Уморна сум од преместување океани и планини за луѓе кои со прст за мене не би мрднале. Другарството ептен често се злоупотребува... Тешка е самата помисла некој да те предаде,а за предавството да не ни збориме..
Сериозни сте со наочарите на глава дури и кога нема сонце, туку врне а вие сте во затворена просторија, на пример на час?
Повеќе од 15 минути ја вртам темава и ниту едно мислење не сум прочитала.. мислите ме водат на друго место, надвор од градов . Деновиве не функционирам, постојано сум во кревет со далечинското в раце и голема чаша какао и не дека пијам од него, така ја држам чашата се додека не се излади и се додека не добијам понуда за ново од мајка ми или брат ми и така се во круг.. Неделава е полна со вести кои ме оставаат без зборови, вести кои не бев спремна да ги слушам, поготово не е од толу блиска личност, незнам дали да се радувам или да плачам за таквата одлука, да беше прав изборот верувам дека ќе бев пресреќна, ќе се радував како што би се радувала за мене а вака... изборот е погрешен, не можам да се навикнам на тоа, не ми оди тоа, никако не можам да се навикнам, ме изненади таа реакција од личноста која ја сметав за зрела, личност од која не очекував дека таква голема одлука, ќе донеси за така кратко време, личност која без да трепне си го уништи животот а донесувајќи таква одлука уништи и нечиј друг живот. Не судам, нејзин избор според мене многу погрешен, но ете нема назад, биднато е веќе, не може ништо да се смени само што јас не можам да се радувам така како што таа очекува.. Сега сум на средина, која е вистинската одлука.. морам да изберам едно..
Со текот на времето сфаќам дека сите на еден или друг начин си заминуваат.Позади себе оставаат само тага и спомени. Прашањето е дали да тагуваме по нив бидејќи останале само спомен во минатото или да се радуваме што во одреден период бил дел од нашиот живот?
СДК, интересно би било некој да си направи профил „5653 други“ и да става лајкови насекаде „На Трајко, Петко, Стојна и 5653 други“ им се допаѓа ова.
Не можеме да сватиме дека не постојат зборови кои би го опишале она кое постои во срцето. Тоа го може само погледот. Тој секогаш кажува повеќе од зборовите. Нас токму тоа не збунува. Токму тоа не го сваќаме.
Некој секогаш ќе биде по убав Некој секогаш ќе биде по паметен Некој секогаш ќе биде по млад Но ниту еден од нив нема да биде како тебе. Да живее Канје.
Многу сакам кога некоја книга ќе ми ги заскокотка сеќавањата и ќе ми ја разбуди љубопитноста, па ќе ме натера во ниедно време после полноќ да се пикнам во шпајз и да барам стари тетратки. Избравме една многу убава книга во клубот, која ме потсети дека едно време чував ливче со состав на тема Каде се гледам себеси за 10 години. Се сеќавам дека тоа беше уште во основно, што значи дека тие 10 години веќе поминале. Ама за жал, ливчето не можам никаде да го најдам! А јас сум од оние што имаат кутии по дома полни со карти од кино, театар, концерти, некои љубовни писма, рачно изработени честитки, споменари... Секогаш чувам такви работи, ама ете, тоа ливче сум го изгубила. Не се ни сеќавам што сум напишала тогаш, на 13 години којзнае какви планови сум имала Можеби тогаш за една деценија сум мислела дека веќе ќе бидам мажена Порано се сеќавам дека 23-24 ни беа идеални години за мажење. Сега кога ќе се сетиме на тоа со другарките, не можеме да се соземеме од смеење. Не знам што сум напишала тогаш, ама сигурна сум дека во план ми била сосема друга професија. На тие години, мојов факултет не ми паѓаше ни на памет. Да можам сега да се вратам во времето и некој да ми каже каде ќе бидам денес, сигурно нема ни да поверувам. Ама таков е животот - непредвидлив. Не успеав да го најдам тоа ливче, ама сега ќе си напишам ново. Само здравјето да ме служи, па да го отворам за 10 години и да видам дали сум успеала да ги исполнам сите планови и замисли
Горда сум на студентите денес. Конечно дебилчињата уште неиспилени пикнати во костумчиња и деловен филм од СПУКИМ и студентските сојузи се уќутеа и излегоа вистинските прогресивни млади умчиња. Браво дечки, само напред! Правите она за кое мојата генерација немаше храброст. Илјада пати браво! Денес не 10ки, туку од прв до последен го дипломиравте животот, зошто така се прави, а не мојата безкичмена генерација од збунети родители. Надвор од ова, ама сепак за студентите. Ми предизвикува благо гадење кога млади дечки, се уште на факултет дозволуваат да бидат изманипулирани од наводно искусни опајдури за пет пари да ги стават во бизнис филм. Па децава се растрчуваат мислејќи дека прават нешто корисно, а некој пере пари преку нив за неколкугодишен неодржлив проект... Влезени во сценаријо со костуми, со бизнис облека, со СВЕ што би се рекло, организираат гзолижачки настани и мислат дека се муда од лабуда. Кога студентите престанаа да се студенти? Кога децата престанаа да се млади? Кога младите престанаа да се самите љубопитни и да бида критичката мисла и почнаа да се гаат со наводни позитивни површни психологии од типот - зграпчи го денот, си газиме, си вакваме си онакваме?
