Како сте? Јас очекував дека деновиве ќе се наспијам како човек,арно ама ништо од планот. Два дена по ред,се будам уморна и ненаспана уште во 8ч. Како и да е,иако пола од плановите за викендов ми се одложија,сепак планирам убаво да си поминам. Денес чекам друштво на ручече и винце. Се надевам ќе им се допадне тоа што го спремив и нема да има многу зафрканции на моите кулинарски способности. Имајте убава,релаксирачка сабота,јас одам да се дотерам.
„И, што друго ќе кажеш/ќе се пофалиш?“ = единица мерка за аwkwardness level-oт на еден муабет и немањето заеднички теми и интереси со соговорникот...
Весел ден!!! Песничкава ми ја испратија двајца. Ќе ги наречам Славко и Марко, а Славко ми е бивши, Марко е неславен обидувач. Славко ми вика, еј не ти личи пејачов на мене, а тој другиот супермен на Марко? Хе, го победив! А Марко ми вика, абе не ти личиме на суперменине со оној твојон? Епа стварно личите, ама срца не вадам и не сум лепотица како девојкава!!! Во секој случај познавам повеќе згодни супермени со добро срце. Затоа девојки, не, не ми е јасно како немате среќа во љубовта, ДО ВАС Е!!! Сречен ден!
Алоо, тикво моја, дај прекини да ми ги мешкаш работиве. Остај ме да ги согледам работите какви што се, не ми режирај филмови што нема да се исполнат.
Дека многу ми е досадно и дека нема што да правам и дека скапувам цел ден пред нет, и тоа што од одличен сеа иам еден 1 у дневник денес имав родителска е сеа не ми е досадно и има шо да праам
Се смиривме. Заедно сме. Решив да се борам за љубовта. Заедно ќе се обидеме да поправиме се што е скршено. Ќе дојде утре. Конечно. После толку време. Ќе имаме еден ден цел само за нас и ќе уживаме заедно. Толку сум среќна што повторно ми потекоа солзи но овој пат од радост. Веке почнав да подготвувам за утре. Ќе одиме малку далеку од се и од сите само јас и он, заедно. Убаво винце, вкусна храна, добра музика, страсни бакнежи и допири..... ден исполнет со многу смеа, радодт и љубов. Толку ми недостасуваше секој ден, секој момент. Ми недостасуваше неговата насмевка, неговиот поглед, неговите прегратки... посакував само да е до мене и силно да ме гушне и да ми каже се ќе биде во ред. Само тоа. Ах, љубов....
Во секој случај, сите сме се нашле во ситуација и да продаваме и да купуваме мудрост. Само премногу мудрите купуваат и складираат. П.С. Колку е поголем капацитетот на складот, толку подлабоко ќе складирате.
Никогаш не мислев дека ќе верувам во ќороскоп и ствари, но ова не е возможно. Понапорно, поситничаво, поубедено во своите небулози, попросечно wanna/be/интелектуалец/а/ништо/не/знам суштество од ќороскопска Девица не постои. Премногу примероци за да биде само случајност.
Лечам хроницитет! Поволно. Марфи, и јас (не) те сакам, ама дај живти се` прибери си ја бубулицава меѓу веѓи! Се појави неколку часа пред состанок со момакот.
Седам и се чудам, за колку кратко време, колку може човек да се смени. Абе како за паричка да правиме муабет, а не за цел склоп на карактерни особини. Колку брзо лета времето еј, околу мене почнаа веќе и свадби и свршавачки да се прават, и дечиња изродија, а имаме одвај полни или неполни 22 години. До некна сме биле дечишта, гледавме само да испаднеме и да правиме нешто, дали за викенд, дали секој ден од неделата, сум одела и сум била некаде. Сега, не дека сум престарена, ама не чувствувам потреба да се тресам дали ќе имам со кого да ја поминам саботната вечер, или во среда дали ќе одам на кафе. Едноставно, правам како што ми чини, и не сум единствена. Помина времето на големи друштва и абара џубара, секој си тера по некое патче што си го одбрал и тоа е тоа. Сега тоа станува нормално. И ме радува, но и ме плаши помислата дека си станувам доволна самата на себе. Не знам, не викам дека не е убаво да имаш некој, убаво е, те успокојува мислата дека некој мисли на тебе барем некогаш во денот... Ама да не станувам малку повеќе од себична? И од друга страна, дали е фер да обврзеш и да натераш некој да мисли дека те има, за да му киднеш по неколку месеци на другата страна на светот? Како да речеш, ни си така ни си вака, брат еве, беше што беше, јас отидов, дали ќе си дојдам, не знам. Ме мачи и тоа што луѓето не се кукли за ти да си играш со нив, а секој жив човек си има свои желби и патишта.... Моите досега ретко се поклопувале со нечии. Не секој се гледа на 10.000км од дома, за жена му да биде среќна. Но повеќе ме тресеше и ќе ме тресе помислата дека ова е тоа, готово, завршено е, сум со еден човек до