Еве си седиме со другарками кај мене, пред 2 мин беше уклучена од телефон на фб, а сеа се нацрта на компијутер кај мене на фб да седнела а јас си дремем на фемина од таблет. Со ова сакав само да кажам каква дружба си имаме еј! Наместо да си збориме девојчето сака да се допишува со некој на фб, нели убаво си поминуваме?
Вистинскиот е оној кој ти е во мислите во 2 на пладне додека си зафатена, не во 2 по полноќ кога си осамена
Денес во автобус видов една жена/девојка на свои 30-35 години. Беше толку нападно и невкусно нашминкана и облечена да напати се запрашав дали се погледнала пред да излезе? Ама не, таман што помислив, таа седна на столчето во автобусот, изваде огледалце од ташната и стави го потенцира уште еднаш црвениот кармин на устата! Побогу си помислив! Еве маживе може комотно да не учат како се носи шминка =) http://www.ajourneycalledlife.org/2014/11/blog-post.html
СДК Чудна е тагата, не ја гледаш ,не ја слушаш, а ја чувствуваш.Тивко и бесшумно доаѓа до тебе и го заробува твоето срце, плете мрежа од солзи и болка, те држи цврсто како заробеник и не дозволува да ти се доближи радоста.Таква е тагата себична и љубоморна.......
Make someone happy and you will be happy too Спојлер Сега кога рекламата на кока-кола и официјално ја отвори зимската сезона можам конечно да ја украсам елката (без мајка ми да мрчи дека е уште рано). Филинг хепи
ТАдадам ТАДАДААААААААААААААМ!!! Дами и Господо само уште 3 часа не делат до фамозниот роденден на Теди. Ова ви го пишува сега, бидејќи утре ќе биде презафатена со правење на кифлички и мајонез салата.
Сдк дека конечно собрав храброст да направам промена, од долга коса сега имам прилично краткичка и да ми се допаѓа
Vecerva samo solzite na mojot obraz zboruvaat i kazuvaat sve bez zbor da izustam,samo koga vistinskata licnost bi bila do mene i bi gi videla,koga bi gi izbrisal so topla dlanka i bi mija stoplil dusata samo za mig,samo za malku da se custvuvam podobro no nema nikoj ,nego go nema mene me nema nas ne nema poveke,i semejstvoto moe popoleka go snemva da zatoa vecerva mozebi tolku mi gori dusata zatoa tolku me boli,neka pomini pobrzo ovaja prokleta nok inaku na bolkata moja nema da mu dojde krajot ...Tazno neli
Би кажала толку многу нешта... само кога би знаела дека личноста за којашто се наменети би сакала да ги слушне. Избрзав...
Колку убаво детство имав ,денеска зборев со мајка ми за тоа какви деца бевме ние со сестрами додека бевме мали и какви се сегашните деца. Колку убави спомени имам од деновите кога бев мала. Од моја 3та година паметам некои слики а од 4 години паметам многу затоа што кога имав 4 години се роди сестра ми и баш убаво го паметам моментот кога тато ја однесе мамичка на болница за да ја земаат сестричката Не плачев за глупости и бев послушно дете,не не се фалам туку навистина бев таква. Знаев вистински да се радувам и што значи да добиеш играчка, големо чоколадо,или пак сладолед. Неможев секојдневно да уживам во тоа, да добивам се што ќе посакам. Кога почнаа забчињата да ми се мењаваат паметам мама ми велеше : ако одиме да ти го извадат забот на забар и не плачеш вечерва под перница глувчето ќе ти донесе што ќе посакаш. Глувчето беше мојот херој затоа што до него добивав се што ќе посакам И верував до едно 6-7 години верував дека глувчето што ми носи подароци навистина постои,верував и во Дедо Мраз.За Нова Година татко ми ќе кажеше дека ќе излезе и јас нормално верував во тоа и по некое време ќе стропаше некој на врата додека излезам надвор пред вратата имав пакетчиња и подароци ах каква радост беше тоа. Не барав многу, паметам сакав глувчето да ми носи сладолед и ми носеше а мама и тато задоволно се смешкаа дека успешно си ја врши глувчето работата. Ејј некогаш размислував колкаво е тоа глувче и каде го крие сладоледот, како му го собира во дупката каде што живее. А денешниве деца ,што е со денешниве деца ? Но не нема да кажувам за нив затоа што сите добро знаеме каква е денешницата и што се случува во неа. Денешните деца никогаш нема да сонуваат глувчето да им донесе нешто затоа што имаат се и пак не се задоволни.
