Благодарна сум за ноќите што се претвораат во утра, за пријателите кои ми станаа како семејство и за соништата кои полека ама сигурно, еден по еден - се претвораат во реалност.
Тарабука нека чука румдумдум дум дум дум дум,навечер учам и главата ми пука румдумдум дум дум дум дум,дури пола град спие а другата половина се фука румдумдум дум дум дум дум,а мене книгата ме фука у мозок и ми иде да ја фрлам низ прозор,нека лета,не ми смета,каде сака нека шета,да не ја видат очиве мои кои од зјапање во неа веќе не препознаваат бои. Немам спиено,ме боли грло,затнат ми е носот,ме боли глава и морам да учам. Абе во ова моево најтерсене средно,ај што триста чуда ќе се изнагледаш,ај што професорите крвта ми ја исцицаа три години и едно полугодие (уште едно остана,па ќе бегам од лудницава ХА!) туку ќе научиш баш се,и било каде другде за тоа петка со ѕвездичка ќе ти стават,а тука двојка. За сите Твајлајт фанови,ви препорачувам дојдете тука,и вампири ќе се изнагледате еден куп. Па и самите ќе станете и тоа без да ве гризнат! Без никој да ве гризне,мозокот ќе ви шизне, и ќе се преместите другде ако имате муда,а ако немате,стварно сте глава луда А пак кога ќе ми текне дека уште едно полугодие од факултет ме дели,ај да не се потсеќам воопшто... Туку,уште малку и ќе ми заврши турбо-експрес селењево. Не ми е многу далеку од дома,ама во сосем друг крај од градот е,и малце чудно ќе ми биде дур се навикнам. Собулето розево ми е сега,ама пак е мало (пошто нели,судбина ми е во мали соби да сум) и наскоро ќе биде пренатрупано Ајде одам јас да си направам чајче со прегорен шеќер а вие останете ми здрави,прави,нормални...
Право на сопственост, право на приватност. Право на живот. Безмозочни примероци кои прават ретроспектива и проценка на туѓи одлуки кои никако не се однесуваат на нив. Неповикани критичари. Ги има на безброј, тврдоглави и незрели. По се изгледа немаат живот па преокупација им е да го живеат туѓиот во второ лице. Тие се лепачи на етикети без да ја знаат другата страна од приказната, без да бидат дел од истата, без да ги знаат причините. Мојот промискуитет е проблем можеби на моето полово здравје, не на вашето ментално, психопати едни поштени. Прашањето дали можеби мојот морален компас се расипал влечи прашање зошто вашиот е постојано ориентиран кон мене ?
Уживам кога врне дожд. Има некоја магија во сето тоа. Те смирува. Ти влева енергија. Те освежува. Може сум единствена, може е чудно, ама некако живнувам штом заврне. Срцето полно!
^ Не си единствена, и јас обожавам дожд. Особено кога немам никакви обврски, со какаото до прозор и си уживам во звукот на капките. Убавини. Тешко е, тешко кога некој ке те отфрли како да не си ни постоел. Толку внимание посветено, а никаква почит. Сум помагала, секогаш, и секогаш си велев друг пат нема, повеќе никому нема да помагам, ама пак и пак помагам. Никако да научам. Тешко ли е едно здраво да се каже? Секогаш ли јас треба да кажам? Ама ако, се ќе се врати, како бумеранг.
Надвор дува и врни, па за секунда закочи макс твто. Е, и со тоа ми текна на едно време, кога имавме антена од тие за на стап, акната на арматурата од терасата, изврзана со триста гуми и јажиња, и татко ми застанат по цела ноќ со двете раце на неа, врти дали врти, а мајка ми од соба се дери ко улава „доброооо, левооооо, не, деснооооо, стоооој, има боја, ееееј бојата ја снема, нееее, мааааалце налево, добро, чекј сега, стој“...и така татко ми си стои и си стои дур рацете не му капнат, филмот или емисијата завршува, па се пцуе два саати и на крај сите одиме во кревет. Затоа еден ден, пошто нели му здосади да стои тој по цела ноќ вртејќи, ја закачи антената на борово стебло високо 4,5 метри, исправи тоа антената, ја подврза пак со гуми и јажиња, се прибра дома да гледаме тогаш популарната РТЛ(да бидам појасна Радио Телевизија Лажани) која во тоа време беше култна за наш крај, Цеца и Драгана ги даваа петок навечер само, кој доживљај, и таман почна Зам продакшн, антената падна. Кутри мој татко, оттогаш престана да ги слуша дотичниве певалки А бе спомени
Не сум единственаа што е со најдебелото ќебе врз глава, во кревет и топло чајче, додека си врне и грми нели ? П.С. СДК. Коа ќе згрмии ова времево, ми иде сама да се убијам пред да ме акне гром.
