Онаа Снеже ВелковА... не е за на телевизија бе луѓе.. Антипатично е девојчето, ме нервира многу.. Не сум чула некој нешто позитивно да каже, дека е за на телевизија.. Па чива и да е, ќерка, внука, сестра, кога глеаш дека не ја бива тргни ја. Нека работи таму нешто позади. Па притисок ми качува. Здравје е во прашање
СДК Од кога земавме мачка со дечко ми, неможеме саглам да се видиме а за извршување на ''нашата работа'' па да не зборам. Сите муабети се за неа, да ја научиме да јаде, па да пие, па да кака/мочка, па да ја бањаме, па да ја сушиме, па јадење да и готвиме, па од болви да ја исчистиме, па со топче да ја играме, па со јаже, па мјаукала шо и било, не мајукала што и било, зашто спие толку, зашто седи така, зашто онака... Цееел ден сме окупирани со неа, и на крај легнуваме и за три секунди заспиваме, а она нормално е меѓу нас стуткана и се гали,и бара да ја чешкаш зашто нели нормално неа БАШ тогаш не и се спие. Како бебенце ни е... срцка таа.
Роденден е денот што го чекаме цела годинаа, цела година тмтмт... Нека ми е среќен роденден, да имам многу здравје, да го имам тој што го сакам хаха, повеќе да учам иии да не се разочарувам себе си и другите околу мене. p.s. и повеќе да ме служи среќата, оти лани на тестови повеќе препишував. И нели како што си е редот да ве почастам.
цел ден чувствувам како ќе ме посети овој сезонскиот грип, зарипната целата, со билка во главата и како капак на сето тоа учење преку глава. Зошто секогаш кога имам обврски доага тој непожелен гостин, откачи ми се барем уште едно три недели да завршам со обврски па потоа посети ме. И како капак на сетоп тоа ми се спие бре како ли ќе го протерам денов
После една случка со дечко ми сфативме дека не е се во парите. Не можеш ни да ја купиш пара нити таа да те купи тебе.Не е се во парите,на пример чесен човек. Ретки се таквите Македончиња во денешно време. Господ здравје да му даде, пред се.
Денес се посветив на фитнес ,колку е само убаво чувството откако ке извежбаш ,а со здравава храна оти се рекло здрава јас пак ептем ја претерав не мора дотолку да бидам строга кон исхраната или си правам некој фил или нешто не е во ред со мене трето нема .И баш се запрашав зошто емисиите за здравје имаат зелена позадина (дизајн)?Па мене и други бои ме асоцираат на здравје на пример црвената портокаловата ,не бе не сум јас нешто при себе еј за што размислувам бог да чува ај ко ке се средам со мисливе може ке пишам нешто
Во животот, подршката е една од најважните фактори за среќа, мотивираност и успех. На сите ни е потребен некој да не` подржува секогаш. Но, секако дека и на истата личност и` е потребно ние да ја подржеме. Често го забораваме ова.
Ах... Површноста пали во ова време. Пластиката. Хедонизмот. Гледањето на сопствените потреби. Дали нешто ќе оправдаме и осудиме не зависи од нашите души туку од нашите потреби. Трескање од земја по површни работи коишто немаат духовна вредност и не траат вечно но претставуваат моментално исполнување на себични желби и потреби. Се` друго што е поинакво однесување од ова, ќе ти ја изеде душата до трошка. За да заштитиш друг, гориш самиот. И не оти некому ќе му биде гајле да донесе една кофа вода чисто онака полесно за преживување да биде. Ма јок. Може масло, чисто за што повеќе луѓе да се стоплат од тој огин во којшто ти гориш. Но нели, општо добро. Тогаш е потребна личност којашто на твоето „не можам“ ќе одговори со „можеш“. Но, ние сме хомо сапиенси. Технолошки усовршени до ниво на роботи. Заборавивме на инстинктите и само механички ги извршуваме наредбите и даваме одговори. Не го гледаме „не сум добро“ во „оди си“, не го гледаме расплаканото срце зад сериозниот и намуртен лик ... не, ние само себеси си се гледаме... а пази иронија, пак не се ни познаваме. И поголемиот дел од нас се за едно егзотично патување на една дестинација којашто не би да ја споменам, ај делумно, дел од името е Рац. По можност да се погодиме во различни летувалишта. Арна сум, само си мрчам не се секирајте.
Таленти, директност и искреност не подразбираат дрскост и непочитување без повод. Ама добро, терајте, толку знаете. А и штом ве толерираат, кој им е крив.
Да се испукам и да си кажам дека оваа Сара Мејс на нерви ми иде ејјјјјјјјјјј, значи ај што сака да е демек различна, па пердувеста, па досадна со шабидабадилапападупападипапа,па луѓе се замислува дека е невидена звезда, ако ја видам у град ќе ја плукнам ВЕТУВАМ!
