Во време на постепено губење на средната класа, остануваат само оние кои што имаат и оние што немаат. За разлика од првите, вториве се похумани и подарежливи од првите. Немаат многу но ќе го поделат и тоа малку. Бидејќи знаат како е... Не цени го човекот по облеката и оној негов нагласаен акцент на божемна култура... Понеделник, мрзливо седнувам на моето работно место на кое машкото друштво е поприсутно. Знаат да ме насмеат до солзи, да ми дигнат низок притисок, но има нешто што не ми дава да им се налутам... Во годиниве јас ги прифатив нивните мани и доблести, а и тие ме прифатија со се нив. Лажно е да се каже дека некој ги нема Чај од шумско овошје приготвен од машка рака. И некое чувство на планински спокој во урбанава џунгла.
Оние кои осудуваат некого, без причина, само заради лични интереси, скапо платиле, не за друго, имав можност да го видам тоа, случајно.Коинциденција или не, карма или не, се деси.Секогаш е подобро, за нешто што не знае човек, да премолчи, на крајот на краиштата, воопшто и не е тоа толку важно, со кое човек треба да се занимава во животот, а ниту пак се добива Оскар за тоа.Бидејки треба и на последиците од своите постапки према некого, да мисли човек, не само да се залета, мислејки дека е достоен за осуда.
Само Скопје е метрополисна џунгла, а останатите градови се примитивци за љубезност. Ех, Скопје мој граде шта ти раде.
Абе се е поинтересно од учење, не викам не. И Елена Ристеска маскирана у Харис Џинович е атракција, и ѕидот бело варосан е секси. Дури и само гледањето во една точка изгледа кул, и попрво би роварела во неа отколку во книгава. Имајте убав ден на и уживајте во тоа малку сонце кое не огреа, ако имате прилика. Само излезете и ич не му мислете.
Пет проклети месеци...секој изминат ден боли се повеќе и повеќе...Утрото будна го дочекувам...се надевам дека се е само сон и дека ќе се појавиш од некаде,ќе викнеш,ќе се насмееш,ќе го слушнам твојот глас од некаде... Сега само во сонот можам да те видам,да зборуваме,да ми се насмееш,да ме погалиш... Добро е,се може да ми земат ама соништата никогаш... Само се залажувам,оваа моја надеж ќе ме убие... Суровата реалност ме убива... И при најмала радост,ете ги повторно тие слики...Како да се радува човек кога се подсетува,секој детал... И пак,секој ден што доаѓа станувам и си легнувам со истите мисли,со реалноста... И пак тагата го покрива моето лице,солзите се борат да не излезат од моите очи,огромна грутка ми стои во срцето...боли,многу боли...А на мене сепак ми стои истата маска на лицето...која кажува дека се ќе биде во ред... И ќе биде...можеби...
...кога комшијата од пуста радозналост уште од сабајлечки ти измислува приказна....е бесценетиот момент што постои само на овие простори...Како да не ти фали оваа чудесна и волшебна земја...
Многу ме вади од такт гласно јадење. И како за баксуз сите луѓе што ги знам гласно јадат, абре како можат? Овој мојов ми вика ти не си арна понекогаш претеруваш, да знам дека некои работи ги преувеличувам ама пак мљацкањето ужасно ме вади од такт. Како бе не се срамат и не внимаваат? Не е прашање само сакав да си кажам
Во хуманитарни акции не најдов тема адекватна, би сакала да испратам некому ако му треба облека за бебе, дечиња поголеми, играчки за дечиња, можеби некоЈ да знае некое така социјално загрозено семејство. Ако сакате, би ве замолила напишете ми... некако да ја изреализирам оваа моја идеја. Благодарам однапред.
