Значи ништо неможе да ме извади од такт, како што мифка што нема вода во очите, пробува да ме избламира пред другите со нејзиниот сарказам, секако на шала! Преку глава ми е од глупи луѓе што брбљаат повеке од пола саат тераат некој безвезен муабет, а муабетот- нема поента. Ама тоа е нема со што да се пофали во животот дека нешто постигнала па ќе лечи комплекси преку други луѓе. Жално! Незнам зошто и воопшто се замарам... не вреди! Отидов да спијам, Лека ноќ.
Колку повеќе се правдаш толку повеќе луѓето ствараат погрешна слика за тебе,малку чудно и извртено но тоа ти е.
Така е зошто кој е во право, нема потреба што да се правда. АКо тебе совеста ти е чиста и мирна, нема што некому да полагаш сметки. А, и ќе видиш дека луѓево намерно провоцираат, иако ја знаат вистината. Мене ми се здосади од фејк фаци. Не користам вакви зборови, ама баш тој збор ми дојде утрово. Овие денови ме нема тука, си шеткам на сонцево, си работкам по дома...ама сите со кои се сретнав се некако влезени во некој филм. Еден искрен човек не сретнав. Навистина ми се здосади од тоа некој да ми глуми. Биди таков каков што си, што ми е мене гајле. Подобро биди искрен и расипан, отколку лажен ама најличен.
Секако многу реално кажано,сепак мисла дека љубомората кај некои личности е поизразена и незнаат како да те понижат и се служат со невистини и лаги,зборат се и сешто за тебе без да те познаваат лично.Фала ти много поздрав
СДК луѓето се комплексна работа, со нив никогаш не знаеш како. Но сепак од грешките учиме, па затоа животот не учи како да се однесуваме со секој поединечно.
дека сакам да бидам на планина некаде во моментов. Без мобилен, без комуникација со досадни отоци луѓе. Само снег околу мене, скиите под нозе и многу сонце.
Страшно е како луѓево се губат во измислувањето лаги за да се истакнат себеси, за да се заштитат, бидејќи очигледно се убедени дека се загрозени на некој начин. Покрај тоа што лажат па и самите почнуваат да веруваат во сопствените лаги, а тоа е најопасно, бидејќи веќе не знаат која е вистината и се обидуваат да ги убедат и другите дека нивните зборови се вистина. Но јас знам, знам дека е тоа лага и ќе излажам ако речам дека не ме повредува или не допира до мене тоа, ама ако почнувам да ја докажувам вистината, се плашам дека и јас би се изгубила во доказите, затоа си молчам, оној кој знае да распознае-ќе сфати, во спротивно-не вредело да си го губам времето на објаснување. Не знам дали е до мене, ама јас не знам да лажам, дури и кога би се обидела да излажам, со гримасите на лицето и со говорот на телото се издавам. Во тие моменти се бранам со молчење. Не сум ти јас за адвокатска професија, имам кажано веќе дека не знам да манипулирам, а знам дека во животот тоа е најјакото оружје. Имајте убав ден и не лажете, на душата и е полесно со вистината, а лагата само ќе ви тежи на совеста.
Денот убаво ми започна си станав наспана (тоа е реткост за мене). Се надевам дека така ќе ми биде цел ден убав како што ми започна. Имајте убав ден и вие.
Уф..што интересен март јас ќе си имам... Натпревар по балет,натпревар по англиски,спелинг би,роденден на мене,мојата најдобра другарка и на братучедка ми,селење на нова локација за балет,ќе бидне станот во Охрид и на крај настап за приредба во школото. Страв ме фаќа како ќе постигнам,но ајде се од погоре набројаново е прекрасно .Највеќе се радувам за роденденот и секако натпреварот по балет ... Мислите ми летаат како,што за роденденот.Како бебе се радувам .Ајде да ме викаат една година поголема и не е лошо ...Оваа година никогаш нема да ја заборавам ,на Фемина.мк се што ми се случуваше пишшував,не беше многу добра ,починаа некои многу мили луѓе како баба ми ,имаше многу лоши случки,но еве сега сум конечно среќна ,си уживам на годините и ветувам нема да брзам да пораснам .Сватив дека џабе се жалам дека сум имала многу за учење или пак дека сум добила 4 ..Има многу полоши работи кои им се случуваат на луѓето. Што јас имам да се жалам?Имам се што би посакала,го имам најдоброто семејство и друштво,топол дом и најважно среќата реши да наврати кај мене.Како и сега што учествувам во хуманитарни акции ќе си продолжам.Животот не е бајка :предлог од мене Да не се жалиме веќе. Знам ..ова е форум за олеснување на душичката,но кога ќе чујам некои прости љубовни проблеми..па ај ви се молам.Пред да се жалите за дечковците што не ви купиле ништо помислете на сиромашните и на децата без родители! Спојлер без навреда Поздрав
Комшииве мои ме омажија Ние дома слава спремаме, купувавме, носиме намирници, тие не виделе и готово помислиле дека веридба дома спремаме Времево се стопли и јас почнав да се хранам здраво и да вежбам, сега не за џабе сите мускули ме болат. Дури и бела милка добив за подарок(мојата омилена), ама решив да не ја јадам се додека не ослабнам барем 5 кила Како и да е денес е убав ден идам јас да се прошетам малку со велосипедот
Многу ми е смешно и трагично тоа робување на предмети. Наместо они да не служат нас, испаѓа работава дека ние им служиме на нив. Одиш на подолго патување во нечија кола и немој случајно да извадиш да грицнеш нешто. Следи прекорувачки поглед со коментар „Ај ако сакаш не јади во кола, може трошки да ми направиш“ Молам? Ако не си перел до сега кола, да те упатам каде има правосмукалки. На крај краева и калта што секој ден ја внесуваш треба од време на време да се исмука, или можеби на чергиче се бришеш пред да влезеш? Или телефонот од миљон денари ќе го ставам во триста заштитни обвивки и футроли да не случајно му падне прашинка на екранот и внимателно ќе ракувам со него небаре е атомска бомба. Па мајко мила до толку да се замарам и буквално да му СЛУЖАМ на еден предмет не можам да разберам. Уште малку ќе почнам да гледам луѓе низ град ко селанецот од народните приказни што ги носеше кондурите во раце за да не си го арчи ѓонот. Јас барем разбирам дека ако купам нешто дека треба маста да му ја извадам од користење, да се познава дека е намачено Додека не му направам гребаница на телефонот се осеќам ко на користење да сум го позајмила. Не е работава да не се цени ништо и намерно да се биде деструктивен, ама до толку потресување па? И да додека сум кај потресувањево, имам впечаток дека народов живее за фејсбук и слични социјални мрежи. Сите моменти се фотографираат со намера што побрзо да се залепат на ѕид. Дај барем нека се измисли ко за промена еден нормален тренд, а не да ме пречекуваат на сабајле слики од породилни сали. И од машки и од женски...исти ѓавол. Малку премногу информации, не?
