Па де бре луѓе, до каде со тоа сељачко понашање? Не можам да верувам какви се деца(дивјаци) одат на училиште, без понашање, а професорите- за нив ич да не зборувам. Предлагам јас на час по ликовно да организираме како клас добротворна акција, за помагање на домот за деца со посебни потреби, и сите како од Марс паднати почнаа да се смеат, демек што се тие, па они како од големото доброутро да направат нешто добро за нив? Се смееа, се кривеа и испуштаа некои звуци карактеристични за животните, па нека ајде, мали се упте, по 16 години на газот влечат. Се исмејаа они и прекинаа, а после нив-професорот почна. Тој па уште поголем ајван. Не сака да помогне, не сака да ни даде цртежи. Се помирив веќе со идејата за таа акција, но не ми излегува од глава прашањето- до каде, до каде ќе стигне овој образовен систем со такви кадри (флегми) и такви ученици кои прават се, ама буквално се, а тоа што треба да го прават во една образовна институција- НЕ??
Е токму за ова зборев Реин....Гледаш како знаеш..Ти благодарам што ми докажа дека е така. Витомир не се замарај....
Тебе ти докажав? Ах бреее, нема Витомир што да се замара, ќе постира нешто украдено, ќе се накити со туѓи перја, па вакви ко тебе ќе го величаат. Жалосно е до кај дотуркавме. Место да се прозиваат такви работи, да се засрами тој што ги направил, ние ќе им викаме не се замарај. Добра си.
Денес супер си го поминав денот,временцево ми се погоди за мераци,без разлика што февруари се понаша како за мај мене искрено ми годи,знам дека има вируси и дека не е здраво,но ако ништо друго барем ке заштедиме за греење
Тешко е кога премногу очекуваат од тебе, а ти си изгубил волја. Ах бре, како ме мрзи, како ме мрзиии... Само би лежела и би јадела. Ништо друго. А Вие меѓу редови, би требало да прочитате, дека под тоа, секако се подразбира и пеење. Мајка ми пред малку ми рече дека ја сменила постелнината. Па што чекам? Леле, како би се нурнала во моето ми мило креветче, од коешто почна да штрчи еден педер, федер. Треба да го цвикнам. МА МЕ МРЗИ! Ме мрзи, да станам на сабајле, од спиење. Ме мрзи да отидам до веце, на миење... Ама за јадење, неее, не ме мрзи. А цело време имам вишок на енергија. А другарка ми: - Пф, па ти кога си немала, вишок на енергија. Имам вишок на енергија, а ме мрзи? Која контрадикторност. До црвеното ферари, ќе да е. :geek: Ова ти доаѓа нешто како... сакам да чистам, ама ме мрзи. Сакам да учам, ама ме мрзи. Сакам да се стаам на диета, ама проклето ме мрзи да сецкам салати, да ги кинџурам. Сакам... се` сакам, ама ме мрзи. Е така би дошло. Постојано ги одолговлекувам работите. Не прави нешто денес, што утре би можел да го одложиш за задутре. Ај, јас отидов да бидам мрза.
Спојлер Со истото сум се соочила и јас, за организација на концерт.Ништо не бидна од тоа и јас како тебе си се помирив. _________________________________ Деновиве нон стоп ми се мотаат некои мисли кои ми го ,,окупираат‘‘ мозокот :geek: Како, што, зошто? голем број прашалници, а се помалку одговори...
Уште само три дена ме делат од средбата со него Едвај чекам да си го гушнам, ма нема да го пуштам цел ден Тој е мојот лек дефинитивно, со него се е лесно, ми дава подршка, ме бодри, ми докажува дека ме сака, тука е кога ми е нај потребен.. Кутија полна бакнежи, чоколадни, црни и бели. правени со огромна љубов.. само за него
Читам и гледам во живо за протестите во Киев. Полицијата нападнала со тенкови и топови на плоштадот каде што има 20.000 демонстранти. Веќе има 6 загинати полицајци и над 30 жртви, и околу стотина повредени. Но само засега .... Гори целиот плоштад ... Се запрашувам: Зар мора тие штрајкови и демонстрации да стигнат до граѓанска војна? Зар и во 21 век, во една европска земја? Господ нека им е на помош на сите мали деца, на сите жени и на сите мажи кои се борат за својата слобода и правда. Се надевам ќе им се исплати од утре.
Треба да има пассворд за секс. На пример, прашање, незнам или не знам. Сфаќам или сваќам. Пејам или пеам. И откако ке се покаже дека се писмени, да имаат секс. Оти неначитани, значи дека не прочитале ни упатство за кондом. И после, дали сум трудна.
