Се трудам да заспијам,ама не иде. Мојата слатка ќеркичка слатко спие, сопругот си цепе дрва на велико, а јас си пејам " иди иди несанице ,да не видим твоје лице...."
Лична хигиена е ствар на навика, ама јак парфем, кој го дразни синусите на цел автобус е навистина без осет. И да, иако температурите за овој период од годината се прилично високи, "дами", комбинација на капут до колена и салонки, во најмала рака делува смешно.
Понекогаш се' што посакувам е кога ќе ја ставам раката во ташна, во целиот тој хаос, од прва да го дофатам тоа што ми треба.
Не знам кое задоволство имаат некои луѓе од навредување, понижување... Зарем е потребна сета таа демонстрација на повисока вредност ?!?! Буквално ми се гади од такви луѓе, добри спрема тебе до вчера, а веќе откако те искористат те отфрлаат како стара крпа. Си седам и на мои 20 години се чудам како е можно да сум толку наивна, да верувам и помагам на секого, а на крај пак да сум јас таа разочараната. Ми се крши детскиот дух што го имам во мене, што уште како мало дете верувам дека сите се добри... Големо разочарување, кнедла во грло, солзи во очи и обвинување кон самата себе за наивноста е тоа што останува на крај. Се надевам дека еден ден ќе се научам да не верувам на секого толку лесно...
Оно кога си во тежок ПМС, буквално саати пред добивање, излагаш од када бањата (на ефтина струја нормално Егеец хелоууу ) и се запрашуваш зашо не тепаш пајаци човече у 3 саатот бе. Па добро значи вака сега, немам навика да тепам пајаци и такви чуда.... Па гледам горе 3 се накотиле, Хепи 3 френдс што се каже, па се осеќам ко Цацко на прасето шо му вика ЖИВЕЈ бре, Живејте бре, Шо ве ебам, не ве тепам . Сега, комарци тепам да се разбереме, у самоодбрана нормално. Па да бе, гледав еден видео клип, за некој човек шо се вратил од рајот (знам дека трипам, не сум Јеховин сведок , i promise ) Па каже- Во другиот свет и за мува одговараш . Па добро сеа, за една мува не сакам да горам у пеколот бе, т.е ја може ќе горам, не знам али сеа И ЗА МУВА ПЛУС ПА НЕ МОЖЕ Абе трипам и јас, ми се јаде чипс јадам пудинг... Кој ќе суши коса сеа . Не е лето.. Пф,а и не ни сакам па лето да бе да се потам овде! Ле ле, ај кафе ќе си варам сеа.
СДК се заљубив. Конечно си го признав тоа на самата себе. Се негирав, ама денеска... признавам. Уф....
Оној момент кога ќе се погодат добри докторки и ќе почнеш да правиш муабет. Требаше вакцини да примаме и сега ја ко демек исплашена и ајде две по две ќе влегуваме и ние заедно со другарка ми. Она ќути, не покажува дека и е страв, а јас ко празна воденица. И знаев дека ќе почнеме да збориме за симпатии и ми викаат ако имаш симпатија, помисли на неа и нема да боли. И стварно бе Људи не болеше, а баш пријатни докторкиве, за првпат, се имам налетувано на некои арогантни, нерасположени, нервозни.. Значи заклучок од денеска, да бидам скоро секогаш расположена, бидејќи така се шири позитивна енергија, доста ми беше од негативната.
СДК им се љутам на ЕВН Пакистан затоа што им снемува струја редовно и не можам да си се изназборам со @SV1911 ко што треба
Извинувањето секогаш не значи дека не сте во право, туку само дека умеете да ги истакнете позитивните манири пред сопственото его, знаејќи колку е тешко чувството сам со себе да се пресметуваш.
Se dogovoriv so baba mi za zgolemuvanje na dzeparacot ako sekoj pat koga ke vleze vo mojata soba da nema prasina .... ali baba mi e malecka i poradi toa mozam da ne brisam prasina od gornite polici bidejki nemoze da vidi niti pak da dokaci so racinjata do tamu Yipman 1 -0 Baba.
Јас сум тип на човек што незнам колку пара чорапи имам, што тешко можиш да ме налутиш и разочараш, што незнам колку пара хулахопки имам, што не можиш лесно да ме изнервираш, што не можам да носам еден ист градник повеќе од 3 дена, што сум другар со другарите на дечко ми, што секој ден го шетам кучето без разлика дали врне или е +40, што сум глупаво добра со сите и имам ужасна грижа на совест ако кажам нешто лошо во афект на нервоза и одма грло ме стега и срцето сака да ми скокне од гради, што сум глупаво добра со сите а знам дека не вреде, што сум глупава добра што да можам и последното мое ќе го дадам на некој друг пошто сеуште глупаво верувам дека да си добар се исплати и дека сеуште има мал процент на добри луѓе. Јас сум тип на човек што кога последниот месец и пол додека одев на пракса, едвај чекав да дојде време да си купувам топло лиснато/ѓеврек и јогурт и пред мене скоро секогаш се појавуваа кутрињата улични и секогаш им ги делев лиснатите или ќе им купам виршли,па после пак за мене ќе одам да купам, а адвокатот ми се чудеше ама после и он оставаше јогурт за мачките што седеа до соседната месара со надеж дека некој нешто ќе им фрли. Јас сум тип на човек кој тешко дозволувам некој да ми стане близок, резервирана сум кон секој еден нов човек кој ќе ми се приближи, јас ќе зборам ќе се смеам со сите нив, ќе бидам позитивна, ама ќе бидам затворена и резервирана пошто толку многу лошо сум почувствувала на мои млади 23 години, сум била сведок на толку завист, љубомора и омраза што незнаев дека човечката раса може да поседува, пу бе, да ви се плукнам на сите вас таквите, вие ќе живеете сто и една година, да го измачувате човечкиот род, и сите блиски околу вас, дури ни болестите не ве сакаат, арно викаат гром во коприва не удира. Не можам да кажам дека им посакувам нешто лошо на овие ваквите, само заради мојата ебана грижа на совест што ме демне како ангел чувар или како ѓавол би рекла, незнам колку е добра - колку штетна, ама само се надевам дека за вас злобните има посебен круг горе, после смртта, се надевам дека таму ако воопшто постое, нема пак да сме сите на исто место, не по втор пат! И ми олесна, фемино моја, што би правела без тебе. Сега на раат можам да си го почнам денот. Без нервози, без глупави мисли, сакам само да дишам длабоко и да не ме стегаат градите. Имајте убав ден и гушнете си ги тие дома, само тие ви се вистински пријатели и само од нив ќе добиете безусловна љубов и подршка.