Знам дека сум напорна со петочкиов синдром, ама ова за да ви пуштам малку викендска позитива де... Убав викенд народе! Имав еден колега на фб на времето, утепуваше секој петок со најава за истиот . Пресреќна бев кога ја открив хајд-опцијата. Еве ме, иста станав... е затоа не се јаде бурек . , Ваша М
Љубов е кагa изненадно одиш дома (за викенд ) и го чуствуваш мирисот на колачи, свежо подготвени колачи. Љубов е домот во кој секој предмет си има своја историја !
Зошто ми доцни? Секогаш е така денеска ме болеше многу мешето а и вчера и некни.Мешето ме боле а 4 месеци ми доцне
Форумов ми враќа позитивни мемории. Читам, се потсетувам и сфаќам колку сум пораснала и колку работи се смениле. Убаво ми е.
Од мене позаборавено човече не сум видела .Дали има ви се случено да одите на училиште со празна чанта,епа мене и тоа ми се случи .Набрзина да излезам бидејки доцнев,ја грабнав чантата,мислејќи дека ми е спремна од синоќа и летнав.Ама важно опремата по спорт таму ми беше,сепак тоа е плус. Аххх и конечно петоок,многу му се радувам.Едно знам дека ќе се изнаспиам А на вас,феминки ви посакувам убав викенд
СДК ... Дедоа Мраз постои. Ми се јави ноќеска на сон, онака ист како во филмовите и рекламите за Кока Кола ... Сериозна сум! Верувам дека се спрема за предстојните празници ама и верувам дека ќе ми исполни желби и ќе ми ги донесе во вид на поклони. Најубавиот поклон е во исчекување ... Верувам дека оваа година ќе заврши неочекувано добро и на ниво. Верувајте и вие и верувам дека и ќе ви се исполнат желбите. Псссст Дедо Мраз веќе знае ...
Еве, веќе неколку дена пак сум во истото тоа лошо расположение. Малку среќни денови, многу повеќе вакви - никакви. Сакам на некој да му кажам што ме мачи... сакам некој да ми ја пополни празнинава, некој да имам крај себе. Пријател, да знам дека можам да се потпрам на некој во секое време. Тие што ги имам сега си имаат свои животи, среќни се. Не сакам да им ја расипувам среќата. Не сакам залудно да им го трошам времето, да ги замарам. Дојдов овде со желба да пишувам... да изнапишам цел реферат. Ама после ми падна на ум дека никој не е должен да чита за тоа што мене ме мачи. Секој си го носи својот товар, нели. Оставена сама на себе, како многупати досега. Ќе ја преживеам и оваа криза... знам. И никогаш веќе нема да бидам иста... и тоа знам.
На неколку саати пред 27от роденден.... За прв пат во 27 години не се радувам како мало дете дека ми е роденден.За прв пат лудачки не шетам низ продавнициве и не паничам за тоа што да носам на "големиот " ден. За прв пат не осекам возбуда за тоа каква ке ми биде тортата.. За прв пат не се осекам во роденденски mood. Секоја година за цел си имав дека без оглед на тоа колку стареам за мене годините секогаш ке бидат само број затоа никогаш нема да дозволам детето во мене да остари.Никогаш нема да дозволам среќата,насмевките возбудата на тоа дете некој да му ја ускрати. Но,оваа година не успеав да ги одржам ветувањето кон самата себе. Чудно како појавата на една личност во нашиот живот може да биде причина за најголемата среќа,а уште почудно како заминувањето на таа личност може да биде причина за најголемата тага и болка која некој може да ја осети. Ако лани на овој ден бев среќна што го имам НЕГО во мојот живот ,тогаш денес на овој ден на неколку саати пред мојот роденден сум тажна што повеке го немам. Некој ке каже што е една година од нечив живот. За мене една година е една вечност. Вечност во која сум била на врвот но и сум била доле во калта. Тага затоа што деновите на врвот исполнети со љубов,среќа и безгрижност траеле прекратко,а уште поголема тага затоа што деновите исполенети со душевна болка и немир траат подолго и од самата вечност. Сфатив дека без оглед на тоа колку луге има околу тебе доволно е само една личност да ја нема и да се осекаш како најосамениот човек на светот. Една личност која што може да те вивне високо во облаците и една личност која со еден збор може да те испрати доле близу пеколот. На неколку саати пред 27от роденден.... Оваа година сама на себе ке си посакам ништо друго освен мир и спокој. Ке си посакам навечер да заспивам мирно со полно срце љубов, наместо солзи во очите . Ке си посакам повеке духовна среќа и исполнетост наместо гнев и болка. Ќе си посакам повеке солзи во очи од смеење наместо од плачење. Ке си посакам конечно искрена љубов од некој и ке посакам сила во себе да соберам да му возвратам дупло повеке. За се друго што нема да ми се исполни имам време. 30 ми се годните за паника кревање.
