Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    СДК во моментов нешто што најмногу посакувам е масажа, мммм како добро би ми дошла мх мх мх8);)
     
    На Irrepleceable и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Денес сум нешто нетипично мрзоволна. [​IMG]
    Начекав пар темички на кои имав што да кажам ама ме мрзеше да навлегувам во дискусии....

    Инаку дојдов на темава да ви посакувам убава работна недела, да не речете дека само во петок се јавувам :lol::



    Со љубов,
    ваша М, :makeup:
     
    На Anabelle.Amorette, Reachel, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    ...дека гледам дека пак се наоѓам среде период кога се трудам што повеќе да се дистанцирам од луѓе коишто ми будат негативни чувства и за чиешто однесување, пристап, што и да е, имам нешто негативно да кажам и се стремам кон егзистирање среде ситуации во коишто би го искажувала моето искрено задоволство од истото кај другите.

    На некои тоа им наликува на нешто друго и најчесто дијагностицираат лицемерие и улизување. Па, кој им е виновен што во ера на 7D кина тие се` уште гледаат во две димензии... и јас како и секој си имам доволно мали сурови реалности со коишто треба да си се справам за да се вознемирувам со туѓите.

    И тој којшто на кој и да е начин, ќе се најде доброволно од моја страна во мое друштво, муабет, па и добра мисла периодов, треба да се чувствува привилегирано. Значи дека функционира правилно во надворешниот свет, зрачејќи со позитива и љубов кон животот по некоја моја скромна и груба проценка.
     
    Последна измена: 24 ноември 2014
    На Teodora*, Someonespecial, marama и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Pearls

    Pearls Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    утре е понеделник f... (n)
     
  5. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    Немам некој долг животен век зад себе, ама за времетраење на истиот не се сеќавам некој да ме изиграл, (зае*ал) а притоа имам меморија на слон... и не е во ред мојот збор да се слуша на иста маса со зборот на оние кои ниту броеле, а ниту знаат колку пати биле влечени за нос на различни планови во животот. Отсега кога ќе дојде време да ја ставам својата објективност на дневен ред, ќе премолчувам. Од причина што луѓето се толку безнадежно закоравени во својата наивност и емотивност, толку субјективно расудуваат (ако може кај некои и расудување да се нарече самиот процес) што попрво би се нишале како вејки по којзнае кој пат, отколку да веруваат во нечиј здрав разум. Тие здрав разум не знаат да препознаат, својствено за ограничени и параноични ситни души - трезвеното размислување ќе го поистоветат со опортунизам. Добро, опортунизам нека биде тогаш, сигурно мене повеќе ми одговара отколку да ширам просветителство меѓу неблагодарна раја.
     
    Последна измена: 24 ноември 2014
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.831
    Допаѓања:
    5.147
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам, дека има чудни луѓе, има глупави луѓе, неуки, прости, луѓе што грешеле, па си простиле и некој им простил и сите овие можам искрено да ги сакам и да ги разберам или барем почитувам (сите сме чудни на свој начин), можам да ги сакам сите без разлика на кошулите што ги носат, бојата на косата, кожата, музиката што ја слушаат, полот со кој сакаат да бидат, но не можам да ги разберам таквите што си го хранат егото од туѓи солзи и од туѓи болки. Не можам да ги разберам оние кои по секоја цена пробуваат да те понижат, пред другите најчесто, за да тие се покажат. Бидејќи реално, тие се ништожни.
    И нема да разберам, зошто одредени луѓе имаат потреба да навредат се што е твое, се што е свето и го чувствуваш како дел од тебе....зарем животот треба да биде битка, каде наместо мечови се натпреваруваме со тоа кој ќе искористи поголема навреда или погрд збор? Зарем треба да се натпреваруваме чиј тон е повисок? Зарем треба да се дообјаснуваме, правдаме некому?
    Уште како мала се прашував зошто одредени луѓе навредуваат други, зошто можат да си дозволат да наречат некого, некако, па зарем тие се совршени? Не, не се совршени, само мислат дека се. Бидејќи тоа им го подига егото, бидејќи тогаш, и само тогаш се задоволни од себе, кога мислат дека некој е под нив.
    Уште како мала имав гледано како паметни луѓе, добри луѓе веднат глави пред оние што имаат потреба да се докажат. Ама сега ги разбирам дека не вреди на некој толку искомплексиран, на некој со толку големо мислење за себе, на некој со носот толку високо во небо, да му објаснуваш, тој нема да разбере. Тој што навредува е попрост и од најпростиот, и без разлика колку дипломи има, тој секогаш за мене ќе биде неук. Тој секогаш ќе биде некој толку ништожен и беден, некој што не знаел да почитува нечие свето нешто, што не знаел да почитува друго човечко суштество освен себе.

