Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Здраво женски! Се вратив, мислам не дека се откажав од форумов туку на пауза ми беше еден одреден период.
    Конечно има нова платформа, дочекавме. :lol:
    Сега додека да се навикнам на ова новава платформа ќе ми треба време, ептен чудно ми е, не можам да се снајдам.

    Инаку кај мене се' е добро, засега.
    Имам премногу за учење, ама ете решив пак да пишувам на форумот. Се' ќе измислам само да не учам.

    Вие како сте, добри? Ако убаво, така останете. :l::)
     
    На Dream-Girl, cresa-jagoda, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    СДК ... и јас бројам ситно месецов. И едвај чекам! Голема и посебна работа треба да се случи ... само се да биде добро. Се работи за туѓа но и моја среќа. Мислам дека со оваа година ќе се заокружи заедничката среќа. :) И ова туѓо но мое патешествие наречено животт ми дава пример, ми дава надеж, ми дава мотив ... дека животот може да оди полека но сигурно кон повисоки нивоа на среќа. Дека може да ни нуди многу, само ако сме упорни, амбициозни, коректни и уникатни. Дека коцките никогаш не е доцна да си се наместат на своето лежиште.
    И не ви кажувам сеуште која е таа СРЕЌА која месецов ја очекувам нетрпеливо. ;)
    Откако ќе се случи, ќе ја споделам со сите. :sun:
     
    На ludoto19, Sexybaby86, bittersweet и 14 други им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.807
    Пол:
    Женски
    Долго танго. По години, се наоѓам на некогашното место на мојот соиграч. Времето ќе ја покаже следната насока. Се надевам истите чевли ќе ја издржат. Ах, живот. Како само си игра со луѓето коишто го живеат.
     
    На senza.parole, marama, SV1911 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.855
    Пол:
    Женски
    Моментално сум сведок на борење помеѓу тато и мама.:^) И слушам ајииииии, кррррр, пфффф,ааах, кикики, хахаха, аааа, немоооој, аааааа, кикики:|?! А бе, тој има 53, таа 45, не ми е за друго туку ќе ги стрефи некој удар од толку штипење и смеење:lol:Закон се, ко деца мали си се тепаат и кикотат:rofl:
    Ојдов јас во соба, ова на друго ќе премини:rofl:
     
    На bittersweet, senza.parole, bubac и 19 други им се допаѓа ова.
  5. d.i.n.a

    d.i.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    20
    Уште еден обичен ден со неуспешни обиди извлекување махимум од целата збрка што сама си ја создадов. Уште еден ден поминат во разочарување и желба животот да беше полесен, а планетава полна со добри луѓе (ШТО ЗА ЖАЛ СЕ ГОЛЕМА РЕТКОСТИ).... И така деновите си помунуваат во никаква продуктивност, а јас се уште стојам на истата точка и чекам некое чудо да се деси и се у животов да се среди ама знам дека нема.... нема да се среди се додека не ги земам работите во свои раце, а сега за тоа немам сила. Па така животов ќе ми тече у еден куп разочарувања.
     
    На SparkyAngel, tessie и Snow-Star им се допаѓа ова.
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.948
    Допаѓања:
    100.596
    Пак паднав! И не, не на колено, ниту на глава ... паднав во животот!
    По кој пат е ова само престанав веќе и да бројам. И секое наредно издигнување се тешам со помислата дека може е последно од многуте и дека секое лошо за добро е!
    Но не и не, истото е одново пак и пак, на секое поле..
    Каде згрешив не знам, каде грешам исто не знам... се преиспитувам постојано, поправам, надградувам но некако како се да е залудно.
    Уморна сум, во душата се чувствувам буквално како старица.
    Барем да можев да се исплачам или да заспијам, ама вечерва ни толку едноставни работи како овие не ми успеваат.
    Ах животе, мачен си ми! А кога ќе помислам само колку време требало за овој мој живот да започне...
     
    На SparkyAngel и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Сите сакаат да се паметни. Простите сакаат да се како паметните, тие сакаат да се како најпаметните. Но, паметните „дечиња“, не се такви заради нештата кои знаат да ги прават. Не е човек паметен ако знае да пресмета сложена равенка или ако знае да напише убава реченица. Не е ниту ако знае да продаде кечап на дама во бели ракавици или да направи совршена организација за новогодишна приредба.

    Паметните луѓе се оние кои постојано гледаат критички на работите, оние кои никогаш не прифаќаат туѓо мислење врз база на нечиј авторитет. Оние кои ги гледаат двете страни на една иста приказна и застануваат да размислат критички пред да донесат сопствен став. Оние кои кажаното од други луѓе го прифаќаат единствено како податок кажан од човек, но не и како факт.

    Сите сме интелигентни за нешто. Некој за букви, некој за бројки, некој за спорт, за музика или бизнис. Но паметен е оној кој се дружи со прашалникот во секој разговор. Разговор со друго лице или со своите мисли, прашалникот мора да е присутен.

