Сдк добар дел од младината ни остаре пред време. Ги прашувам колку години имате?16,17 во 2 3, 4 саат полу пијани. На тоа младо лице не е потребно тон пудра, сенки, јаки кармини, римел, вештачките трепки, високите штикли на кои добар дел изгледаат смешни... Минич и длабоко деколте, полу разголени, слика на нешто јаче. А има само (16)Сега и никад више... Не излегувам често во 4 наутро, мојот ноќен живот завршува порано,но чекајќи да ја соберам внуката на мм полу пијана, нормално да не ја кара мама, која во моментот во бог знае кој сон е. Имав доволно време да фрлам поглед на девојчињата...
Долго време се немав логирано на форумот, иако ја читав фемина скоро секој ден. СДК дека ми фалевте сите... и од утре дефинитивно сум повторно активен член
Спојлер Најмногу ми пречат дискриминациите.Не е важно дали е дете со пречки во развојот, или пак има поинаква боја на кожата.Овде е се‘ поинаку во нашата држава, за жал.Ама тоа доволно кажува за нив и за тоа какви бедни личности се. Колку само земаат замав мобилните телефони.Се изгуби полека, но сигурно и желбата за разговор меѓу луѓето * * Однадвор силна девојка, но одвнатре се кршам. Патем, си ѕидам штит околу себе за секој случај зашто некои знаат душата да ти ја изгорат. А така е и подобро. Можеби...
денес на факс отидов со такси 40 минути порано .. и видов девојка која секогаш ја гледам каде сама седи на предавање кога имаме споен час, беше вознемирена чекаше некој во ходник од студенски прашања девојчето беше бушаво во косата ,ниско, носеше џемпер каде што беа крпени разни марамчиња во повеќе бои ,хеланки и патики наместо ташна имаше торбе мало плетено од најлон. Многу пати имам заприметено дека ме гледа и ја наведнува главата па така беше и денес . Седејки јас сама го пратам девојчето со поглед чека некој почна и да плаче... после 10 мин дојде жена ( облечена во сукна и наметка и балетанки) изгледа и беше мајкаи го донесе индексот од девојчето, девојчето ја гушна и застана на редот, беше 3 или 4 по ред но дојде една тајфа од типчиња и застанаа пред неа ... девојчето ќути а мајката излезе, после дојдоа едни теткици на факс со 100 кила пудра и минич и тие пред неа застанаа девојчето си стои си ќути сите си завршуваат работа ,таа уште чека... Мене љуѓе ми се скурчи, станав се пикнав таму и на таа со пудрата и викам мацо добра си ? И таа мене ми викаш ... јас да бе ... и она супер ... и јас абе мацо се брзаш нешо или ? и таа не не зошто и јас и викам добро не гледаш дека пред тебе има каде се пикаш ти, мислиш ако си вака облечена секаде си со привилегии... и таа а која си ти да коментираш, девојчево нема уста да ми каже, нејзе ако не и смета што се мешаш ти ... и јас абе она има уста но ти изгледа немаш мозок да мислиш, го тргав девојчето и и викам ајде заврши работа ... после 2-3 минути излегуваме и мајкаи ми вика добро е што постојат добри луѓе како тебе ако не цел ден ќе чекавме .. и јас абе како така, тука сите сме исти ... како смеат така да прават како што ќе му дивне во умот и си седнав девојчето замина па се врати и седна наспроти мене ... ми вика многу убава насмевка имаш ти девојче, секогаш на англиски те гледам и многу убави марами носиш како оваа сега на тебе што ја имаш ... јас се насмеав и и викам фала ... и почна да ме фаќа трема пред поправен колоквиум и се исклучив ...девојчето ме гледа, ме гледа во вратот ... и јас се насмеав и и викам ти се бендисува ? и таа мхм само тоа рече, јас ја извадив и и ја подарив карираната марама од aliexspres што ја порачав.... Душа бе душа прво рече не,не страмота е ... и јас и викам создравје да си ја носиш твоја е и ја погалив по косата ... и и викам се гледаме среда на англиски сега одам имам поправен и тргнав ... и таа гласно рече ти благодатам многу, со среќа ... Е тогаш нешто како да летна од мене , цела кожа ми се наежи , косава некако како да ми се крена ... ми дојде она убаво чувство што ретко го чувствувам и што незнам како да го опишам ... среќна сум кога си правам другите среќни ...
Одамна не сум го отворила форумов. Подновен бил. Ми се допаѓа на прв поглед, иако не сум го прегледала убаво. Гледам има нови можности, нови членови, нови теми. Некако ми изгледа посредено. Прочитав неколку мислења и сфатив дека ми недостигале некои членки, т.е. нивните постови. Добро е одвреме навреме да се прочита некое убаво размислување. Ве поздравувам, и се надевам наскоро ќе повторно ќе ве следам.
Го знаете тоа чувство кога верувате на некого и дознавате дека ве лажел и правел будала од вас... ''Срцето ми се кине '' е премало опишување на тоа што го чувствувам во моментот. Срцево ќе ми излезе од гради, се задушувам во сопствените солзи. Единствено што сакам во моментот е да избегам некаде далеку, да плачам и врескам. И да, пак сум јас таа виновната што беше доволно глупа да поверува на некого, по стоти пат !!
Само да им кажам на партиските глувчиња што доаѓаат по форуми да млатат празна слама дека се толку одвратни и иритантни што се надевам еден ден ќе го добијат она што го заслужуваат, т.е. хроничен запек, преплет на црева и пропратно доооолго тонење во мизеријата македонска, полтрони просечно интелигентни.
