Зборуваат како било во светот, а целиот безначаен досегашен живот го поминале на едно место, пример во дупката скопска *измочана, за истиот тој свет сликата ја формирале од филмови и од бујната имагинација, ќе ти глумат интелектуалци и ќе ти раздаваат магла... Морам оваа зима да земам пасошот и на некое време да заминам, морам повторно да одморам од „луѓето“ кои ја населиле напатенава вукујебина... и кои впрочем ја претвориле во таква. А in the meantime, дури сум тука, мора да се поправи времето, кај се природно гнили карактери, кога е дождливо и во ликот се гробари, не можам да ги смислам.
СДК скоро 5 месеци не сум пишала на форумов нешто откако се роди син ми. Е, сега како full time mom и немам многу време, но ветувам дека во иднина повеќе ќе се дружиме и ќе бидам поактивна. И сакам мноооогу да ги поздравам Теси, Јаготче123, Адина, Рабитче и Викторијааа5.
На крајници си имав,страшна ангина,но после гаргара со ракија,болката мина. Океј,не скроз,ама подобро се осеќам. Пиев антибиотик,примав инекција,гаргара со бедатин... и ракиичката највеќе делуваше. Се гледа дека учам медицина бе. Докторка со алкохол
Си одиш дома,пукнала цевка,во маало нема вода. Ветер дува како на Сибир ( не дека знам какво е таму,ама сигурно дува многу ) и не можеш парното на дрва да си го запалиш,оти ќе дувне наеднаш и ќе ти го изгаси. Притоа,во процесот примаш чад од печката доволно да се онесвестиш и да ги видиш ангелите.И сакаш да се измиеш,ама даааа,нема вода. И дворот полн лисја,ама пошто ем дува,ем мокро од вчера,се залепиле и изгледа како рај за црвите. Уште некоја жица да се скине,да снема струја и да тргнам да пливам во Вардарот. У принцип,лош ден
Реномирана фирма бара******** ве молиме вашето цв и фотографија да го испратите на е маил eptensumglup@hotmail.com. Господине Ептен Глуп би сакале ли вие да ми испратите мене годишен извештај за работењето на вашата фирма,ликвидост, потврда од пиом за исплатени придонеси, и две слики една од профил една од анфас,доколку испратите и од работните простории ќе се смета за предност. Само ако влезете во потесен круг ќе бидете контактирани. Со почит Деббие Легговска
Лесно е да се напише зборот „Те сакам“ за жал некои не ни знаат какво чувство треба да имаш во градите, за да можеш некому тоа да го кажеш а да го има вистинското значење.
Не знам за другите, ама од Марфиеви закони, мене најмногу ме бие оној кога најомилената, и најсовршената песна што некогаш постоела ја пуштаат на радио на крајот на возењето.
СДК... Како што не можете да направите ручек само од зачини, така не можете да создадете стабилна животна кула без цврста основа. Темелите се почеток од кој и врз кој нешто се прави, се гради, се продолжува, се развива.Ако ја занемарите нивната цврстина, не очекувајте покривот да ве заштити.Колку и да се трудите да ги поправите нештата, јазот не се премостува...
Мирна ноемвриска ноќ. Чисто небо. Подизгребана грамофонска плоча. Грамофон откопан од купот во оставата прелиен со глазура од прашина. Какао. Мачката ти преде во скутот.
Се пакувам. На две на три. Луди ли се овие бе само рачен багаж за цели три дена сметаат на човек му е доста. Само каблите додека ги соберам, дај од телефон, дај од камера, дај од таблет, адаптери, па и набројаниве машинерии фрли во торбето, е ќе треба изгледа гаќите да си ги облечам едни врз други и на мене да си ги носам?! Како кога ги шверцавме на бугарска граница на времето Маж ми синоќа, ама му игра некое ребро, додека ме опита имам ли евра, му викам имам за таксиња натам и навам друго ќе ставам по картици, и така целиот озбилен, ама да се договориш за цената пред да седнеш, оти да не „те вози„ Чекај, чекај, чекај, ти забораваш тебе кој те има учено да се пазариш по пазари? Мене брат бугарски таксист не ме „вози„ ти најде школо да ми даваш. Абе џигер, злато, се секира човекот, така лесно не се пушта жена Туку, додека ми е на мисла. Гледам една сијалица цркнала во кујната. Да станам да ја сменам на брзинка додека не сум ја изумила, оти така лесно не се остава маж
Лета времево ита, 30ка назира и ко за беља иде Каролина на плејлиста ми пее за година две ќе помине се и ме фаќа страв и трепет. Бррр
Денес му е роденден на брат ми.Се радувам да го гледам моето сонце како расте.И колку и да го нервирам пак е скромен.Тој е најскромното суштество што го познавам.Не се лути не се мршти.Секогаш е насмеан.Не знам дали сум единствена која се радува на роденденот на брат ми отколку на својот?Среќата е непроцелнива,но да имаш брат е уште повредно богатство.Кога сум среќен тој е тука да биде до мене,да биде среќен со мене.Кога сум тажна тој е тука до мене да ме насмее.Среќен роденден
Не знам за вас, ама јас сакам кога денот ми е исполнет со обврски. Ми се допаѓа кога целиот распоред ми е пополнет и немам време да размислувам за проблеми и да си го тупам мозокот. Го обожавам тоа, иако на крајот од денот сум преморена. Обожавам кога сум продуктивна