    - Трајче е глупав.
    - Зошто е глупав?
    - Зашто не знае да си ги врзе патиките.
    (Прашалникот во умот вели, не знае зашто никој не го научил, не знае зашто го боли кичмата и не може да се наведне, не знае зашто му се тресат прстите, не знае помножено со илјада)

    - Ти си глупав.
    - Зошто сум глупав?
    - Зашто не знаеш да си ги врзеш патиките.
    (Прашалникот во умот вели, знам, таа само е љубоморна... вистина е не знам, но дали некој ме научил, најдобро е да научам... ама јас воопшто немам врвки на патиките, но и кога би имал, пак нема да знам, подобро е да научам...)

    Најбитно во сите примери ќе биде фактот дека паметните луѓе сакаат да научат повеќе за сè. Колку и да изгледа банален и обичен еден разговор, секогаш човек треба да сака да научи повеќе, да се запознае со фактите, но и кога ќе дојде до фактите, секогаш да прифати со резерва, дека можеби и она кое го гледа како бело, всушност не е бело. Најдобро е човек да истражи, да испита, да провери и да размисли со свој ум.

    Секоја работа на светот треба да се погледне критички. Нема лошо во желбата да се дознае повеќе за она кое нè интересира. Паметни се оние кои сакаат да научат повеќе за една тема, не оние кои сакаат да ја заклучат.
    :!:
     
    На eloves, Candid, Cka и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Ema28

    Ema28 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Некој слободен да ми пише порака за мал совет?
     
    На Sedmica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sedmica

    Sedmica Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    149
    Проштевање со љубов,благослов и мир во душата е непроценливо богатство за оној кој го поседува.
     
    На ozbilnazena, tessie и julie77 им се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    ^^ Капетане не заборавај, паметните се и нај самокритични додека другите воопшто и не знаат што е тоа да си самокритичен.
     
    На SparkyAngel, calliope, bubac и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    :) Сосема случајно :)
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.807
    Пол:
    Женски
    Времето ни` е дадено на сите. И минато и сегашност и иднина. Кој ни` го дал тоа, секој со своето уверување.

    Луѓето се тие коишто судат за нечие право на истите тие минато, сегашност и иднина, користејќи критериуми, од глупи-поглупи, од коишто најчесто би имале и некаква корист.E тие што ги исполнуваат критериумите, си тераат животот, борбата останува на другите. Очигледно сме врв на еволуцијата којшто одамна го достигнал својот врв. Врв, дно, зависи од аголот на набљудување. Некои нешта кај нас, ни векови еволуција нема да ги сменат.


    А и да се сменат, во меѓувреме многумина ќе бидат прогласени за луди, како и сите останати изумители чиишто зборови дури постхумно почнале да се вреднуваат. На крајот од денот, тежнееме кон конформизам. Прифаќање на вистината во којашто се чувствуваме најудобно, онаа прифатена од средината, со надеж дека со тоа и ние ќе бидеме прифатени од истата... а онаа другата... “вистинската“ вистина (ако воопшто постои) никогаш не ја дознаваме.

    ____________________________________________________________________________

    Друг муабет. Си пазарев сабајле. Мирис на кафе, гевреци, растрчани луѓе. Сфатив колку ми недостига тоа брзање, колку ми недостига да одам на работа секое утро и иако постојано сум во потрага, денес добив некое чувство дека ќе ја биде бре луѓе. Сите тие нервози, пецкања, неизвесности, се послатки од седењето дома и стремежот да бидеш покорисен во животот. Бранот на оптимизам кај мене секогаш носел нешто добро, така што... држете ми среќа. :) А и велат, кога не оди, не оди, ама кога ќе тргне, де сопри го. Е, првово нека трае колку сака, само нека биде проследено со второво.
     
    Последна измена: 14 ноември 2014
    На ludoto19, Candid, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Sedmica

    Sedmica Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    149
    Ништо не треба да чекаш. На сѐ треба да му појдеш во пресрет.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.806
    Пол:
    Женски
    Изгледа ние трудниве нај активни на форумов во денските саати.
    Не џабе викаат дека периодот на една жена дур е трудна носи многу привилегии.:lol:
    Море да смеам да се движам како што не одам на работа има да се пуштам по продавници за новогодишни украси.Секоја година се си наоѓам икс наводно оправдани причини за да не си го комплетирам домашниот новогодишен амбиент.Се надевам дека оваа година нема да биде така.
    Сонувам за елка од два метри,голем салон,а таа колку висока толку широка шо се вика,а никому да не смета.Уште и каминот да го замислам и таман ќе влезам во некој филм од Холивуд.

