Никогаш нема да разбераам зошто учиме историја на училиште.. Тоа било па поминало и несакам да знам како било. Ако треба да издвојам еден предмет кој најврќе го мразам тоа ќе биде ИСТОРИЈА и така е..
Има нешто посебно убаво во овој Ноември.. можеби затоа ми поминува толку брзо.. да беше досадно ќе траеше "вечно"... а тек Декември... го чекам со цела душа. Љубов ми е.. кога од луѓево околу мене зрачи топлина што ми го грее срцево. Понекогаш.. застанувам на страна, ставам се на мјут во мозоков... и ги посматрам.. го анализирам секое нивно движење, секоја фацка што ја праат.. секоја насмевка.. Ми се чини најубавото чувство на светот е да си заедно со нив, покрај нив, во тешки и убави времиња, низ солзи и насмевки.. низ магли и дождови и сонца и виножита.. никој друг и ништо друго не е повеќе важно. А со него.. си се чекаме. Тој мене.. а јас него... Тие очи ги сакам во секој нов ден...
Еден ден ќе исклучам и ќе ги oтерам у курац сите неодговорни луѓе. Не постои поголема фрустрација од тоа. Како некој да има цело време на располагање. Ако си рекол дека ќе тргниш за еден час гледај да биде така. Ако си рекол дека ќе станиш,стани,а не на другиот да му ги заебиш сите планови. Страшно.
И мене ми беше историја најомразен предмет пошто исто како тебе сметав дека нема потреба да се змараме со работи кои биле и поминале се додека не сфатив дека од грешките во минатото се учи. Да не е историјата сите тие војни и политики како и последиците од истите нема да знаеме денес како да избегнеме некоја слична ситуација или во најмала рака да ублажиме. Од грешките се учи,а историјата ни ги покажува кои се тие грешки.
Секој направил нешто за што се кае,нешто што му го променило животот,грешка која станала лекција.Не значи дека ќе продолжи да ги прави истите грешки.И не значи дека не се кае. Тие грешки не не’ прават лоши луѓе,ниту пак недоверливи,туку само обични луѓе. Навистина е тажно колку луѓе формираат мислење базирано на грешките од минатото и секогаш ќе продолжат да те гледаат како таа личност,од тоа време,а не како личноста што си станал сега. Бидејќи без разлика на се,сите ние се менуваме.Промената е неопходна.Дали на полошо или подобро,одлуката е наша. И како ние си простуваме и продолжуваме кон иднината,така и нашите најблиски треба да ни простат. Ако не можат,изгледа дека не биле толку блиски колку што сме мислеле.
Кои и да се и двете, најпосле некој да му текне нормални жени да викне на сцена со дебели ножиња, а не само манекенки со стапчиња. Жив доказ дека и кога си полничок, си убав. Белки ке се освестат производителите на анорексични девојчиња дека и ние дебелките сме убави ))) Инаку, толку сум изморена што само ми се спие. Очајно ми треба одмор, планина и мирис на љубов.
Стигнувам дома. Како што отварам врата осеќам дека ми мириса на грев. Во неколку секунди добив експлицитно слидешоу на флешбекови. Татко ми купил нов парфем, како неговиот. Си се фатив како си се смешкам. Крај краева, секој си живее со последиците на своите избори...
Епа причината е многу едноставна. ЗА ДА НЕ СЕ ПОВТОРУВААТ ГРЕШКИТЕ ОД МИНАТОТО(НА ЧОВЕШТВОТО),А СЕ МНОГУ.(да не набројувам) И ДА СИ ЈА ЗНАЕШ НАЦИОНАЛНАТА ИСТОРИЈА.Да знаеш да ја ЦЕНИШ СЛОБОДАТА,која денес ја имаш.И колку многу луѓе се жртвувале за ти денес да одиш без страв,да не ти направат нешто.И да можиш слободно да кажеш која си. Ете затоа учиш историја!