Devojki , ako zboruvate loso za drugite toa ne ve pravi vas podobra licnost. Prestanete da se obiduvate da bidite podobri od nekoj drug zosto sekoj e poseben na svoj nacin. Prestanete da go pravite tao sto go pravat drugite, da zboruvate kako sto sakaat drugite i da se sporeduvate. Najvazno e da bidete podobri od licnosta koja ste bile vcera ... tolku e ednostavno!
"Не се согласуваме затоа што Твојот живот не го живееш така како што Јас сакам!" И не е таа виновна што јас секогаш кога ќе видев дека не се согласува со моја одлука се откажував само за да не ја повредам. Се научи на тоа дека ми е слаба точка се што направила за мене, па знаеше дека ќе се откажам од било што само за да биде таа задоволна. Кога ќе почнев да се бунам тоа беше хаос, па пак по старо за да се смират страстите, ќе си се повлечев јас. И сега сум толку несреќна, што буквално се утепувам од плачење со денови. Ја седнав со арно и пак објаснувај, објаснивај и џабе. И повторно - Ако го направиш тоа ќе се срамам од тебе и не сакам да те видам! И ќе го прифатев ова да беше за дечко, за другарка ама за иднина не можам да го прифатам. Затоа што ова е мој живот, јас треба да го живеам, а сите добри или лоши одлуки се мои исто и последиците. И така, вечерва завршува со жалопојките на Каролина и чаша топло какао со цимет. Барем тоа е убаво.
I'm so happy! Се искачувам повисоко, дај Боже кај сите! Конечно нешто да се исполнува од она што си замислував И се ќе се среди и ќе си дојди на место И се надевам дека ќе почнат постарите повеќе да ме почитуваат, сепак ако сум помала не значи дека треба да се понашаат. А и се изненадив колку некултурен народ има... Но за тоа друг пат, да си се радувам вечерва на успехот На младите останува иднината
Кога другарка ми пробува да ме извади од регресија. Фазава ми е: амеба во пиџами што гледа серии 24/7 и пие чај и чај и чај и чај...
Carrie: Let's be honest. Sometimes there is nothing harder in life than being happy for somebody else...
Колку можат да ти го разубават и квалитетно да ти го исполнат денот мудри и интелигентни личности, а во исто време толку скромни, одмерени, позитивни. Подвижни енциклопедии од кои толку можеш да научиш, а пред се` и над се` - луѓе со големо срце и смисла за хумор со која ќе ти рашират насмевка на лицето, луѓе коишто никого не гледаат од високо и со ароганција поради сопствените квалитети и знаат да се радуваат и на туѓ успех. И шлагот на сето тоа е благата скромна насмевка која следи како реакција и на мал комплимент од срце... како да не ги сакаш и да не ти иде да ги гушнеш? Не за џабе се вели, скромноста е сјајот кој ги краси сите човечки квалитети...
Ќе го поштуваш, ќе го цениш и после ќе чуеш отишол на ЕСКАЛИБУР или на СИЛВА метод. Е*ати луѓето... Читајте ја Тајна и фурајте во животот... така е тоа, хрк-пљук. А суштината ни е иста... СИТЕ ИМАМЕ МАЈКА И ТАТКО дури и кога ги немаме. Семејство - нуклеусот на нашето постоење, дури и кога вашите родители не се покрај вас, дури и да не се живи, дури и да не сте ги запознале, тоа е вашата суштина и болна вистина! Точка! Ако од таму не појдете, џабе ви е се. Превртете се главеечки ако сакате, тоа е што е. Таму или ќе ве оштетат или ќе ве облагородат, не ви е Цацко крив. И да, тајната е друга... и многу, многу едноставна, а животот може да стане како супермаркет за желби. Не значи дека се ќе можете да си купите, се зависи колку ви носи душата и главата, нема ништо бесплатно. Така што родители, освен што пазите што ќе им ставите во уста на децата и ќе одлучите да не ги вакцинирате, малце размислете со какви емоции и средина ги храните. Вашиот распуштен и нон шалантен поглед и живот ќе ве акне од нос по 18 години.
Временцево убаво, само за уживкање. Добро.. ладничко си е не викам не.. ама пак е убаво. А јас со дупнат заб.. и еве.. се спремам за на забар. Душава ми знае колку ми е страв само.. ако преживеам ќе ви раскажувам.
Радост е кога докторот ке ти го каже полот на бебето,а очите на саканиот истовремено се му полнат со солзи.
И ете слободна недела, а јас на работа. И ете... го него излегува од зградата до мојата. Па-пау! Конфети ми пукнаа во главава. Што навака? Абе сега тука работам... ја леба ти? За пауза за топли оброк, елај ми, ок? Нема ништо повесело кога во ладен ден чекаш лифт, се отвара вратата од лифтот и прво излегуваат МНОГУ, ама МНОГУ балони и мало насмеано детенце после нив со дедо му за раче. Душа да ти згрее и насмее до солзи. Да, животот боли. Особено годинава, кој знае како ќе биде до година, ама барем овој месец и пол кој остана да си го направам фантастичен и да ловам соништа. Мајко моја те љубам, а бога ми и татко. Душата ми се смее кога вие се смеете.
Блазе на оние коишто можат комотно да веруваат во вистини коишто ним им одговараат. Ние ќе си ја чукаме главата до прекутре.
Убаво било од време на време човек да остане сам со себе, да си направи муабет, да се подразмисли па и да се искритикува а вас, што полека но сигурно ве тргнав настрана, немав време не е реченица што ќе ве врати назад во мојот живот.