    Читав таму некаде погоре како сме изненадени од младинава,нивната бунтовнст,неразумност....
    Јас пак сум изненадена од нас наводно позрелите.Сме се запрашале ли колку сме тоа ние разумни,каков пример ние даваме?Или нас не оправдува наводно животецов тежок.Стално се ние некаде брзаме,времето не ни стига,парите исто така,ама и за тоа си наоѓаме оправдување.Безработицата.
    Па парите од секогаш тешко доаѓале,не паѓале од небо.
    Времето не ни стига а дури и од младинава сме почесто низ овој интернет простор.
    Ама и за тоа имаме оправдување.Ние наводно корисни работи читаме,нашето седење е полезно.
    Ма да не се разбереме погрешно,не ни е може ни нам лесно,ама да ги оставиме да си ги живеат нивните години и наместо да кукаме на сите страи од нив да се обидеме да ги разбереме согледувајки ја реалноста.
    Да имаме малку повеќе време и трпение околу нив.И тие од некаде учат.Сигурно не од нив помалите.
     
    На Annath, SparkyAngel, SV1911 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.493
    Допаѓања:
    127.825
    На свадба без надградба на нокти.....смеам???:^)
     
    На Doozy, SV1911 и tessie им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.807
    Пол:
    Женски
    ^ Поима си неам од некои работи значи очигледно. :bandit: Ja на свадба никад не сум била СО надградба на нокти. Уредни чисти да се, како и целокупната јас, па за друго сеа, према расположењу. Па шознам... не беше многу страшно, досега не ми спомнале ништо. :D Уживај си, биди си ти прво комотна па потоа се` останато. Нека биде уредно, а она што е плус, сепак е само плус.
     
    На kala21, SparkyAngel, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.806
    Пол:
    Женски
    Теси не лажи,сигурно порција не си добила и те ставиле да седиш на крај од салата.
    Ма тие што одат без надградба на нокти и полошо ги снаоѓа.
     
    На kala21, mims-89, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.807
    Пол:
    Женски
    ^ Не сум обрнала внимание искрено. Само за торта знам дека ми дале. Тоа не можеш да го изумиш, нели... :D Jaка им душа како ме трпеле, кутри домаќини. Шега на страна, бидете си вие комотни и чувствувајте се убаво. Колку случајни избори станале трендови во животов, ехехеее. И тоа не само во модата. Oд чувството нема пореална работа. Надворешниот зрак се создава однатре. Се` друго е релативно.
     
  19. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Во последно време, страшно ме иритираат луѓе кои вештачки ќе ги направиш такви, а се замислуваат дека се двојат од околината по својата уникатна појава и се однесуваат како да достигнале нирвана. Немаат три чисти од животот, а објаснуваат како да се совршено просветлени и споредено со оној за кого коментираат, немаат никакво животно искуство но сепак се ставаат во улога на арбитри и константно нешто пљампаат наоколу, немаат студирано ни вештерство, а сепак... се извештерија.
    Понекогаш ми паѓа жал за нивниот недостаток на мозочни ганглии и ништо повеќе не можам да направам за нив, единствено ми преостанува да ги заобиколувам и да не ми се појавуваат пред очи за така случајно да не ги згазам во нивната беда и минорност. Од етичка гледна точка не би смеела да ги утепам, не за друго, ќе треба да одговарам како за човек, а не се.

    Значи стварно не знам што им е на луѓево... мене како животот ме вози, се повеќе се убедувам дека немам право да судам. Секако дека можам, и секако дека понекогаш потсвесно и инстинктивно го правам тоа и можеби претерувам, но постојано во главата ми стои дека секогаш, без исклучок, испаѓам морон, барем пред самата себеси.
    Еве сега јас трогната од мислењето на околината и нивните вперени прсти, одам да си ја врзам главата со мокра крпа, баш многу се стресов и може ќе оболам викендов од нервози и мисли.
     
    На Sexybaby86, XstrongerX, SparkyAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  20. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски
    Неможам да разберам какви се тие луѓе кои не сакаат животинчиња?
    Некој кога ќе ми рече : ,, УУУУ будала една што го чепкаш тоа куче/ мачка, нели ти е грозно??? ,,
    Молам???
    Од што бе да ми е грозно? Па тоа е само едно душенце желно за љубов. Да! За љубов и внимание и корка пресушен леб. Ништо повеќе.
    Ако му го дадеш тоа, имаш верен пријател за цел живот. А не како луѓето, ќе им дадеш прст цела рака ти ја бараат.
    Си имам дома (во дворот, не внатре) едно малечко кученце, преслатко и едно маче. и двете се црни и колку се сакаат абе чудо некое. Заедно спијат, заедно јадат.
    Неможам да му се доначудам кога ќе им дадам едно тањирче со јадење и не посегаат на јадењето туку трчкаат по моите нозе за да си играме, без разлика дали се гладни или не...
    Се радуваат со мене како малечки дечиња со играчка . :l:(heidy) посреќен ми е денот со нив.
    Еве вакви се и двете црни замислете :D:D:D
    October-05-2012-02-15-32-yayayyaa.jpg
     
    На Sexybaby86, Chicken.che, fighter и 17 други им се допаѓа ова.