Раин верувај дека голем дел од овие што сме активни на форумот забележуваме се што е копија и што е измислено од себе барем еве за мене ќе кажам доволно сум свесна што може да се измисли и што е копирано мислам дека од далеку се познава,јас едноставно таквите членови не ги ни читам... Слава на туѓа сметка несакам ,да се случило да копирам и јас но сеа тоа го вметнувам во некое мое мислење како некоја поука или како пример од некој друг и обавезно е под наводници атоа што тоа не е лично мое Милам дека колку и да е виртуелна комуникација сите си го прикажуваме нашето вистинско лице, а јас се трудам се што имам да изнесам со свои зборови ,и убаво е кога и нешто такво ќе прочитам од други
Fucking PMS ужасна работа е алал да им е на домашниве и на дечко ми што можат да се сносат со мојот луд пмс хормонален период.. само тогаш сум некако негативна..како на пример еве денес.. минута ми се плаче, минута ми се смее, еднаш ги гушкам еднаш ги мавам и се лутам за без врска работи, премногу емотивна ..аии мразм ваква кога сум ама ајдеее важно благо имам чоколатцата до мене се
Убаво временце, сончево, топличко, милина.. Радост, љубов, среќа... Зимата ми е секогаш депресивен период, сивила, ама штом сонцичко ми дојде на прозор, ми ги удри зраците во очи, знам дека веќе си се будам од сонот.. Онака, радосна сум си, разиграна, блесава, смешна.. Убаво ми е, убаво е.. Си ги сакам луѓето што се со мене, иако понекогаш помислувам дека имам дефицит на вистински пријатели.. Ај, не го тупам со тоа денес, само ќе си уживам во разговорите со моите најблиски и ќе му се радувам на кучето будало мое.. Уживајте луѓе, убаво е..
Оние што се задолжени за маркетинг во скопска пивара гарант таргетирале такви како мене кога ја осмислувале новата кампања со стари етикети. Ми се погоди зделката, плус па и етикетите ми се интересни, времево се поремети, за несреќа па и не работам...таман си е се Добар повод да викнеш друштво во двор на сонцево и секако срам-не срам, да се здрмаш сред бел ден на гладно! Убаво ми е, не се жалам. Меанџи дај уште по едно
Сакам некој ден да добијам доволно храброст да седнам сама на кафе. Се случувало да имам и време и желба, ама не и друштво, па сум се предомислувала. Си викам: што ќе му речам на келнерот кога ќе ме праша Ќе почекате некого или ќе порачате? - Ќе ве молам едно големо, топло макијато, јас еве сама си дојдов. Луѓето низ светот одат сами на вечери, на забави, дури и на патувања. А и психолозите тврдат дека е здраво одвреме навреме да бидеме сами и да си посветиме време себеси. Некогаш стварно ми треба малку простор за себе, затоа што се губам во сите тие гужви. Онака, лежерно да си седнам на кафе, да читам или пишувам, едноставно кажано - да имам време да размислам за некои работи. Во вакви шпиц периоди, единственото време што можам да го посветам на длабоко размислување, се оние 15тина минути пред да заспијам. Ама некогаш не ми е доволно. И некогаш тоа време ми е многу кратко. Затоа што од умор веднаш заспивам.
Да можеа професорите да сфатат дека со тоа што ќе им влеат на студентите стравопочит и ќе се изживуваат врз нив не е добро, со најпрости зборови ете не е. Неуспехот на студентите е и нивен личен неуспех.
Кога има сонце се е поубаво. Пролетта ни доаѓа, пристига моето омилено годишно време! Мислам дека повеќе лица се насмеани, дали тоа сонцето предизвикува некое ново чувство или прејако им удрило во глава.. Кога си среќен мислиш сите околу тебе се среќни исто така, а кога си тажен мислиш сите околу тебе се тажни. Ех што психа ќе беше. Одам сега до сендвичара, максимум мора да се искористи денот. Сакајте се.