Како се ближи времето за да го напуштам својот дом така ми е се потешко.Најмногу за внуками...премногу ќе ми недостига,душата ми се кини...вели тето јас сакам тука да спиеш кај мене,во твојот креветНемој да одиш....премногу е мала за да разбере а ме разбира....мојот кревет....ќе ми недостига секој ден од куќата и секој член од моето семејство со кои сум многу блиска...Среќа е што мојот иден дом е блиску до мојата куќа па ќе можам секој ден да си ја гушкам мојата принцеза,и тогаш кога ќе имам свои деца таа ќе биде секогаш мојата принцеза...
Кога влегов во такси вечерва и го осетив неговиот мирис, се сепнав, срцето почна забрзано да ми чука и го погледнав таксистот. Нормално, не беше тој. Но, додека се возев во глава ми помина едно минато време кое мирно си спиеше во моите спомени, го почувствував за миг како пред очи да ми се случува повторно. Честичките во воздухот ми навлегоја длабоко во порите, ме потсетија на него, на неговиот мирис кој се сомневам дека некогаш ќе го заборавам. Она што заборавив е лошото што ми го направи, дури и му простив. Вечерва сфатив дека можам да мислам на него, а да не осеќам празнина, болка, гнев, бес. Сфатив дека повредувајќи ме мене, се повредуваше самиот. За две недели би ни била втората годишнина, да не се случеше тоа што се случи, но најголемите лекции се учат на најтешкиот начин. Одамна го немам видено, а ниту имам слушнато нешто за него. Се плашам од тоа што би го слушнала. Се надевам дека е добар, дека ужива во неговата комфорна зона на шифри, броеви и бинарен систем.
Сакам да кажам дека Рекламите на Кока Кола секогаш ме разнежуваат. И ми ги почнуваат празнициве порано.
Оној кој го кажал тоа дека на дориот со добро му се враќа, најверојатно заборавил да потенцира дека во денешно време сè е измешано. Или е тоа или јас не сум добар човек. До таму е дојдена работата, да се прашувам дали можеби јас нешто сум погрешила или измешала и да не случајно проблемот лежи во мене, а не во другите. И да, сепак и во мене има доза вина, затоа што наместо да се ставам себе си на прво место, јас будалата, попрво би му угодила на другиот, а потоа би гледала за мене. Работава на крај - би го дала единствениот здрав пар фармерки на некоја која ми е драга, а јас би одела со искинатите и не би срамела поради тоа. И пак на крајот останувам разочарана и буквално распадната од постапките на тие дотични, одвратни, неблагодарни суштества. Не знам, еве се прашувам како ли може некој во себе да држи толку многу негативна енергија и да биде себичен, до доза во која пеминува и во опсесивна љубомора. До толку ли немате друга работа во животот, па посегнувате по најгадната особина која нè демне во последно време сè повеќе и повеќе ?! Никогаш нема да ми стане јасно, како некој може да има толку глупава слика за себе - дали мислите дека нарцисоидноста и тоа што ќе се ставите себе си во центарот на светот заедно со сета ваша себичност ќе ве направат подобри луѓе ?! Треба ли да дадам одговор на ова ? Мислам дека е повеќе од јасно, ама некој очигледно обожава да глуми слеп при здрав вид и глуп при здрав разум, па ова му е најлогичното решение за сè во животот. Најжално од целава ситуација, е тоа што личноста со горенаведените особини секогаш, ама секогаш е некој близок кој сте го сметале на човек на место. Ама убаво викаат старите - за да запознаеш некого вистински