирам зошто тоа би му сметало на некој И таа мала еуфорија што некој ја осеќа у ова депресивно време се обидуваат да му ја искењаат, мрчатори
Им го кажааааа, бар ти си скроз западњачки настроена, а гледаш колку правилно размислуваш. Скроз е така, ноември и китење елки и украси е пресмешно од што е несоодветно Мада сега како што секој си прави што сака и у јуни може да китат, не ме чуди. Имав комшии што навечер палеа сијалички, а лето беше. И ова е се што треба да се' знае.. Изгубена е смислата на се' одамна.
"Ќе видиш кога ќе се омажиш/понатака/ќе остариш" Еве како сум повозрасна, сѐ помалку имам толеранција према мужи мрзи, џаболебари, сељаци, мужи што не знаат садовите каде стојат и шо попрво би се тепале со мечка него дома да фатат правосмукалка. Баш порано бев со оној став ко - ако бе, јас сум женско, сѐ ќе правам, он нека си го лади. Ооо напротив, сега сѐ повеќе сфаќам колку е тоа огромна непочит према себе и радо би останала сама цел живот, него со вакви. Буквално некогаш не ви ни бара човек да имате богатство, коли, куќи и милиони во сметка, туку да сте луѓе што се трудат во животот и почитуваат жена. Нешто што е буквално без пари ама океј, плачете си пак оти сте осамени, оти и ова ви било многу.
Кај една во близина кај мене шо живеј цела година и се надвор сијаличките изваени да и светат. Ама жената не е така малку орајт пак простено и е.
Потполно се согласувам. Јас па отсекогаш сум сакала и сум замислувала дека ќе ми помага господинот. Т. Е. Ќе делиме работа. А пола од моите другарки се мажени и се како да кажам, ко незадоволни, нз како да се изразам. И одма муабетите, особено од таа што е мажена на 22 год а сеа има 37. Да си седиш, дур можиш кај мајка ти. ( синќир, јас кај мајка ми, уживам и ништо не прам дома) Да сум со овој памет, сега не се мажам. Па одма муабет, ех што убаво и е неа, има работа, сама си е и си шета кај сака (бдв жената има скоро 60, ја знаеме сите, мала е БТ, не е мажена, можи имала врски, не знам искрено и не ме интересира) И тоа тврдењето од погоре, душичке, уживај си дур си без маж и дете, после ќе те видам. Сега нема шо да се жалиш. Ај да не набројуваме уште.....
Затоа што не си го китат сопствениот дом или двор, туку излози, улици, трговски центри (молови де...) и тогаш тие кои сакаат можеби по меланхолично есенски да се чувстуваат им се диктира друго расположение преку сетилата за вид и неретко за слух.
Бате, и негде овде кај зградиве има еден стан со сијалички ама оние сребрени или златни. На тераса им стојат. Ама да рокниш Дедо Мраз и Снешко, сега.?! Се смеам оти вака реков. Мислам дека не е баш.... Сите вака ќе те гледаат. И ќе речат, нешто персонава е шубидуби.
Наместо тоа треба да си замислуете г-дин полни пари па да платат не една, три ако треба чистач(к)и кои ќе ја чистат куќата.
Убаво е за неа и за нејзината психичка состојба, стресно за мене барем на почеток дури се навикнам колку пати си бегам навечер и наеднаш таак сијаличките почнуваат да треперат во мракот (ги има по дрва и огради изнапуштено) само шо не сум завршил на бајач да ми баат од уплав
И мене ми е прерано купување и украсување за овие празници уште во септември и октомври. Но, сега сме веќе на пола од ноември и не ми е чудно. Дури се завртиме ќе чукне и декември. Ако толку ништо не ве весели во животот, ви треба терапија. Не лајнарење за туѓа радост.