Се сеќавам, како мала многу често заспивав додека се возев со кола... моите како „лек“ на тоа го користеа мојот најомилен лик- Пикачу (заразена бев од тој цртан). Секогаш кога ќе ми се приспиеше, моите ме занимаваа и викаа „Мила, стани да видиш има Пикачувче“. Денес кога ќе се сетам на тоа, смеа ме фаќа, ќе помислат луда сум, од ништо се смеам. И тие Пикачувчињата ги сконтав како билбордите, па билбордите ми беа мене Пикачувчиња. П.С. Секогаш кога ќе видев билборд, викав „Еј! Пикачувче!“
Јас на прашање (на мобилен беше ова): „Sto pravis?“ Одговорив: „Sexam“ наместо „sedam“. Јас ли сум крива што ги ставиле d и x блиску на тастатура? Добри сме
Влегувам во еден локал, беше толку темно што прст пред око не се гледаше, така задимено што помислив дека сум стигнала во пеколот, возот излета од шините и ситуацијата излезе од контрола кога после некое време ми се пушти едно младо и малолетно `рскавче. Он упорно се врти околу мене, а во мојата глава веќе се вртат слики како сум осудена и казнета за имање односи со малолетник. Изморена сум од тој ритам на пробивање кој се врежува длабоко во колковите додека беснилото тече од усните, крвишта летаат од очите и ставам црвен печат на бела кожа, а додека јас ја губам свеста, секој нареден потег е совршено обликуван од неговите раце. Се будам и отварам очи, понекогаш порано, а повеќе покасно и секогаш паметните мисли ми доаѓаат кога веќе сум направила голема глупост. Додека го гледам, грозоморно и внимателно поминувам низ сите валкани игри што ми оставиле траги на рацете кои не се чистат со обична вода, а само тоа го имам. Некаде во позадината на мојата потсвест, се прашувам, дали да молчам или да врескам?
http://www.makdenes.org/content/article/26693405.html Кое е бачево бе, да му пуштам година честитка од Америка? И едно пакетче м&м, дека ќе немам пари за друго....... Тоа е тој муабет - седете си дома, на топличко, со мајка и татко, зимајте се, раѓајте, кој може, ќе успее, кој не... закон на џунглата.
и така песните кои ми се полни со спомени стануваат хитови и јас морам да ги слушам насекаде и да се потсетувам..
Никогаш не сум можела да разберам,зошто моите врсници и помалите од мене толку избегнуваат да јадат македонска храна. Мене од секогаш омилена ми била Чорбички,ајварче,туршија,гравче... Ме топли некако таа храна,ме потсеќа на опуштена атмосфера дома,со семејството,секојдневни муабети исполнети со шеги и македонска народна музика во позадина. Мераци. Со душа си чекам Божиќ,Бадник,слава,роденден и именден. Зимава ми е најпразничен и најсемеен период.
Во последно време станав зависник од чаеви. Вчера имало промоција на некои овошни чаеви и тато ги купил да ги пробаме и еве сега си направив чај од праска, цела соба ми мириса на праска... Денеска и покрај времево, ја сум расположена, да потраат ваквите денови...
Сакам да кажам... Барем некој од тие двајца што сум ги имала како нешто у животот и на фин и леп начин ме откачиле со безбезе аргументи, да се јави. Барем да напише како сум и не мора да вели дека му недостигам, онака човечки да прашаат. Знам дека секогаш сум била фер и во пријателство и во такозвано врска, али некој не бил и тоа е тоа што не повредува секогаш...
Си ја средував собата.Симона ја средува собата,значи пазете,очекувајте снег.Ете така.И така средувајќи ја собата јас дома,кој ме гледа шо како,си се облеков сви ми боје лепо стоје.Од главата до петиците:црвено капче,розево блузе,волнен елек,зелени панталончиња,како хеланки се фактички и виолетови влечки.Со овој волнениот елек ми се чини дека наликував на Исмаил Џемаили ако се сеќавате на оној овчарот.Е баш како него.И сега го отворам балкончето од кај мене в соба и комшиите од другата страна се.Е ко излезе еден се загледа во мене.Си вели човекот:со кој сум во близина Господееее ....Ама тоа не е се!Си пуштив песна во ходникот и ко некоја несалам,фактички како Неда Украден играв,си пеев песни и денцав.Ама мижев, демек да почувствувам енергијата на движењето.И така татко ми се смееше.Моите певачки способности си ги покажав и во соблекувалната на часот по спорт.Ко му се качив на клупата ко му запеав инглиш-минглиш таму,ко заденцавме сите хаха,абе караоке без пари.Кај го има то?Кај мене бе.А и си велам со овие маливе.. помодерни од мене испаднаа.Одам на роденден и едно девојченце од 12 год со мобилниот преубав така,го испокршила оти сакала нов и екранот му беше решето,прашува уште неседната како е пасвордот.На роденден си девојко или на интернет кафе?Друга пак,оваа малку поголема,14 години.Таа со ајфонот в раце.Се изнасликаа со тие муцките така duck face демек.Јас сеуште мислам дека патката поубаво ќе направи така отколку овие,оти е патка нормално.И така ви велам.А јас иако ми е на допир така,не ми е некој смарт телефон,не фаќа интернет,а зошто Господ знае.И така ви велам...Убаво времето иначе,да...
Убав збор, преграткаи доверба кон некому заедно вредат повеќе од полн плакар брендирана облека. Не, вредат повеќе и од најубавата куќа на светот. Вредат повеќе и од најубавиот автомобил. Вредат повеќе и од одмор на Бали. Вредат повеќе од се` ова заедно.
Навистина е бедно кога, во недостиг од нешто креативно и свое, убедливо за пошироката јавност, паѓаш толку ниско и измислуваш глупости во кои и дете од градинка нема да ти поверува. Потрагично е кога си мислиш дека си смешен и дека публиката ти ракоплеска на твоите глупости. Ама така е тоа, кога ќе почнуваш да забегуваш од твојата замислена центар точка, мора да се вратиш во центарот на вниманието, макар и фиктивно.
Не разбирам како може некој да нема почит према постари луѓе.Кога ќе се замислам низ што сѐ поминувале во животот...и војни и физичка работа 24/7,повеќето живееле многу мачен живот,жално. Барем на старост заслужуваат да имаат барем малку мир,да поуживаат.Ама не,секогаш ќе се најде некој паметњаковиќ кој нема ни трошка почит и разбирање,па навредува и се подсмева.Мизерно. Од бабите и дедовците многу може да се научи.Еве конкретно баба ми,не дека си е моја,ама женава е ангел. Секогаш има совет за било кој проблем,се труди смирено сѐ да реши и секому сака да му помогне.Има 78години,Бог да ја поживее,и на овие години не се жали од работа.Има голема толеранција,трпение,зрачи од добрина.И не можам а да не ја почитувам.Горда сум што ја имам,ѝ се восхитувам.
Сјебана генерација лвл: Нема слушнато за „Тешкото“, а ја знае „Чути док те карам“ од А до Ш. Еве, не знам. Ко фамилијата да ми ја навредиле...
Извенете ме на израз ама уште "кака" не сум ставила на косава . Ех па, јајце, масло, чаеви, ваква маска,онаква ... и никако да се опорави. Ај што ич не сакам да ја скратувам а Морам знам, па за никаде ми е, Разлетана како прстиве да сум ги бутнала во штек , Е така де. Ја сакам мојата некогаш природна бјутифол косаа а а а
Од таквата академска граѓанштина што по штабови спие и во унии на млади сили воздигнува вредности, е од таквата си патиме, и од комплексите нивни. Ура ура култураааа