онаков каков што е, само влези му во домот. И сè ќе ти стане јасно. Подалеку од таквите неблагодарници, само тоа имам да го кажам, а јас ја научив мојата лекција, дека добрината во денешно време е луксуз и не треба да ја служите пред секого, посебно не пред оние кои не заслужиле, без разлика кои се и што удел имаат во вашиот живот. Тука не мислам да бидете дрски и безобразни, туку бидете достоинствени и резервирани, не си дозволувајте да се спуштите на нивно ниво, не заслужувате. И единствено ми е жал за мајка ми, затоа што знам дека го уништив и нејзиниот ден со моето плачење и липање и срцето ми се искрши на милијарда милиметарски парчиња кога ја слушнав како плаче од другата страна и како низ солзи ме моли да престанам, зашто не можела да ме слуша како буквално се распаѓам, а таа е немоќна да ми помогне. Мојата мила мајка, никогаш не може да поднесе кога не може да ми помогне. Мислам дека ја заболе повеќе од мене, а не ни заслужила. Не можам да си простам кога вака ненамерно ѝ задавам болка, а од друга страна - кој друг би ме ислушал, ако не е таа ?! Се надевам дека следните солзи кои ќе бидат предизвикани од мене ќе ѝ бидат радосници, инаку би се отпишала од живите на лице место. А за оние кои тонат во својата себичност, посебно кон оние кои им направиле само добро во животот, не им посакувам ништо друго, освен тоа да бидат среќни, дури и најсреќни во животот, а да немаат некој со кој ќе ја споделат својата среќа, макар некој за да се пофалат и да ликуваат, затоа што убедена сум дека зборот „споделување“ во нивниот речник не постои. Oд дното на моето срце - заслужувате, без пардон.
Дека у принцип не сум ич дружељубива! И незнам зашто на факултетов тргнав против себе и земав да си ги дружам “другарчињата“. Незнам кој ѓавол ме тераше уопште уста да отворам, требаше фластер на уста и глеј пред себе, одиш да учиш, а не да се дружиш! (али ја обратно ете, пошто сум обратна цела и онака ) ... Па и тие па све кој од кој, глупан и тупан у глобала! Као изгубени Германци ce! Иначее имам една тазе случка со девојче колешка од провинција и така малце сум као запрепастена! Значи девојчето си збори на скопски а не е од Скопје, се срами ли да збори на дијалект, кујзнае.. А со луѓе од нејзин крај тамо си цепа на дијалект, е ај сеа! ноу комент! Добро, нејзино право. Али друго ми е муката, многу ми е интересно да слушам како некој збори на дијалект, и и викам така дур лафеше дијалектолошки: “Ај збори ми ма на дијалект, хани бани сонце гомце мое, ти реков ми рече“ ....... И знаете шо одговор добив: “Не ти зборам више, мрш! Ти се лутам јас сеа“....... Ццццц, види богатии!!! Неарна, мене демек па Стојна ме боли сеа! Нека си ужива, не ја шишам! (не сум флизерка) Enter a your signature here Луци22.
сакам да кажам дека сум мн нервозна ,хаската ми ја нема никаде, цел ден ја барам од 11 саат ја нема никаде ја нема ...Каде ли е мојата Лана ,секогаш се враќаше но денес не се вратии ааа абе кученцето ми фали да ми лавка под прозор и да се нервира кога ќе ја капам. да ме испраќа и да ме пречекува кога ќе идам или кога ќе се вракам од на факс и да мрда со опавчето кога ќе се шетаме низ населба аааааааааааааааааааааа
Немојте да им се мешате на возрасни личности во живот и одлуките... макар биле и ваши блиски ... особено ако се ваши блиски ... токму поради тоа што ви се блиски. Лека ноќ.