Од утре вртам нов лист. Ако до сега мислевте дека сум директна, почекајте до утре. И нема да ми биде битно кој ќе си отиде од мене , битно ми е кој ќе остане
Она кога го поместуваш малку креветот, и зад него наоѓаш 2 пенкала, 20 денари, етикета од блуза, еден лист, 3 вонземјани и 6 еднорози.
зошто некој не измислил некоја справа да ни ги избрише лошите сеќавања.да не се сеќаваме на оние кој не повредиле.
Сакам да кажам дека одамна сум останала без зборови. Се чувствувам како некоја немирна но празна река во која има само празина. Врви по планини и долини, и одминува безначајно по темните хоризонти на ноќта. Ита од брег до брег и не наоѓа ниту школки а камоли бисери. Тажен е животот, онака кога ќе сумираш колку драги луѓе те напуштиле или си ги напуштил ти самиот под некои несреќни околности, а со истите си делел прекрасни моменти. Сега тие спомени ги мотам во мали црвени машнички кои очајно ги стискам во раката и сфаќам дека се станало труло и пусто како и јас самата. Најверојатно бидејќи ме дрма возрасното доба. Ахам, значи тоа било оној период во кој сфаќаш дека ништо не се јаде, а најмалку она што лета. И така, за кратко време повеќе нема да бидам ниту тинејџерка. Тоа најнтин ќе се претвори во твенти. И тоа мало буквиче н кое делува сосем безнајачно, прави огромна разлика во мене. Немам ни кого да поканам на роденден всушност. Сама ќе си ја дувам имагинарната торта на дрвената маса, дур ги простирам мислите и ги губам низ мозочниве ми ходници. А и не правам торта од причина што не мислам да ги трошам финансиите на моите кои и онака се далеку бајни. Но, знам дека нема да биде ниту прв ниту последен осамен роденден. Живели.
...сонувам сабајле дека ми ѕвони телефонот,се будам навистина ми ѕвони. *Заклучок: верувајте во своите соништа,се остваруваат.
СДК дека немам посебна идеја што да кажам, ама сакав да шкртнам нешто на страна 666, освен ако не ме префрли на 667
А место заедница, задница јас во една порака а ситуација е ептен озбилна. Па сум избришала е без да видам.
Тажна и депресивна лежам и уживам во тишината и темнината. Чекај во што уживам? Во депресијата што ме убива, во чудните мисли што ме прогонуваат и што помислувам на работи на кои што навистина несакам да помислувам?! Во тоа ли јас уживам Што се случува со мене? Зошто мора да има ваков период во кој јас патам и посакувам да ме нема. До кога ли ќе се чуствувам вака бедно и несигурно?! Многу ме боли душата, сакам да ја снема таа тежина во градите и кнедлата во грлото што ме стега без милост. Јас патам тивко и полека во себе, но солзи нема. Каква е оваа состојба се прашувам? Што е тоа што ме прави да се чуствувам вака проклето лошо. Дали престојот во оваа куќа мене ме прави ваква. Сета негативност во оваа куќа ме гуши и психички ме убива. Сакам да си заминам но немам каде. Излез барам , излез нема. Моментално нема излез, а знам дека постои само треба да се потрудам да застанам цврсто на нозе и да ја побарам таа среќа што ме чека. Додека размислувам за среќата ја чуствувам болката во себе. Не би сакала да посегнувам по лекови и алкохол, нема да има крај. Не, јас не го сакам тоа. Моментални убивачи на болка не , сега не. Ќе најдам подобар начин да ја победам оваа состојба , оваа болка што ја чуствувам. Само знам дека треба време. Ама во ред е, спремна сум , ќе чекам и ќе издржам за да се борам и да најдам начин за да бидам среќна. Што поскоро ,тоа подобро затоа што оваа состојба психички полека, полека и несвесно ќе ме убие...
Најдобри се комшиските слави.Не работиш ништо,не помагаш а дегустираш дали ќе им се допадне на другите.
СДК ... Се повеќе си потврдувам сама на себе дека животов е циклус од периоди. Апс енд даунс ... И секогаш кога е периодот на позитива јас очекувам да ме руши периодот на рамнодушност, разочарување ... Па пак да ме изненади период на пријатности, адреналин ... Ии сее така во круг. Ах тој мој маѓепсан круг!
Петокот бев Скопје и ме фати носталгија за старото маало. Ех, да си испијам сега едно кафе на тераса дури комшивката од кулата наспроти спростира алишта... И да ја поздравам со мавтање како секогаш, а таа да се чуди на децава од провинција
Самокритичност. Си дијагностицирав потреба од секс. Колешката на пример не го препознава повикот на либидото или ги потиснува прљавите мисли, оти е она, наравно, чесна и гневот го истура наоколу. Мислите ми шетаат наоколу, ме обвива монотонија и тензијата станува неподносливо жешка. А него не му е гајле. Спојлер
Понеделник утре.Да ви кажам право му се радувам.Поминаа тие чудни емоции.Знам дека постапив правилно.Зошто тоа беше единственото што ми преостануваше.Немав друг избор.Понекогаш кога ќе се двоумуте да направите избор, размислете што би сториле во крајна ситуација и го имате одговорот. Не велам да си оди во крајности , туку да анализира, да се најде комромис,онаа златна средина од која сите би биле задоволни.Но не.Секој сака да е во право и кога длабоко во себе знае дека греши. Се чудам како ги исполнува туѓата болка? Што треба да направи човек,за да другите го гледат како човек? Толку ли е посебен? Како ништо да не е доволно на овој свет, та секој се чувствува осамено? А толку не има, нели?
Не се доживувам себе си повеќе, потребно ми е да се огледам за да се осигурам дека суштествам воопшто, мал стисок на таа илузија наречена кожа, за да се сетам дека сум овде, сега.. Во гради емоционална бура, нешто што на филмовиве го нарекуваат middle age crises, само јас сум премногу млада за тоа. Една кисела насмевка секој ден штом видам светлина, една пред пречекорување на прагот и секој лик наоколу го замислувам мртов. Станав жив мртовец. Не е можно колку може човек да се промени за кратко време. I guess I'm not strong enough.
Хах, нечија резервна опција или нечија вредносна опција ? Битно нечија, само да не е сечија ... Едноставно некои прашања остануваат вечно без одговори.
Ако не си благодарен за нештата кои ти се подарени, лесно можеш да ги изгубиш. Се додека не научиш да цениш и да не бараш секогаш повеќе. Добра ноќ!
Ебати новиот изглед на форумов! Се е сменето, покомплицирано и додека се навикнеш... Не ми се ни разгледува повеќе по темите да си читкам. Многу сакав да си се искажам. Тапа.