крајот на животот, врзана сум овде и тоа е моето најголемо достигнување.... Иако можеби не сум веќе дериште, ме полазуваат морници на муабети кога слушам дека некој планира да си роди бебенце за година-две, евентуално три или четири. Па си ја планира свадбата, па се' им е таман, заедно се цел живот... Си викам, дали сум изрод што не ме усреќува да имам 7-8 години врска на мои години, што не, не сакам бебенце во наредниве не знам колку години, или па едноставно не се нашол некој што ќе ме натера да посакам? Како да го родам, кога сирото, не знам ни дали стварно го посакувам воопшто некогаш да го имам? Станувам свесна дека сум подлегнувала на туѓи влијанија и туѓ ќеиф, ама не и мојот. Ако до некна се клештевме на кафиња кој каде бил за викендот, сега на сите ни се гледа страв на лицето, загриженост, дали догодина ќе бидеме овде или којзнае каде, дали ќе бидеме истите или ќе се смениме уште толку? Тек сега сфаќам дека е многу тешко да се остане форевер јанг, животот те влече и секојдневните проблеми те трупаат, и не ти е дојдено до клештење. Знам само дека и не ми беше така лошо последниве четири-пет години, се сменија многу работи, се сменив и јас, со сите солзи, мрсули и смеења, би им дала една средна оценка, добри беа. Прошетав многу, се сменив. Ме сменија неколкумината на кои им дадов драгоцено време од мојата младост. Ме смени сознанието дека моите дома не стануваат помлади, напротив. Си го заработив сама корчето од лебот, ме смени и тоа. Од дериште стануваш млад и свесен човек. И сфатив дека многу си се бендисувам вака сменета. Станав типичен човек од местата на кои што сум била, ладна но не дрска, културна но не и нападна, среќна, но не и оклештена. Ми станаа чудни и вештачки тие што се обидуваат да глумат среќни цело време. Очајно. Ќе крахирате некоја година како издишено балонче. Време е за нови предизвици, за тоа се овие години, за нови промени, а не за settling down. Барем според мене де.... На кого кај му е среќата, на крај краева. Ај да одам да размесам нешто, многу исфилозофирав, драми, ово оно, ајде да бидам корисна малце.
Единствените луѓе кои ми го прават животот прекрасен се мојата фамилија. Еден ден поминат со тетките, тетиновците, братучедите, моите дома, а најмногу баба и дедо, ми ги брише сите негативности во животот и ме прави најсреќна на свет. Што би рекол дедо ми: Ниедно место како бабината куќа.
Како велат, кој рано рани, две среќи граби И стварно било така, денес станав малце порано, цел ден до сеа ми беше исполнет Се чувствувам среќно, исполнето Утре другарка ми има роденден, ќе и правиме изненадување, едвај чекам
Спомени безброј. Секоја песна потсетува на некој. Секоја солза потсетува на старите времиња. Времињата кога се` беше полошо, а многу подобро. Времињата кога се смеев и во најтешкиот момент. Времињата кога се борев за она што го сакам. Времињата кога не дозволував никој да биде повреден. А сега... Се кршам себеси, ги кршам другите. Сите остануваат повредени. Спомени речиси и не се градат. Само солзи. Која е потребата од тие солзи?! Смачено ми е веќе! Но, нема... Нема одговор... сеуште. Ќе се појави некогаш, во далечната иднина, или можеби блиска... Мора да се појави. Го чекам тој одговор. Го чекам крајот на солзите. Го чекам почетокот на насмевките. Го чекам времето кога ќе се насмеам и ќе можам гордо да кажам:" Успеав, среќна сум." Со полно срце ги чекам тие моменти.
Мислам дека никоја година не сум ја сакала зимата вака силно. Никогаш претходно толку силно не сум ја доживеала таа магија. Колку само љубов се крие во таа белина, тие црвени образи, тој студ кој ги пецка образите, тој ветер кој ги разбушавува косите, тие топли џемпери со еленчиња, тие врели чаеви кои опојуваат со топлиот мирис. Ги сакам тие студени денови, ладни, ветровити, суви. Колку и да ми се мрчи кога станувам рано, потајно ги сакам сите тие секојдневни рутини. А уште повеќе ги сакам викендите. Тие прекрасни мрзливи денови исполнети со излежување до доцна, мекоста на пижамите и соба исполнета со мирис на кора од мандарина Признајте сите, постои магија. Постои некаква магија во сето тоа студенило, која го полни со душевна топлина... И иако календарски има уште цел месец до зимата, за мене, таа засекогаш ќе започнува со рекламата на Кока-Кола.
Горан...се сложувам со секоја твоја констатација. ВЕСЕЛА СТАТИСТИКАПишува Горан Михајловски - Бројот на болни за ноември и декември е веќе потрошен. http://www.vest.mk/?ItemID=760779DD65B72046B182D9289FAF191F