Мајка ми милион пати ја спомнувам, ама женава е непресушен извор на смеа. Онојпат ме повлече во општина да сме бркале работа некоја. Се дотерала, се средила и чекори ко светот да е нејзин. И тогаш еден на пешачки не не пушти. М: Види го, јас ваква дотерана, он не застана. - Сељак....ама да не беше жена, па може од љубомора? М: Не, машко беше. - Сељак....а со љубоморна жена може бил во кола? М: Не, сам беше некој. - Сељак. М: Ама, помлад беше...требаше поради тебе да застане. Сељак. Жени. Каков муабет ќе разврзат за ич ништо. Наредниот ден некој ја прашал дали е таа докторката од една населба за чии жители кружи легендата дека не се баш најбистри, па пола ден се окапа дали навистина личела на таква. Ај викам, бар докторка те направиле. Таа не е дигната де, има само швркната смисла за хумор и менопаузата ја дрма. И секогаш кога чисти и риба теписи (а тоа е секоја недела), ќе ѝ се спуштат панталоните кога ќе се наведне, а потоа ми иде таква да ме потсетела како сум изгледала порано со стајлингот и се подгрбавува за автентичност, пошто тоа го правев зашто бев повисока од речиси сите и за да си ги скријам градите. После ќе немало деца со трауми... Е, ама колку сум горда на неа што од 0 се престигнала себе колку некој за 3 животи не би можел - алал! Гледам па како луѓе немаат никаква поврзаност и само се расправаат со мајките, па ми е криво за нив и си викам нека ме „трауматизира“ мојава вака до 103 години и назад.
Мрзлив петок под ќебе со топло какао, смеа и филмчиња со добро друштво во домашна атмосфера. Надвор свежа ноемвриска арома што ги штипка образите и ја најавува зимата, дома пак - мирисот на кора од мандарина на парно разлеан низ цела соба. А радосните зимски чувства разбудени од првата кока - кола празнична реклама... ...накратко и во превод, магијата на зимскиот комфорт може официјално да почне! Хев а најс викенд!
Очајно го грабам секој слободен час и украдено утринско кафе на мира. Седната на прастарото дрвено троножно столче, уживам да се расонувам со врелата течност во уште постарата бела шолја „Типо“ на мајка ми, затоа што тоа ми стана единствениот мир што го имам во текот на денот. Телефонски повици додека трчам од едно на друго место, договорени средби кои најверојатно нема да се случат. Украдени мигови со него пред да заспијам уште во кола, нежни допири и утеха дека ќе биде подобро. И ме боли душава на моменти што очите постојано ми се крвави и немам сила да го гледам само. Можеби пораснав, но се уште детски се радувам на малите ситници во кои успевам да најдам среќа. Како вртење низ прсти на отпечаточната маса. И не, не се жалам, освен можеби малку на крајот на денот кога ги соблекувам кондурите и си ги гледам потечените зглобови.
Се возев во такси и неколку метри пред да спаднам, таксистот прегази мачка. И на самиот тој му беше криво, а мене ми се плачеше. Одкако спаднав, со затреперено срце, тргнав да видам. Неможам да ви опишам какво беше чувството кога на асфалтот немаше ништо, а мачката нормално си заминуваше. Среќно маче - среќна јас.
сум студент ама не можам да го дозавршам факултетот немам финансии и КОНЕЧНО да дипломирам не сум вработена немам ни момче оф Гоподе зошто ова мене ми се случува практично сум тотален лузер
Денес ми е еден од поубавите денови во годината. Си го сретнав најдобриот професор од факултет кој се пензионираше пред да дипломирам и ги држеше сите професори во мал прст од цел факултет иако меѓу нив имаше многу политички и не знам веќе како експонирани. Чест е да ти го препознае лицето во топлата и тој да довикне по тебе за да се поздравите, да ти каже дека со топлина се сеќава на сите дискусии и дека си еден од оние студенти кои ќе ги памти цел живот. Гостински професор низ целиот свет, аналитичар и маркантен професор кој знае да го цени студентскиот глас и освен наука да даде ука за животот и важноста на критичкото мислење. Еј, професор да ми ги цитираше зборовите кои сум ги кажала и тоа не било кој, туку најомилениот од сите!!! Сериозно сум многу, многу среќна!!! Ми вели, тебе и уште тројца ќе ве памтам секогаш, почна да ми трепери гласот од благодарност, а да бидам искрена и солзи почнаа да ми доаѓаат. Ветивме дека нареден пат ќе пиеме кафе. Едвај ја издржав работната недела... едвај го чекав овој петок. Црвено вино, бордо нокти, Дијана и јас... не знам како да ќе излеземе...