Утрово, без да се гледам на огледало, врзав едно совршенство од коњско опавче. А после, пред огледало, кога ќе треба да излезам, ЗНАМ дека ќе ми требаат дваесет и пет минути, за да врзам некое најобично репче. Знам дека постојано ќе му најдам некоја мана... превисоко, прениско, со ридови и коридори, сплескано, разбушавено, многу на десно, многу на лево, многу разлабавено, многу стегнато. И да, ќе ја измрсам! И на крај ќе ја испеглам. Цела залижана, исто ко немиена три дена. Пууу, ј`зк.
Зашто сте бе луѓенца мили толку негативни и затруени од туѓото неправилно сфаќање за вистинските вредности на животот и начинот на кој тие се претставувале пред сите и како живееле. Остајте ги глејте си за вас, не си создавајте дополнителна нервоза и бедови. Очигледно тој им е максимумот во животот и така и ќе остане, let it be .. Туку временцево убаво е, исто сум расположена како и сонцево. Греам, блескам. Не ми се иде во школо на времево ама ајде последна година уште два месеци ќе се истераат некако Мачорот го буди детенцево во мене, бетер од 4-5 годишни дечиња се однесуваме на моменти и стомачево ми се грчи од смеење со часови ама убаво е. Се е убаво кога иде пролет Остајте ги тие неандерталците нека се дават во сопствената бед и мисла дека се некој и нешто и дека ќе постигнат нешто во животот држејќи ги мама и тато за раче и бркајќи врски сегде додека го расфрлаат тоа по туѓи лица. Вие сте тие кои ќе постигнете и мир и среќа и успеси во животот. Не му ја мислете и каде и да сте денес, искористете си го временцево и насмевнете се, ќе ви биде возвратено. Барем на моево клештење сите враќаат
Луѓето ке те почитуваат само ако им покажеш заби. Ете тоа го сторив јас,не останав старата наивна и глупава вампирка.Веќе не ме сметаат за дел од подрумот,ниту пак сум на нивниот кат,над нив сум.Секогаш сум била,само они пробувале да ме спуштаат.Сега откако има дадов до знаење дека и јас можам да бидам лоша,ме оставија пријатно. Ете како се може против кучките! Mood:Up
Теши се ти само така. Секој кој те чита знае за што се претставуваш, знае од каде крадеш и што постираш, а ако не знае, верувај дека нема да остане веќе незабележано и дека секое копирано мислење ќе ти биде извадено на виделина и потенцирано. Ти тука можеш да си мислиш дека си го јачаш виртуелното его, ама џабе е. Ова како да ви кажам, е како срцекршачка да ја величаме за нејзините постови. Иако, да не грешам душа, она барем си пишуваше од срце, така да дури греота е да ја споредиме со тебе. Мислите дека го тупам веќе? Нееее, чекајте, допрва сме почели. И пазете што и како си споделувате со Витомир, гледам вчера на чет си споредуваа девојчиња со еден друг, оваа ваква, оваа таква... Да не речете не сум ви кажала. А ти Витомире постирај до утре тука како тоа што нема да те убие ќе те направи посилен. Го пишувам ова да бидам искрена зашто ми стана ужасно досадно да отворам секој ден во СДК и да читам се едно те исто од него, ама форумов не е за тоа бре, јас најдобар, сите други може вода да ми носат, зборат од љубомора, а намерата е една, да се упеца нешто. Без усул значи. Јас имам една книга за завршување денеска, треба да се дискутира во клубот за нешто, ќе си сварам една супа, па едно кафенце и таман сум.
Го отупе бее Искрени муабети на место ,плеснато се во лице ама човекот си нема и си нема мака за ништо ако де ,ние си се смееме сите на туѓа сметка а тој нека си остане силен колку што му сака душата (луѓе од секојденвниот живот и случки кои секојденевно се случуваат) Времево е облачно кај нас мамурно но тоа ме прави да си се осеќам поубаво ,да си седам и да си уживам Епа феминки имајте сите убаво попладне
Не е битно дали он се замара или не, многу ми е гајле, битно е другиве да видат што човек е, да знаат што читаат, да знаат дека е копија, кога ќе стиснат лајк да знаат на што стискаат. Затоа пишувам, а за него ме заболе. Ако нема кој да го чита ќе немаат поента неговите фејкерски постови.