Никогаш нема да станам доволно возрасна за да не ме фаќа порането дојдена еуфорија за сета таа убавина на зимските празници, за да не се радувам уште месец ипол однапред на сета таа радост, љубов насекаде и подготвување изненадувања за блиските, топлина во душата поголема и од онаа на најмеките омилени џемперчиња... онаа бајка која не може да не ти побуди носталгија за детството. Чудна особа сум, на секое прашање за планирање на прославата од типот каде/со кого/во каков фустан ќе славиш, до последната недела од декември ќе ми е рано, ама кога станува збор за сите оние ситници кои го разубавуваат тој период - помина ли втора недела од ноември, одма почнува да ми лета паметот за пакување подароци, божиќни песнички, китењето на елката (којашто патем, кај и да е - и оваа година по моја иницијатива ќе биде најрано што може наместена и најкасно што може разместена)... Едвај чекам некоја студена вечер брзајќи со смрзнати образи накај дома за да го начекам ќебенцето и топлото чоколадо, за првпат оваа зима да видам дрворед украсен со новогодишни светки, при прошетка низ продавниците да забележам честитки и новогодишни украси, и да - се чека првата Кока кола реклама на телевизија да ни рашири една гооолема насмевка на лицето и официјално да ја започне еуфоријата.
Почнувам сериозно да копнеам по зимата и ладните денови под капи, шалови, ракавици. Ја чекам и не можам да ја дочекам таа прерасна еуфорија... А најмногу од се’ ги обожавам деновите кога со другарките во школо ќе се договараме каде да славиме. Веројатно, вам поголемите, ви се гади од самата помисла на таа вечер. Ве разбирам де, фустани, шминки, ресторани, резервации, чуда... Како само би сакала да го забрзам времето и да ме однесе токму во тие ладни, но сепак полни со топлина денови. А само она купување подароци? Леле, зарем има нешто попрекрасно? Како и лани, и годинава сакам на Нова година да си направиме мини лотарија. Лани од тоа добив прекрасно кутивче за накит. А уште толку прекрасно е што роднините си доаѓаат баш тогаш, и се’ е некако весело, полно со енергија, радосно, топло... Како да го опишам, кога мора да сте го почувствувале. Ех, зима, зима...
Hе сум голем и не изѕидав јас свет, на тебе ѕидот голем во глава ти е, не ти дава мира!! Или ти, или јас, нешто ќе се случи помеѓу нас!
Големите нешта ги прават малите луге. Големите нешта се скриени како зрно грашок. Големите нешта се невидливи за некој кој не сака да ги види. Големите нешта се навидум мали а сепак толку топли и меки. Големите нешта се случуваат зад затворени врати. Големите нешта доагаат од најтемната теминина за да ја претворат во светлина.
Денеска после долге време имаше искрена насмевка на моето лице. Фала му на Бога успеав. Да успеав. Со многу вложен труд од моја страна. Со голема подршка од мојот најверен пријател и моите родители. Со нив ја споделив радоста. Радоста споделена со блиските е уште поголема. И заедно си прославивме. Си велам ах што би правела без нив? Тие ми се се на светот. Им благодарам што беа со мене во најтешките моменти. Им благодарам што веруваа во мене. Денешниот успех ми е мотив за понатаму.
Некако чувствувам дека монотон почнува да ми станува периодов. Знаеш дека си заглавен во рутина, кога секој ден во точно време се среќаваш со исти непознати луѓе на патот до работа. Скопје станува премал град за мене. Ајде едно време викав се едни исти фаци по местата за искачање, па престанав да се движам во тие кругови. Сега истото ми се случува со истите луге на идење и враќање накај дома со автобус. Некако брзо се заситувам од се. Ми фали динамичен живот. Моментално во Скопје најголема возбуда на лугето им е да отидат до City Mall да изгледаат некој добар филм, ресторан, или нешто слично. Муабетот ми беше дека изборот е лимитиран... И така, ден за ден се едно исто... тоа па тоа. Останете ми во добро расположение!
Сакам да кажам и збор да дадам дека од утре навистина ке почнам да вежбам наутро пилатес навечер медитација .
Не за џабе мајка ми' ми вика дека сум наопачко дете. Си учев јас, што си учев и ми се пријаде, па да не правам јадење, да се најадам откако ќе завршам, зедов и изедов една банана, е додека ја јадев сфатив дека немам повеќе за учење, и ја здогледав тавата во рерна со ручекот, па после бананата јадев печурки . Се хранам здраво, деновиве јадам мандарина, па после неа чоколадо . Утре ќе се обидам да не јадам чоколадо, па ќе видиме каков ќе биде исходот.