Психичкото здравје на денешните луѓе е на загрижувачко ниво. Секоја неморална глупачка очајно се обидува да биде во центарот на вниманието. Истите тие ако си здрав ќе те прават нездрав, ги грдат оние нормалните наместо да се погледнат во огледало. Ти сакаш да ги избегнеш, тие насекаде ти излегуваат пред нос. Не вредат ни колку едноклеточен организам, уште се дрзнуваат да зборуваат. Грдосии од суштества, физички и умствено.
Драг дожду, Не само моите синуси, целото мое битие те мрази во моментов. Извини на искреноста. Фала на разбирањето и замини некаде на ден-два, молим те. Фала уште еднаш само иди си.
Значи никогаш нема да ги разберам оние кои фризурата направена од пред 3-4 дена ја носат сеуште на нив. Била на свадба во саботата а денеска сме вторник добро не ги нервираат тие шноличките во коса што им се,не ги чеша од што имаат савено 100кг лак на нив ? Неколку од таквите девојки/жени пробале да ми објаснат дека не чуствуваат ништо и дека им е убаво така, јас тоа неможам да го сватам НЕМОЖАМ
Мнoгу сaкaм дa си имaм швaлер. Ќе си гo викaм Бејби. Ми имa нештo безoбрaзнo секси вo oвa Бејби штo не oдгoвaрa дa му гo кaжaм нa дечкo. Се си мислaм декa oвa е пoследицa нa некoи мрсни книги штo сум ги читaлa, нo небитнo. Сaкaм швaлерoт дa ми е кoлегa oд рaбoтa. Пo мoжнoст, вo мoјaвa фиктивнa прикaзнa, дa рaбoтиме некoјa кaнцелaрискa рaбoтa и негoвaтa кaнцелaријa дa биде дo мoјaтa пa дo мoже дa ми е блиску зa дa си гo викaм нa пaузи...
Да се искористи максимално направената фризура. Нешто што, недомаќинки и расипнички ко нас никад нема да го сфатат.
Невремево надвор е скоро идентично со невремето во мене. Преплавена од емоции, во главно нејасни, неразбирливи. Ни сама не можам да си објаснам што поточно се случува со мене, но сепак сакам да заврши добро и да има колку-толку среќен крај. Веќе одамна мислите ми се толку испомешани и се надевам дека за кратко време ќе се средат и ќе си дојдат на свое место, или па спротивно на ова, уште повеќе ќе се испобркам. Е тек тогаш ќе е тотален хаос. Во исчекување сум на нешто кое всушност цел живот не/свесно го чекам. Овој пат работите би требало да бидат поинакви и со различен исход од претходно. Сепак, немам никаква надеж. И последната надеж ми умре одамна. А во глава цело време ми се вртат песимистички мисли, некоја негативна енергија ми се шири низ цело тело и секој ден се` повеќе и повеќе ме зафаќа. Како и да е, одам на се` или ништо. Овој пат навистина. Нема ништо помеѓу. Ги бројам деновите и со нетрпение го чекам денот, па да се надеваме дека ќе пишувам среќни вести тука. :
Пред некој ден на забар и од кога видовме дека нема никакви проблеми со моите заби, тој почна да ме убедува да ми стави пломба на здрав заб само затоа што има флека. За тоа би требало да го пробуши цел заб и да направи дупка.Таа флека е од кога почна да расте забот и мене воопшто не ми пречи, ниту пак некогаш ми пречела, а сум имала комплекси за се и сешто. Кога не се согласив со неговиот предлог остана збунет и изненаден како тоа јас немам проблеми и комплекси. -Воопшто немаш комплекси за забот? -Немам, зошто би имала? - Па флека е, денес сите сакаат да се совршени, а и естетски може да се поправи. Останав после тоа јас збунета како тој човек се чудеше толку време зошто не сакам да ја тргнам флеката и како немам комплекси околу тоа. Би разбрала да ме убедува да е расипан, да изгледа многу лошо, но добар си е забот. Плус не мора сите да бидеме совршени, а и зошто би биле? Наместо тој да ме убедува да не чепкам здрав заб, тој се обидува комплекси да ми наметнува. Страшно!