Многу ми паѓа жал кога гледам колку ограничени можат да бидат некои личности. Ги гледам низ град, а богами и тука низ форум и им се чудам. Лажна објективност. Лечење конплекси. Квазисамоетикетирање а ла Мајка Тереза. Од тоа мерење на кого му е поголем ништо добро не произлегува, само еден куп фрустрации кои испаруваат наоколу. Судејќи му на комшијата дека се вратил рано наутро со растурена коса и со облека во која излегол претходниот ден, уствари покажувате дека дека вие сте тие кои ја пропуштаат забавата. Калма народе. Животот е премногу краток за да водите сметка и за патописот на другите. Ваша М,
Во ред е, разбирам дека сега секој има смарт фон со топ камера и дека се и сешто, секој момент од животот се фотографира. И девојките ги разбирам, се нашминкале, се дотерале, излегле негде и сакаат да се фотнат, ок, супер, фејсбук, инстаграм бла бла, сакаат да бидат видени и лајкнати. Машкиве неможам да ги сфатам. Пред некој ден бев сведок на толку јака фотосесија што ме фати срам да ги гледам што прават. Типов се потпрел на стубот на авиночето во Аеродром, едната нога ја свиткал и ја потпрел на стубот, главата ја свртел на страна, наочари абе си грмиии, си газиии, а другар му го слика со професионален апарат. Од далеку, па од блиску, па клекнал за убаво да го фати аголот. Па иде до кафичот, ја зима пијачката на другар му и се слика со пијачката во рака. После се менуваат со јакните и идат во тревата, прво стои, после седнува на тревата. Па поминуваше еден човек со куче, незнам дали го знаеа ама како и да е им го позајми кучето за фотографирање. Мислам дека моделиве на ВС не ги сликаат толку и не посветуваат толкаво внимание на фотосесиите. И сето тоа за што? За да лупне на фејсбук и демек да се пали народ. Абе ај гитла. Свашта се сретнува по социјалниве мрежи, еден па се сликал со кеси од Страдивариус, Зара во Солун и Старбакс у рака нормално, баш си ја отслика машкоста со кесите од шопингот. Сликан у диско, потпрен на шанк со бесна пијачка (пошто му ја позајмил другар му - шанкерот за да се праи мангуп) сликан у профил. Си грми се, се ложат пи*и*а Трагикомично, незнаат изгледа да се сликаат најнормално, се позериште излегоа.
Денес случајно си најдов едно старо четиво, напишано додека бев средношколка - период кога очигледно сум била влезена во некој Кери Бредшо филм Ех, тогаш сé уште беа актуелни блоговите, се пишуваше за сé и сешто. Тогаш и почесто си пишував вакви текстови, едно време за малку и колумни ќе почнев да пишувам, ама гледано од денешна перспектива можеби и подобро што не почнав. Сега во тој формат скоро и да не пишувам, целосно се префрлив на поезија. Не знам што ми текнало да пишувам за чевлите и мажите, ама ми беше интересно да прочитам нешто кое сум го напишала пред повеќе од 5 години. И ете, решив да го споделам со вас Пронаоѓањето на совшени чевли е исто толку тешко како и наоѓањето на совршен маж. Само што сте помислиле дека сте нашле прекрасен пар чевли, а веќе при првото облекување сфаќате дека ви се страшно неудобни! Едноставно нивниот калап не се совпаѓа со вашите стапала. Па бирате - или ќе ги трпите болките само за да изгледате убаво, или ќе ги откачите и ќе си најдете нешто поудобно. За разлика од нив, постојат некои не толку посебни и мошне обични чевли кои ќе направат да се чувствувате како да одите по облаци. Многу слична е ситуацијата и со мажите. Постои љубов на прв поглед, зар не? А како што можете да се вљубите во некое момче, постојат шанси тоа да ви се случи и кога ќе погледнете некој убав пар чевли. Си велите - е овие мора да ги имам! Сте си помислиле дека секогаш ќе бидат тука за вас и дека никогаш нема да ве изневерат, и оп - ви се крши високата потпетица, или срцето... од некој нечувствителен маж! Ние, припадничките на понежниот пол, секогаш очекуваме да добиеме онолку, или барем приближно колку што сме дале и вложиле. Од тие причини секогаш се чудиме кога некои чевли кои скапо сме ги платиле, веќе се искинале. Слично и во љубовта - очекуваме да добиеме онолку внимание, почит и доверба колку и што сме подариле. Но, не е секогаш баш така. Сигурна сум дека барем некогаш во животот сте се зажалиле за тоа што сте купиле некој пар чевли, исто како што сте се покајале што сте потрошиле време на некој што не заслужувал. Ги ставате чевлите (или во другата ситуација спомените) во некоја стара кутија на која се надевате дека нема да се навратите. Можеби се тешите со тоа што ќе си речете: А што ако ги носам со друга комбинација на облека, можеби ќе изгледаат подобри, или - а што ако му дадам уште една шанса? Можете да имате многу чевли во вашиот живот, но секогаш ќе постои барем еден пар од нив кој ќе ви биде омилен и ќе ви биде тешко да го оставите кога едноставно нема повеќе да биде во мода. Секогаш ќе постои и некоја личност која ќе ви буди спомени, иако е веќе дел од вашето минато.