Ех каков е животот чуден.. и кога ќе речат тркалото се врти, со крв потпишвам дека во право биле. Тие што секогаш се правеа најпаметни и најизживеани и зборуваа секако за мене дојдоја од мене да бараат совети и помош.. Човек со кого никогаш не сум била во добри односи, од средно училиште сме се презирале дојде да ме моли за помош за нешто кое му зависи од мене за на крајот да ми кажи „Цел живот сум имал погрешно мислење за тебе и никогаш не замислував дека си била толку стабилна и сериозна личност..“ после тоа другарка која секогаш ми „солела памет“ кога биле во прашање врските како „постара и поискусна“, стигна да се понаша бетер од дете за јас на крајот да и делам памет И како дојде тоа јас да сум најзрела од сите овие такозвани зрели луѓе не знам и се чудам како можи сите да бараат совети за врски од мене а јас сеуште да немам дечко.. еве не знам Ама едно ќе речам, не е до искуство.. туку до карактер е, ете едноставно некои сме такви.. сме созреале точно со годините додека има некои кои секогаш ќе останат деца.. Да не речите се жалам, не напротив.. мене ми е супер и вака сама, дури и повеќе од супер.. Кулирам не се замарам за ништо, нема за кого да мислам каде е и со кого е, дали ме изневерува или не.. само се чудам зошто досега ете не успеало со претходните, ама после се сфаќам дека проблемот не бил во мене туку во нив.. Тие биле неизживеаните а не јас. Како и да е.. се ќе си дојди на свое место и во свое време, не се брзам..
Сакам да кажам дека после зеленчукова супа, мешана (турли) тава, благо турско кафе и 2 крофни со шеќер во прав и чоколаден прелив... хммм...едно чинивче кикирики и неколку кисели крставички...некако .... ммм и чај од брусница... не ми е добро Стрвно бе... стрвно...све што најдов низ кујна собрав... А, да ... денес испив 3 турски кафиња (а за мене тоа е мноооогу) и не знам како ќе заспијам вечерва. Ќе дежурам изгледа....
Што ако ти кажам дека во диско можеш да влезеш и без да се облечеш како бугарска ороспија..? Инаку арни сте вие? Шо има новоо Ааа и да ви се пофалам си купив нов телефон
Јас си имам едно место на светов каде што си го оставив срцето. Едно место што секогаш во моите очи ќе претставува рај на земјата. Ме фаќа носталгија... сакам назад.
Идеална работичка за мене би било да сум во некоја лабараторија и да си правам изумчиња. Не, нема врска, немора да биде и лабараторија нека биде и само обична просторија, се што ми треба е компјутер со неколку програмчиња. Идеи имам еден куп, да сакам да развивам нови производи, нешто што досега го нема, нешто што ќе биде толку корисно и нешто што би олеснило многу работи. А ње, идеите не ги откривам, досега имам направено неколку кои кога тогаш ќе испливаат на површина и ќе си ја добијам заслугата. Најинтересен и најзабавен дел од сето тоа ми е тестирањето, односно да видиме колку е реално изводливо тоа што сум го смислила и нацртала, тука почнува и тешката работа и вистинските проблеми со предметот. Ако мислите дека тоа е најтешката работа во ова, не е, најтешко е да успееш да го пласираш некаде производот, а најлесно е да ја направиш економската анализа. Знаете, некој потрошил многу време и изгубил многу мозочни клетки и нерви додека го доведе тоа во ред, да биде исправно и корисно, да работи како што треба, да има пристојна цена и да е направено од супер издржливи материјали, за подоцна некој да го буши во мозокот и да го убедува дека не вреди сето тоа. Тука мора да се помине низ милион препреки, да се сретнеш со милион луѓе, буквално да ги убедуваш и молиш за да ти дадат шанса да го претставиш својот изум. А којзнае, можеби купувачите ќе полудат по тој нов производ, само треба да го видат, а од ваквите препреки можеби и никогаш нема да го видат и можеби никогаш нема ни да знаат дека постои нешто такво, а секако можеби и ќе ти ја украдат идејата овие типчиња со пари и ќе си останеш со прстот во уста. Се е можно, се е ризик. Само би сакала да постои некое такво место каде што ќе развиваш производи и веднаш ќе ги пласираш, без убедувања, без молења и без препреки. Да можеш да ги презентираш директно на производителите. Ммм утопија изгледа.