    Само сакам да не ме чепка, да не слуша што кажувам, да не коментира, да не буди гнев во мене, оти јас немам подигнато глас некому, јас не сум човек што ќе прави понашање некому, јас не сум човек што се обидува да те засрами на секое отворање на устата...Господ знае оти и имам згрешено само со тоа што уште сум жива..
    Само сакам да си живеам на мира, да престанам да се чувствувам како затвореник, криминалец кој го испрашуваат во собата во која татко ми плаќа за керка му да има мир.
    Само сакам да не удира каде што е болно, оти тогаш се разлутувам, го штитам она што е мое и свето на сите начини што ги знам. И ќе го штитам, ќе возвратам на ударот за да престане веќе еднаш...оти на друг начин не разбира..премногу е проста.

    Има помалку души отколку луѓе? Знаете ли тоа?
     
    Последна измена: 24 ноември 2014
    На eliesaab, SimonaTino, Sunflowers и 4 други им се допаѓа ова.
  7. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    17.212
    Пол:
    Женски
    Добро друштво и квалитетно поминато време со истото е раритет деновиве. Како бре не ви е мака?! Се отрувме од политика, неинформираност, површност, хејтеризам, отупеност, загаден воздух и што ли уште не! Јас сакам чист воздух! И тоа не само за дишење туку и во секоја преносна смисла на зборот! :!:
     
    На Captain-Omni, eliesaab, Dvolicen и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.984
    Допаѓања:
    164.448
    Се прашувам кое ниво на задоволство е селфи во гардероба во зара/манго?
    Ај некоја што пробала да ми опише.
    Што и да ставите на себе, ако сте како правоаголен триаголник со клемпави уши, џабе ви е.
    Абе луѓе, шармот, душата и фацата... све друго се поправа и доправа на многу едноставен начин.
    Дали носиш крзнен елек, дали носиш пинк кармин, дали невкусно носиш енимал принт или се сликаш по гардероби, тоа ти е мачко исто ниво на сељанство.

    Него понеделник, а јас сум дома... на одмор! Ха!!!


    И да... на мајка ми и викав - ослаби, се плашам да не се разболеш, притисок ова она, ослабе... сега и викам абе сигурно ослабе од што сакаш, да не ти е нешто?
    (facepalm) Дали некој може да ме разбере? Јас еве не можам да се разберам...
     
    На anuskaNESTLE, Captain-Omni, Teodora* и 11 други им се допаѓа ова.
  9. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.228
    Допаѓања:
    25.843
    Пол:
    Женски
    Ne bev so namera vecerva da gledam American Music Awards (AMA) ama se premisliv da gledam naj mnogu zaradi sto PITBULL e voditel
     
  10. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Некаде прочитав, Дереџе- единица мерка за тоа до каде си стигнат.
    Јас се прашувам до каде се стигнати денешниве деца. Мало, кенкаво, 9 годишно дете нема никаква почит спрема своите родители. Сведок бев на ситуација, кога мајката му вели на детето дека додека таа зборува, детево не треба да се вмешува во муабетот, меѓутоа детево и се заврте и и' рече ај ма доста ти, ќе зборам јас кога сакам. Јас се запрепастив и појдов со намера да му укажам на детево дека не треба да разговара на таков начин со родителите, а добив само еден поглед и се повлеков. До толку ли немаат влијание родителите врз децата, малку авторитет да имаат пред нив, да сфатат децата што е правилно а што не, што треба да прават, а што не ? Како треба да се однесуваат пред нив, па и пред околината? Чинам, ние не бевме такви деца. Па мене ми беше срам дома да кажам дека сум добила тројка (што беше реткост) по некој предмет, а не така да се однесувам. Како понатаму ќе се градат тие како личности со такво однесување ?

    Патем, за важни одлуки и важни личности, користете го срцето повеќе од умот.
    Тоа е како ролерките кои што ги имате, но ги чувате во шкафот за да не ги изгребете.
    Што ако го имате срцето, а не го користите ?
     
    На simonka93, Divinebutterfly, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  11. andjela.p

    andjela.p Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Се заљубив, не сакав да се случи тоа. Многу ми значи и го сакам.
     