сакам да се заљубам.ама овој пат чисто, вистински.без лаги.без измами.да биде како што треба.без страв.
Вујко ми минатата недела излезе со сестра ми да и купи чизми. Кога си дојдоа, ми рече ако работи неделата дека овој викенд ќе ми купи и мене ако не ми е срам да шетам со него. Мене искрено ми е жал да го трошам за такви работи зошто парите ги заработува со тешка физичка работа. Но, синоќа ми вика - Да станам рано, да се средам, избричам ќе шетаме ли? Како да го одбијам? Не ми е срам да шетам со него, со никој од моите не ми е срам да шетам, имав една личност ама причината за срамот беше тоа што беше млад, а не сакаше да си посвети внимание и изгледаше прилично лошо. Утрово се средил, ме чека да станам, а сестра ми ми кажува дека минатата недела сакал да прошета и низ градов да ги види новите градби и споменици ама немале време да прошетаат. Излеговме, се надевав дека нема да најдам ништо ама он ми покажува едни, други, трети. Јас барам ниско за на факс, а он ми вика - Еј ти не се носиш така тебе ти треба нешто поелегантно. На крај он одбра, јас пробав и плативме. Излеговме од продавница и го фаќам под рака, ајде сега со мене едно крукче. Не кажа дека е задоволен ама се гледаше дека му е мило што излеговме, што прошетавме и што го разгледа малку градов. Живеел тој некогаш тука ама тоа било пред јас да се родам. Сега пак една година не најдовме време убаво да го прошетаме. Се договоривме со сестра ми, први парички и го носиме на ручек или вечера, чисто она за ќејф.
Децава ги раѓаат во џунгла или во наводно цивилизиран свет?? Родителиве се родители по функција или родители по тренд?? Не ставам се во глобала, ама денеска имам примери кои не заслужуваат функција МАЈКА, ТАТКО, РОДИТЕЛ. Од децата се создаваат "мајмуни" ( ма и тие се по разбрани од нив) ... Никаков интерес да се учествува правилно во нивното воспитување и растење. Да се нема знаење ни начин како да им се насочи енергијата, воспитувањето ... Од децава само неразбрани, инаети, контраши, .... без култура и контрола инвалиди се создаваат. Еее а секој сака да е родител, ... И не се кој и е!
...сакам да споделувам среќни моменти како со фамилија така и со другарки, оние тажните, кои некако земаа замав годинава, се трудев да ги потиснам во себе ама неможев, сами си идеа солзите, зборовите... но, ајде, ако тоа сум јас и секако очекувам и другаркиве да го прават истото , е па СРЕЌА Е , кога ќе дојде денот на запросување зарем не? а да не сподели , незнам како и издржа душата ... јас и посакав се од убаво-поубаво, никогаш несум и нема да заборавам што сме поминале ( иако дознав од сосем "трети личности".......... како и да е веќе неколку вечери си легнувам со шише топла вода под ќебе и читам шо читам , ќе ми дојде дремка и го тргнувам, ааааама синоќа сум заспала со него , па доцна негде коа ми дојде едно ладноооо, му се мислам после дали да го гушкам пак и вечерва
Понекогаш човек треба дури и да си посака неуспех. Затоа што само така ќе дознае повеќе за себе, ќе извади уште една обвивка од себе. Ќе сфати колку повеќе вреди, колку е посилен и попаметен. Колку е издржлив, упорен. Колку го сака животот и колку е зависен од љубовта. Но можеби најважно од се - ќе дознае кои му се вистински пријатели, на кого може да смета секогаш а на кој му е време да си замине. Ти благодарам Боже, за сите неуспеси во животот. Искрено и од срце. Тие ме направиле девојката/жената (уште се сметам измеѓу ) што секогаш сум сакала да постанам. Тие ми ја покажале смислата на МОЈОТ живот.