Немој да те чуе некој од Влада, ќе биде тешко тебе. Ако е вака како што предлагаш, ништо од планираниот наталитет, ќе не' снема
Незнам кој збор да го употребам за да ги спуштам уште пониско од она што се или евентуално да ги засрамам фацкиве од форумов така наречени копачи по животите на останатите кутри феминки кои не се занимаваат со тоа хоби ниту пак знаат дека на некого му се хоби, а можеби и повеќе од тоа - опсесија на пример. Мислев, мислев и ништо не смислив. Нема таков збор бе од кој таков лик ќе се почувствува по бедно и по мизерно од тоа што реално веќе е, и нема поправка на тоа, нема бегање. Чисто ме интересира до кога ќе се занимаваат со тоа хоби. Јас мислам дека веќе не открија сите кои сме што сме, а они да ти имале уште пуне руке посла. Цк, ме разочаравте, не ве бива. Кое задоволство, која сатисфакција е тоа да пиеш кафе стоечки во најголемата гужва и плус да ти биде убаво. Како? За Броз Кафе зборам иначе, се разбравме мислам. Мене ми е шугаво местото бе, пиеш кафе онака и поминува најраскантаниот автобус на ЈСП и кафето ти се буни со ѓубре и прашина, ма како кафето цел се пуниш, тоа ти влага во коса, на лице ти се лепи, го дишиш и го голташ. И не сте шема, греота сте што мора да се туткате само за да глумите некаква опасна раја, греота сте зашто неможете природно да уживате во седечка положба со убав поглед пред вас додека шмрцкате кафе. Јебала ве таа денска шема, мизерии. Ама ако пикајте се сите таму, барем на другите места да е лабаво и кул без напатени фацки. Ви кажав дека ги имам најдобрите родители на светот? Не нели, епа сега ви кажувам. Незнам со што сум заслужила да бидам дете на вакви луѓе. Скромни, добродушни на кои децата им се најголемото богатство, а не она што материјално го створиле. Се ќе направат за мене и за сестра ми. Бескрајно сум им благодарна за тоа што и покрај се стојат сеуште позади мене и бескрајно ги сакам. Можеби не постигнале да ми овозможат цел живот да пливам во пари или да немам грижа за пари, можеби ни самите не постигнале некоја врвна кариера, можеби немаат влијателни пријатели, можеби не располагаат со големо материјално богатство ама тоа никогаш и не им било битно. Секогаш и мене ме учеле така, прво здравјето па после се друго. Се друго може да се поправи, само да сме сите здрави и сите заедно. Јас не познавам подобра жена од мајка ми, сочувствителна со сите, не е само со нас дома таква, она на сите им помага. И покрај тоа што од неа тоа го бара работата таа и самата е таква, она нема да јаде ако треба ама пациентите да се сите како што треба. И татко ми е таков, дома може чешмата да капе со денови, ама кај пријателите мора да ја заврши секоја работа. Ги сакам такви какви што се и никогаш не сум се осмелила да им судам или да им преречам нешто, они сепак знаат најдобро. Па тие од ништо направиле прекрасен дом и ми го подариле мене и на сестра ми. А од тоа материјален свет ми се гади. Ми се гади кога гледам што се не се прави само за пари, само за нешта кои немаат никаква друга вредност освен некоја симболична материјална. А никаде не гледам дека може да ти даде мир, среќа и љубов. Не сакам да се борам со такво општество, ќе изгубам. Не сакам парите да ме ограничуваат и да ми поставуваат граници, не сакам да ме облкуваат како човек. Не сакам да ги дефинираме луѓето според контото во банка. Имаат толку многу, а пак се мизерни, пак ја вртат главате пред присјаците и бездомниците. Проклети ви се тие пари. Што ви значат ако неможете да му го разубавите денот некому со мал придонес... Ма нека иде се у..... Сакам да оставам се, не ми треба ништо материјално, не ми требаат пари, не ми треба накит, козметика, гардероба и чевли. Ќе оставам се така, ми требаат само кратки панталончиња, патики и бела маица. Ќе одам во Африка во Намибија, ќе работам во резерватите за животни родени во заробеништво. Ќе ги чувам, ќе ги ранам, ќе ги растам и после ќе ги пуштам и ќе си плачам. Може само да ми дадат место за спиење и јадење колку да можам да преживеам. Абе знаете колку нема ништо друго да ме интересира, ама ништо. Тој свет надвор од тие граници може и да се распадне ако сака, вистинскиот живот и вистинската борба ќе ми се случува пред очи. За тоа вреди да се живее, а не за некои пари кои може да ти донесат некое моментално задоволство кога ќе си купиш нешто, али кога ќе пуштиш телевизија или кога ќе видиш некој во живо како дедево на сликава што ја постираше Лилит се ќе ти падне во вода. Ама така се чувствуваме јас и оние кои располагаат со средства +/- како мене, а другите ич уво не ги боли. Комотно мирно си спијат дома во топлото креветче додека некој бездомник се засолнил во влезот само за да не ја помине ноќта под отворено небо. Мене тоа ме боли, исто како што ме боли кога ќе видам некој како фрла ѓубре во парк, или некој како малтретира животно. Тоа ниво на свесност нема уште долго време да го достигнеме. Кажав се што ми лежеше на душа, сега ми треба само прегратката негова кај што ме собира цела и медено срце. Да си лежиме, он да гледа фудбал и да се преправа дека ме слуша како му ја прераскажувам книгата што ми ја купи.