И еве го уште еден 17 ноември... заокружени уште 365 дена дружба, уживање и скоро толку утрински кафиња придружени со вашите редови - цели 2 години откако се зачленив на Фемина! Колку и да звучи клише, овој датум можам веќе да го вбројам во групата на „кога помина толку време?“ датуми. Веќе којзнае кој пат по ред си помислувам - како да беше вчера кога се зачленив, а истовремено за многу личности тука се чувствувам како да ги знам многу подолго. Фемина експресно ми стана секојдневна релаксација, хоби за кое секогаш наоѓам време и на коешто поминатото време не му го намалува статусот на најомилено виртуелно место. Со многумина од вас напишаните редови муабет ми се задоволство, иако ги познавам исклучиво виртуелно - се чувствувам како долго време да се знаеме лично и од се` срце се радувам на некоја убава вест или макар обичен позитивен пост од нив, исто како за некоја блиска личност. Секогаш тука се наоѓаат членки кои можат да те изнасмеат од срце или такви од кои можеш да научиш некоја мудрост од училиштето на животот, креативци со чиишто редови уживаш покрај кафе и колачи чувствувајќи се како да читаш прекрасна книга, интелигентни и прекрасни луѓенца кои со своите ставови ти ја враќаат надежта дека сепак постои добрината и човечноста. Се радувам што сум дел од ова големо семејство и времето поминато тука дефинитивно го сметам за квалитетно поминато, сите сте ми драги на свој начин и секое пријателство што сум го стекнала тука ми е посебно. И да не должам веќе, туку и да ве почестам како што е редот.
Дали се‘ околу нас изгледа така страшно или ние само на страшното му обрнуваме внимание. Се‘ е ствар на перцепција. Не си го трошете времето на темни мисли, не си го оптеретувајте мозокот со зошто? како? ама каде? што му текнало?... во голем процент не добиваме одговор на овие прашања, а и да добиеме, не ни се од никаква корист. Живејте. Времето лета.
Седам во собава со топло какао до мене размислувајќи за Божиќ.Има уште време,но не знам дали ме фаќа таа предвремена еуфорија.Одсекогаш сум имала некое чувство во градите кога ќе се спомне Божиќ,Нова година или Бадник.Нешто неописливо.Си го пијам каково и се подсетувам како минуваа овие празници низ годините.Цело семејство соберено на една трпеза.Сите се смеат се шегуваат.Дедо ми ќе кажеше приказна за неговото детство.Со нетрпение ги очекувам празниците.Имајте убава ноќ
Хеј, јас сум Тага Осаменовска, немам своја поддршка ниту некој со кого сакам да споделам се. И сакам таквиот да го пронајдам. Некој кој ме разбира .Дали постои некој кој ме разбира ? Постои ли? Не, очигледно не. Некој кој би бил до мене во вакви моменти, постои ли таков? Постои?!? Зошто сите молчите??!?! Не постои. Ми треба некој таков... Барем за да ги пополнува оние места кои немможам да ги пополнам со друга личност.. Барем за да ме напрваи среќна . Постои ли таков пријател , сопатник..? Тишина. Никој не сфаќа за што зборувам. И никогаш нема да ме разбере. Таков не постои. Секоја личност во себе крие болка , која , може само тој да ја сфати .. Тоа чувство.. Ретки се таквите. А можеби и невозможни. Но, јас ќе го барам ! Ќе го барам се додека да го пронајдам ! Ќе чекам, па и да е залудно, ќе се надевам , ќе верувам! Нема да се откажам , мора да има таков. Тоа е најважно. ♥
..Сакам да кажам.. т.е Сакам да се пофалам смеам ли ..ххх Колку сум пресреќна и возбудена и изненадена поради добиениот, да кажам ПОРАНЕТ роденденски подарок Од татко ми ,а тука е и мајка ми секако Овој мини купер е сега вo сопственост на една брзоплета девојка, во одредени случки голема паничарка(сега сум помалку од порано,НО сепак сум!) ,..на девојка која студира еконимија а ни Е не е од економична хх и девојка која воопшто несака да ги почитува законите и прописите Добро дoста со моите "доблести" ..