  12. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    10.423
    Пол:
    Женски
    Еве се мислам дали да почнам да се спремам уште сеа и утре сабајле да изгледам како Андријана Лима, добро де, Андријана Лима со подочњаци(ама фиксирани со коректор:!:) или да си легнам и да си ги поспијам овие скромни три-четири саати што ми остануваат и утре сабајле на факс да изгледам како Ејми Вајнхаус?И тоа после јак провод.Вие што мислите, м?
    Оууќеј Андријана Лима ит ис, и јас мислев така.И онака sleep is for the weak.
    *почнува да пегла коса*
    Завесата се спушта.
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    го обожавам она: не се спуштам јас на тоа ниво да коментирам/расправам/дискутирам.
    Па да, кога се нема што да се каже, клише реченица од високото небеско ниво е идеален одговор за вадење гз. :lol:
     
    На Captain-Omni, Summerlover, Candid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски

    Хм, зависи за кого, како, но со тоа само се троши енергија и време, зависно за што станува збор, не секогаш е добро да се впушти човек во дискусија, не заради тоа што немал што да каже, туку затоа што едноставно не вреди да се расправа со секого, луѓето најчесто сакаат да слушнат она што ним им одговара, а доколку се влезе во дискусија и да кажеш поинаку од тоа што мислат, тие па ќе си го свртат по свое, што значи не го прифаќаат она што не им одговара.Само, не е можно сите исто да мислат, да мислеа сите исто, ќе немаше потреба од расправии и сл., туку едноставно ќе се климало со глава...


    Релативно е се, така и ова.
     
    На Someonespecial, Candid, Madam-A и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.196
    Пол:
    Женски
    Абе ти се прекрасно нешто.
    Нема кој не те сака. Мислам сите те сакаат, освен мајка ми. Не и’ се допаѓаш баш... ама нема ништо против тебе, де. Сите се радуваат кога ќе те видат. На сите им се дига расположението кога ќе те здогледаат. И мене исто. Многу те сакам. Ми ја полниш душава, особено во овие есенски денови.
    А верувам и на сите други. Ти си еден огромен предмет на восхит, покрај тебе, се’ блеска, се’ свети, сите по дифолт се среќни и весели. Не знам што е тоа во тебе, што ги правиш среќни сите луѓе, ама ете, има нешто во тебе. И не е важно што има, и мене не ми е ни гајле што има, само нека остане кај тебе тоа нешто и нека сите се’ уште бидат расположени во твое присуство. Ти реков де, и јас те обожавам, и со душа те чекам. Ама жити се бре...
    Сонце... Те молам немој да се појавуваш баш кога треба да пишувам состав за дожд. Со љубов, твоја Лела. ;(
     
    На Yowannty, Sunshine.Sunshine и Sunflowers им се допаѓа ова.
  16. Tumblr.123

    Tumblr.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Денеска после школо си викам ајде да не одам дома дека не ми се оди, и земав да прошетам.. по пат сретнав едно девојче, го познавам од некаде, ама не ми текнува од каде - но мислам дека е девојчето со кое се запознавме на базентот лани летото нормално.. и сега ми доаѓа ми вели - каде си, шо правив.. јас и викам еве си одам од школото конечно да се прошетам малце дека не ми дават да испаѓам бла бла..:lol: и викам ти шо праиш она кажува таму и почнаме муабет за школото за времето може 15 мин. и добро, добар муабет направиме само уште да го познавав девојчето добро ќе беше.. и сега уште незнам од каде ми е позната, јас важно мyабет делкам на сред улица се расприкажав, само не ја прашав која е..:D и сега ми е жал.. ако е некојa од форумов нека кажува дека сварно неможам да се сетам a сакам и мислам дека е онаа од базентот.:)
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Толку ми е мука од ‘‘сезнајковци‘‘ на се имаат одговор и не примаат ниту едно друго мислење. Толку ми е тешко што кога ви се дава нешто не го зимате а после го сакате. Зошто само јас сум таква? Зошто јас страдам и ми е тешко? Ми оди се да изнапцујам и да си легнам зошто ми е мука. Човек ви дава нешто бесплатно а вие го одбивате а немате.
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Кратка хорор приказна

    „Помош, Теси ќе ме изеде“, исплашено извика куќата.
     
    На Captain-Omni, Teodora*, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  19. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    И Теси ја лапна. Немаат сите приказни среќен крај.:worried:
     
    На Teodora* и tessie им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.984
    Допаѓања:
    164.448
    Она ниво на душевна болка кога се каеш за поминатите денови во тензија и непријатности, а личноста ти значела толку многу...
    Ми се чини си го држам срцево во раката и гледам како тивко ми умира од болка и љубов истовремено.

    Ако продолжам со ова темпо на расположенија и емоции постои висок ризик дека ќе развијам депресија.
    Распослани ми се чувствата како снег на Килиманџаро.
     
    На Candid му/ѝ се допаѓа ова.