Ами вака,имам многу за кажување. Најважно е што животот ми оди во убав правец,се надевам правилниот.Ма се е правилно ако тоа те прави среќно.Социјален живот ми е екстра како и семејниот.Училишниот план ми е во ред.Морам да ја споменам сестра ми,која иако е многу помалечка од мене успева многупати да ми го спасува денот.Ма се е во ред...И несакам да верувам во тоа дека убавите работи кратко траат.Пу,пу ке се урочам. Mood:Happy
3 години со Фемина. Во последно време редовно читав ама не бев активна. Не дека немав што да кажам туку секогаш почнував и од толку работи не знаев што попрво. However, многу често мислам каква ќе бев ако не се зачленев на форумот..? ___________________________________________ И како и секоја година и оваа денес ми е роденден. Овие 2-3 ептен ме фати еуфорија, so wishful!
Неможеш да натераш некој да те сака. Сè што можеш да направиш е: Да бидеш човек, кој заслужува да биде САКАН. Добра Ноќ!
Луѓе кои немаат свој став и своето мислење го менуваат на секоја минута не ги ценам воопшто На што личи тоа да се променува мислење и зборување за многу краток период , 2 минути ми зборува позитивно се во ред 2 саата ме тупи со глупости и тоа фантазии си прави бее .... Тоа што сум го кажала цврсто стојам секогаш зад него и го бранам мојот став ,доколку не сум навистина во право прифаќам и мислење на другите секако. Ама ако тој/таа си сватил/а онаа што сум го кажала јас како на нему/неа и одговара е затоа неможам да коментирам... Сите имаме разни сваќања и разбирања за се затоа јас неможам да ти нацртам за да сватиш дека навистина не ти мислам лошо или те навредувам ... кажувам еднаш и илјада пати не се пофторувам беее на шо личи тоа се едно исто да зборам,боже божее што ли не држи оваа нашава чудесна земјичка Ме напаѓа па ме брани и се тоа во рок од 10 минути абе мавни ми се од глава ај што ти е Не не сум неровозна ич само си изнесувам мислења пред сите вас Бај баааај и гуд најт
Во последно време, кога донесувам некои одлуки, преферирам крајниот исход да биде во моја полза. Не дека за другите не ми е гајле, ама па и за мене на никој не му е. Единствените кои би ме ставиле пред нив се моите и за нив би направила се`, ама за други од сега ич око не ми трепнува. Досега, секогаш сум избрзувала во донесувањето одлуки, во проценувањето на личности од аспект на нивниот карактер и во претераното и пребрзо приврзување со одредени персони, и сево ова досега се покажало како погрешно, со лош исход, никаква полза и психички растројства, во вид на депресии, несоници, главоболки... Последниве неколку дена се фаќам себе си како гледам од одредена работа да извлечам полза, и се потпирам на тоа дека треба да заборавам што сакам и да се потсетам што заслужувам. Не. Не сум себична, не се преценувам, ама редно е и јас да бидам среќна. А јас би била среќна и со малку, само доколку тоа малку ме исполнува и биде доволно за прв пат да се почувствувам среќно како никогаш досега. Нешто кое ќе предизвика такво чувство во мене кое само еднаш се доживува. До пред извесно време, гледав на другите да им биде добро, па јас трпев. Спремна бев да издржам се` само да го постигнам она што го сакам. А од другата страна имаше само рамнодушност и гледање на работите во своја корист. И никој досега не бил спремен да се жртвува за мојата среќа и никој не ризикувал. А зошто па јас да бидам таа која оди на се` или ништо и на крај пак останува за*бана?!? Кога сакаме нешто не е доволно само да сакаме. Потребни се низа други работи за, доколку ја добиеме таа работа, бидеме среќни и исполнети. Таквата посакуваност може да биде и болна, доколку само еден ја посакува. И тогаш, џабе се сите напори,планови и размислувања во врска со ситуацијата, кога сама не можеш ништо да постигнеш. Потребна ти е поддршка, помош и барем еден мал сигнал од другата страна кој ќе ти даде надеж, а и поголема мотивација и храброст при реализирањето на плановите и постигнувањето на поставената цел. За секоја работа се потребни барем двајца. Сам човек тешко дека би можел да постигне нешто.