Цееел ден откако станав за на школо си се тешам дека ќе си легнам да се наcпијам како човек кога ќе се вратам...кога се вратив се тешев ај уште пола саат, ај уште саат,и бидна 11 А сега си се тешам дека утре е САБОТА! hell yeah Now's time to sleep. Good night buddies!
Сакам превез на очите. Да го тргнат пред некоја продавница за шминки и козметика, парфеми... Да ми дадат ваучер од 30.000 денари и со клоца внатре да ме пратат.. Е тоа сакав да кажам
Леле банерите очи вадат! Одма реклама за ДМ мораше, па и на секое да ми стои да ме нервира, и ко ќе скролам пак да стои
Денес правам 4 години на фемина,фемина веќе ме почасти со 40 поенчиња.. Никогаш не зажалив шо се зачленив на форумов, научив многу работи тука, се надевам дека некој нешто научил од мене, запознав пријателчиња од секаде и баш ми е мило, се надевам и на понатамошни дружењa овде на форумов. Нека ми се множат, и нек се угоде
Медицинсите сестри станаа поголеми доктори и од самите доктори. Напросто човек да се чуди. До кај отиде човештвото? Да не ме сфатите погрешно, не се сите исти, но има и такви изроди. Тоа ти доаѓа нешто како Баба Рада -2 дел.
Денес се чувствувам како Џулија Робертс, носам бела маичка на прерамки, малку ми е ладно на рамената ама најладни ми се рацете. Всушност, мене рацете ми се секогаш ладни и секогаш после ова следува таа опасна реченица која веќе одамна е клише - ама луѓето со ладни раце имаат... не, немаат. Не мора да значи. Се е некако испревртено и превртено наопачки, стари пријателства со нови обврски, нови пријатели со веќе познати навики, луѓе со понуди кои не се одбиваат, разговори што не се повторуваат и карактери кои никогаш не се менуваат. За мене е се ново, различно и поинакво, а сепак веќе видено и исто. Единствено мојата приватност е сеуште недопрена девица, привлечна ти била таа невиност, некако многу посакувано и мистериозно. Ќе му дадам на некој да навлезе за прв пат, да ме има бесплатно и ексклузивно, само ако ми вети дека нема да боли. Вчера се почувствував како Џулија Робертс во улога на проститутката Вивиен од филмот Pretty Woman, само оној што ме бакна, не ќе да беше Ричард Гир. Нешто страшно многу недостасува во целава моја приказна и многу добро знам што е тоа, ама ај оди најди го кога не те бара.
Се надевам дека и оваа година ќе има снег, стварно посакувам да падне и тоа многу. Ми текнува пред некоја година кога бев кај баба на село и заедно со мајка ми се санкавме на вреќа. И кога бев дете и се враќав дома мокра, со укочени прсти, баба ми ќе ми ги ставеше рацете под нејзините пазуви да ми ги стопли и нозете ми ги стави во рерна да ми се стоплат. Сакам оваа година пак да се санкам, да се радувам како дете и на се за заборавам. Ќе лудувам, ќе ми течат солзи од ладно, рацете пак ќе ми измрзнат и ќе се вратам дома мокра и премрзната. Таму во снегот посакувам да ми останат излизгани сите лоши работи и спомени. Кога ќе се стопи снегот нека ги однесе и нив со него, некаде во заборав.
СДК го имам најфиниот забар и најпрофесионалниот На мене, најголемата плашливка што се однесува за забари, успеа да ми извади заб без ниедно ау, оф, леле, чекај... значи стварно е . На здравје нека ми е прв изваден заб на забар