Пусти хедонизам, егоцентричност, нетрпеливост. Поради нив, целиот твој живот може исплашено да ти се лизне меѓу прстите. П.С. Горе-долу на исто сме мислеле, Горде.
Како бе можат да се заљубат преку ноќ и веќе другиот ден да бидат најзаљубениот пар + еден без друг неможат а заедно се само 24 часа Свашта ...
Ептен се изненадив што Кајмакоски победи, значи уопште не очекував Лани скопскиот фестивал имаше многу подобри песни и пејачи, освен Каролина и Калиопи друго ништо саглам не слушнав вечерва. Каде ни отидоа квалитетните пејачи ?! Уствари знам-во странство се
Вчера слушнав гласини , жените на кој не им се допаѓал задникот иделе во седмица да јадат хамбургери да добијат наслаги и да го поздебелат задникот а потоа иделе во теретана да вежбаат да го стегнат. Дали овие гласини се точни? На друга страна викаат оваа зима ќе биде најладната до сега , ако добро се сеќавам тоа го рекоа и минатата , и пред минатата , и уште кога Бранко беше на власт истото го кажаа ....
Точно е. Жените никогаш не се задоволни од својот изглед. Нека не те чуди тоа. Тие прават и многу дргуи чудни работи, а и болни, само за да изгледаат поубаво.
СДК... Сета тежина и бес што ги потиснувате, сепак на крајот на напорниот ден, безболно ќе ги проголтате со помислата дека имате некого со кого делите се.
Ја накитив елката. Да, знам ептен рано е. Тоа во 3 саат сабајле. Не ми се спиеше, на фејсбук ми го бомбадираа wall-от со новогодишни понуди. И ми текна дека тек средина на Декември секогаш ја китиме елката. Па ги земав кутиите колку што можам потивко, од собата што ја користиме со сваштарија. Отидов во дневна, бела веќе хрчеше, но ја разбудив па ми правеше друштво. Моиве, станаа сабајле , не најдоа нас двајцата заспани на троседот, татко ми одма измрчи дека сијаличките не се убаво наместени( не за чабе мрчењето ми го пренесе мене) па и он нешто местеше. И така.
Кога човек е постар и помудар, сѐ помалку има желба да се расправа за неважни работи. Едноставно има желба да стане, да посака сѐ најдобро и да си замине...
Треба да си челичен за се да издржиш во животот, да газиш се пред себе, па и преку луѓе за да успееш во своето, ма какво достоинство, каква толеранција...Изгледа тоа е најбитно, да се гледало само за себе си, а за другите шо е битно, другите може да шетаат ех и после се чудат луѓево, ретко е човек да се најде денес, во права смисла на зборот.Можеби и тие што се однесувале човечно према други, кренале раце од нив, бидејки виделе со какви си имаат работа или се смениле и тие станале полоши од останатите.Тип на луѓе „ ја и никој друг “, кои ги гледаат останатите од птичја перспектива, само заборавиле дека кој високо лета, ниско паѓа.Воопшто не сакам да мислам вака или гледам кон другите на тој начин, ама некои очи ќе ти извадат со некои смешни работи, кои тие ги сметаат за премногу паметни.Абе ќе се застрелам од тоа кој нашол да ми збори за паметноќата
Што е работава со спремањево за Нова Година 1.5 месец пред тоа?! Веќе актуелно е прашањето КАЈ ЌЕ СЛАВИШ НОВА ГОДИНА?! И ја одговарам не знам, најверојатно дома, со моите..и после следи како со твоите, па веќе си голема. А зошто па да не во домашна атмосфера? А и на 13 години треба по кафани ли да славам?! Стварно понекогаш не сфаќам вакви работи, а и тоа потресување за Нова година, па обична ноќ е, само од 2014 ќе биде 2015..ама они спремање 2 месеци пред тоа, 300кг шминка + свечени фустани, штикли, фризури во форма на ананас и сл. Некогаш многу се чудни луѓево.
Кога последен пат сте направиле нешто ЗА ПРВ ПАТ? Побегнете од секојдневната рутина, и пробајте нешто ново и убаво ЗА СЕБЕ!
Мислам дека остарев.....немам желба за ноќни излегувања и журки...повеќе сакам тивка вечера или кафе со одбрано друштво,а после напорен работен ден сакам само да ги спружам нозете и да уживам во тишината
Ми вели `Го сакам, не можам без него, умирам без него, болна легнав во постела поради него.` И велам `Заборави го, преболи го, избриши го` Ми вели ` Не можам, го сакам повеќе од што се сакам себе си!` Ме убива тоа што не знам како да ја утешам...
...Затоа што без оглед на се ,Скопје радост ти ке бидеш !! Без оглед на тоа колку си хејтано,колку е плукано по тебе,колку си накитено до степен на кич за мене секогаш ке бидеш мојот дом. Да да,мојот дом се улиците со дупки кои секој ден ги поминувам,пијаните фаци кои навечер ги гледам како се влечкаат,кафичите под прозор од кои сон немам за викенд, чобаните со моторите што урлаат по улиците ко да те освоиле... Вардар со смешните и глупи галии, качувањето на Водно во недела наутро што за мене е исто ко на Монт Блан да се имам искачено,паркот со сета негова убавина во есен..Дрските и безобразни вратари во диско и неостварените менаџари по кафичите. Да тоа си ти и пак си најубаво !! За мене си градот во кој прв пат се заљубив,градот кој ги видел моите солзи после првото разочарување,градот кој смело ги прифаќа сите мои удари и погрдни зборови кажани во нервоза, градот чии улици го трпеа моето лудачко возење кога положив за кола, градот на кој секогаш ке му се враќам без оглед каде сум .. Затоа што Скопје без разлика на тоа какво си,на крајот од денот сепак си мое !!
Se custvuvam cudno sto znam nesto od vnate me tera na neubavi misli umov de vamu de tamu,niz minato niz segasnost niz idnitata... Sum pominala mnogu raboti koi mi ostana kosmar uste dusava ne mie e smirena od seto toa Imam ubavi raboti i mislam na ubavi raboti za idnina treba tie da se pozitvnite poveke od negativnive kosmari sto mi ostana vo dusava.
најдобрата дургарка ми заминува на работа во Германија, иако сум навикната на нејзиното заминување од земјата, сепак, секој пат кога оди чувствувам како да губам еден скапоцен дел од себе. Знам дека и години да поминат да не се видам со неа, сепак пак ќе бидиме блиски. Едноставно ја знам со години, знам како диши и како размислува, знам дека е толку слична на мене, што кога ја слушам е како да се слушам себе си. Ретки се другарките за кои би ставила рака во оган. Таа е една од нив. Па дури и е попосебна затоа што си ја сакам како втора сестра. Искрено и посакувам се најдобро, она што го посакувам за себе го посакувам и за неа. Се надевам дека се ќе излезе како што ти очекуваш мила