Зошто? Зошто се менуваме? Зошто растеме? Зошто не можеме засекогаш да останеме мили, малечки, невини дечиња? Зошто мора да се претвориме во луѓе кои се хранат од омразата и болката на другите? Зошто минува времето? Зошто велат дека времето ќе ги излечи раните, кога всушност им налева сол?
До кога бре млади мои луѓе со предрасуди ?? До кога со толку стегнати, конзервативни и зајадливи ставови и мисли?? Проширете го сопствениот капацитет што повеќе ... Светов не е ограничен.
Навистина убаво кажано...... Спомените се како препарирана пеперутка. Под стакло ја гледаш колку е убава...Но тажна е сликата...Затоа што знаеш дека таа никогаш повеќе нема да лета...
Ќе ме убиете со оние кифлички што ги поставувате во Фемина Инстаграм. Две недели и велам на мама, да купиме кифли, да купиме, да купиме, и никако да купиме, и се си ги гледам сликиве и си плакам . Друго, секогаш кога се туширам/бањам си пеам некоја песна, значи цели дваесетина минути, последна песна која ја пеев беше ,,bojle biti pijan nego star'' , цели 20 минути еј, и тоа само рефренот. Мразам кога сум настината. Пијам апчиња, од носот ми тече река, па и мама кога ми носи да пијам кафетин колд, ми се иде да и кажам: ,, МАМО МА ,,. Ај, имајте убава вечер и неделава убаво да ви почне.
Само што си го допишав, односно си го комплетирав ЦВто, и вака кога си го препрочитав, дури жал ми падна. Па дипломи, активности, дебати и триста други чуда, па во две странски држави сум работела, па искуство со деца, дрн дрн... Санки за на Оксфорд аплицирам да студирам или да ме вработат, а ја за чистачка, евентуално келнерка. Билингвална чистачка или келнерка де. Битно една слика им залепив, кога ќе ме видат, да се заљубат. Со црвено карминче сум плус. Шала на страна, ама ова западњациве нејќат слика во која што изгледаш комунистички, жива да била, насмеана да била, светла, необработена, не знам ваква, таква.... виножита да се појават кога ќе те видат, најдобро кажано. Се збрлавев значи викендов пред компјутер, аман аман, како да преведуваш полуписмен текст, дајте предмет Правопис воведете, не екстерно и глупости. Кога ќе ми текне дека се нафатив да работам цел живот ваква глупост, инвестирав четири години време и којзнае колку пари за да се грбавам и ќоравам за ич пари, ми иде да земам тепсија и да сркам што и да има внатре - бурек, пити, трилечиња, баклави......... Или да се омажам, више аман од муабетов со мажење, мислам дека од самата сугестија ќе ми рипне некој со прстен.
Велат ,,Кој рано рани, две среќи граби.'' Секој ден станувам рано, и никогаш не сум зграбила среќа бе. Незнам дали ова само мене ми се сличува, но тие две среќи одамна ги бркам.
Ma,znam jas se... I toa kako! Ne e potrebno da se kazit,da se nacrtat... Znaese deka ne sum kako drugite. Privetuvam jas koga sum nekade vishok. Mozda zaboravi deka te poznavam tolku dobro sto i najmala promena kaj tebe ja primetuvam.. Zatoa si zaminuvam molcejkji,bez borba.. Nemam namera da go gubam dostoinstvoto,koga veke se propadnalo. I koga gubam i koga pobeduvam,go pravam toa so gordo krenata glava! Ete,tolku sakav da kazam