Пресреќна сум исполнета со љубов топлина среќа Сакам секој дне да ми биде ваков сончев топол и убав Целиот дне го поминав со другарка ми во природа шетавме, разговаравмеи медитиравме милина
Додека денес 50 денари ни значат едно кафе, една пакла цигари или така кажано немаат вредност за ништо, некогаш значеа 20нови салфети за мењавање. Со денови сум си кратела по едно чоколадце или смоки само за да ги соберам. Некогаш пак со другарка по пола и ќе земеме салфетки. Низ цел град по цел ден шетавме и се разменувавме. Баш ме интересира дали денешните деца од по 7-8 години ги собираат . Ја најдов кутијата шо сум ги собирала, ма со мерак ги гледав и редев повторно Да, некогаш за среќа ми беше доволна една нова салфетка. Спојлер (Колку пати само го споменав зборот салфетка )
Абе како не им е здосадено на луѓево да се замаараат со туѓи животи колку ми е грдо шо живеам во најпортарскиот град во Нашава мила Македонија Прости се си го пикаат носот кај шо не треба од такви страдаме. изгледа нив тоа ги храни
Лаванда. Те исполнува,ти ја полни душата. Мирисот те смирува. Ти носи спокој,нешто што одамна го немаш почувствувано. Ах тој спокој,сите го сакаме. Никој несака проблеми,несака да биде вознемирен. Некои работи колку и да мислиш дека се решени,сепак нешто те мачи. Нешто ти ја мачи душата,ти стои како камен. Ти смета,неможеш да земеш воздух. А што е тоа? Како да откријам? ..
И официјано од денес.. Џени си започна да работи. Добро не е кој знае што, претставник на авон сум. За моја возраст добро е. Работата, ако може и да ја наречам „работа“ не е баш нешто сериозно, но ќе си имам занимација и плус ќе си заработувам по некое парфемче.
Не ми е нешто денот.Не дека нешто се случи,туку ете така.Нерасположена сум.Сакам нешто ново да биде.Се е исто,како ништо да не се случува,како се да стои во место.Истите личности насекаде,истите места,истите случувања,истите навики...ми треба некое освежување во животот.Очајна сум по тоа.Очајна сум по авантури,забави едноставно по нешто ново,не видено досега.Но ајде,животот носи разни изненадувања.Обично по природа сум нестрплива личност,ама за некои работи треба,вреди,да се чека и ке чекам. Mood: Ете така
Обожавам сонце, денес станав специјално да го зграпчам денот и да уживам. Зграпчив само нервози, главоболка и некој тежок ветар кој уште не ми е јасно од кај излезе. Прошетав малку и сама, па имав добра прилика да осетам студ, но оној студ кој доаѓа од луѓето. Не сум таков човек кој ги гледа луѓето на фаца-убав/неубав, не забележувам кој што носи - дали е последна мода, дали уште носат чизми или пак сандали, но многу добро ја гледам и чувствувам енергијата што ја шират. И баш така, осетив само студ. Не знам што е со луѓево, зошто им е толку тешко да се насмевнат, да те поздрават, сите ми се накако смуртени, лесно можат да ти создадат грижа на совест зошто си им влегла во нивниот бутик, во нивната продавница, си застанала на нивниот шалтер, зошто си ги поздравила или зошто си се разминала со нив. Познато е за луѓето од градов дека се такви, намќорести и по се изгледа вистина е тоа, сум имала прилика да прошетам малку наоколу и не можам да тврдам дека е секаде така. Се некој чудно те гледа, како да си му крив за нешто, не се чувствува никаква топлина во просторот, никакво расположение. Не знам дали таков никаков беше денот или пак јас не носев розеви очила, навистина не знам. И така сега си имам некоја главоболка, пробувам да ја излечам со кафе, па се чини дека успева. Не е секогаш вистина дека како што ти почнува денот така цел ден ќе ти биде, но дефинитивно треба да се запази на која нога се станува. Сепак изгледа дека само мене ми беше катастрофа денес, слушам од надвор на некоја мачка и е посреќено. И уште нешто. Лудо ли е тоа што еден човек во знак за поздрав ме штипна во пределот на вратов, па ми се допадна и посакав да ме измасира тука? Баш ми го погоди моментот на закржлавеност. Ај одам сега, мислам дека во кафево има дрога.
Добро е.... Напорно ми е темпото но ,добри резултати има.... Нека продолжи така.... На крајот од денот сум мртва уморна,но кога ќе се сетам што се постигнав преку ден и со какви позитивни коментари ја истрчав работата-веднаш се китам со насмевка. И по дома се ми е ок,мажот,децата...ми го светлат образот и они,мили на мајка... Благодарам Господе за се .
оф леле..аман оти грдите девојки ги имаат најубајте машки за дечковци.. Иначе денов помина брзо бидејќи сум од поручек..беше досадно на училиште ноо имаше и некои забавни моменти..Мртва уморена сум ноо сепак ме расположуваат убавите и интересени работи кои ги направавив ии така..
Незнам што се случува со мене, си велам ајде од утре сериозно учам и утре ништо. Некако немам сила да почнам... Ајде да видиме што ќе биде утре...